08.11.2012, 09:28 Најмалку 48 луѓе загинаа во силниот земјотрес во Гватемала
Најмалку 48 лица загинаа, а стотина се повредени во вчерашниот силен земјотрес што ја погоди Гватемала, соопштија локалните власти.
При потресот со интензитет од 7,4 степени според Рихтер разурнати се 131 куќа, а прекин на електричната енергија имале 73.000 семејства.
Најпогоден реон е департментот Сан Маркос, кој се наоѓа на тихоокеанското крајбрежје на малата централноамериканска држава, на околу 250 километри западно од главниот град.
Според најновите податоци на Геофизичкиот институт на САД, епицентарот на потресот се наоѓал на околу 24 километри југозападно од крајбрежниот град Чамперико, во близина на границата со Мексико, а жариштето било на длабочина од 41 километар.
Силниот земјотрес предизвикал паника и во соседните Салвадор и Мексико. |