09.11.2012, 09:13 Србија донесе закон за амнестија
Србија донесе закон за амнестија, што ќе засегне околу 3.600 затвореници, а меѓу нив и некои осудени за убиство и за други сериозни кривични дела, чии казни ќе бидат намалени или целосно ќе бидат ослободени.
Според законот, над 1.000 лица, осудени на помалку од три месеци затвор и оние кои одлежале повеќе од половина од своите казни до 6 месеци ќе бидат ослободени идната недела.
Некои затвореници, осудени за посериозни кривични дела, како убиства и вооружени грабежи, исто така, може да бидат ослободени во најскоро време заради 10-процентно намалување на нивните казни.
Амнестијата го вклучува и намалувањето за една четвртина на к��зните на затворениците со над 30 години. Амнестијата, меѓутоа, не ги опфаќа оние затвореници кои се осудени за посериозни кривични дела со казни меѓу 30 и 40 години или кои се осудени за организиран криминал, кривични дела од сексуална природа, корупција, домашно насилство, производство и пуштање во промет на наркотици и други позначајни прекршувања на законот.
Критичарите на амнестијата тврдат дека во законот има нејаснотии и тој според нив го отвора патот кон слободата за опасните криминалци. |