08.11.2012, 09:11 Четворица Тибеќани се самозапалија
Четворица Тибеќани се самозапалиле во последните 24 часа во знак на протест против кинеското управување со оваа хималајска област, пренесоа американските медиуми, повикувајќи се група тибетќански активисти, чие седиште е во Лондон.
Медиумите забележуваат дека ова се случи во предвечерието на 18.Конгрес на владеачката Комунистичка партија на Кина, што денеска почна во Пекинг.
Групата „Слободен Тибет“, со седиште во Лондон, соопшти дека тројца тибеќански монаси, на возраст од 15 и на 16 години, се самозапалиле вчера попладне пред полициска станица во југозападната кинеска провинција Сечуан. Четвртата жртва, 23-годишна жена се самозапалила во соседната западна провинција Цинхај.
Ова е најголемиот број самозапалувања на Тибетќани во Кина во еден ден, забележа „Слободен Тибет“.
Неколку десетици етнички Тибеќани се самозапалија од март минатата година. |