08.11.2012, 15:38 (ФОТО) Отворена реконтруираната „Козле“
ФОТО: Киро Попов
Втората делница на улицата „Козле“, на потегот меѓу раскрсниците со улиците „Јуриј Гагарин“ и „Нерешка“ од денеска и официјално е пуштена за сообраќај. Секундарната фаза од проектот значеше асфалтирање на 850 метри коловоз и поставување нова атмосферска канализација во должина од 275 метри.
Градските власти, велат, обновата на улицата била изведена во соработка со локалните жители, кои биле и иницијатори за реконтруктивните зафати.
„Од двете страни на обновениот коловоз се изградени тротоари со променлива ширина од 1 до 1,5 метри покриени со бехатон-пло��ки. На обнова на овој дел од коловозот на улицата работеа екипите на градежната фирма ’Пелагонија – Гостивар’“, рече градоначалникот Коце Трајановски на вчерашното отворање на делницата, дополнувајќи дека Градот издвоил за зафатот 21,5 милиони денари. (Б.Ш.)
|