Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
08.11.2012, 18:08

„Телеком“ и „Т-мобиле“ со профит од 30,6 милиони евра во третиот квартал

„Македонски телеком“ и „Т-мобиле“ само во третиот квартал од годинава оствариле нето-профит од 30,6 милиони евра, додека за првите девет месеци од годинава групацијата прикажува добивка од близу 59,3 милиони евра.

„Македонски телеком“ и „Т-мобиле“ ја задржале водечката позиција на пазарот и во третиот квартал од годинава, покажуваат консолидираните финансиски резултати на компаниите. Во овој период тие бележат пораст на ИПТВ-корисници и зголемен број на ДСЛ-корисници. Приходите од интернет и дигитална телевизија преку интернет-протоколот (ИПТВ) се зголемени за 3 отсто во споредба со третиот квартал од минатата година. Фокусот на дабл и трипл плеј-пакетите резултирал со зголемен број ДСЛ-корисници за 6,1 проценти, со што до крајот на септември годинава имале 167 илјади корисници. Забележителен е и пораст на ИПТВ-корисниците, со тоа што на крајот на септември имале 58 илјади, што е зголемување за 63,9 проценти во споредба со септември минатата година.

„Нето-добивката за третиот квартал од годинава на ниво на групација е зголемена за 21,9 проценти во споредба со минатата година, како резултат на зголемените останати оперативни приходи и расходи поради трансакцијата за купопродажба на недвижности со размена, што резултирало со нето-добивка од 1,88 милијарди денари за кварталот (или 30,6 милиони евра) и нето-добивка од 3,65 милијарди денари за првите девет месеци од 2012 година (или 59,3 милиони евра)“, соопштуваат од компанијата. Приходите од говорните услуги во фиксниот сегмент се намалени за 7,6 проценти во споредба со истиот квартал лани, но со 294 илјади корисници, како што информира „Македонски телеком“, се' уште ја имаат водечката позиција. Намалување на приходите е забележано и кај мобилната телефонија, но и тука со 1.227 илјади корисници „Т-мобиле“ останува лидер на пазарот.

„Голем успех е да останеш лидер на пазарот во висококонкурентна средина, со постојан пад на цените, а да го задржиш квалитетот на услугата, а нашиот план е токму тоа“, изјави Даниел Сас, главен извршен директор на „Македонски телеком“ и претседател на Одборот на директори на „Т-мобиле“. Жарко Луковски, главен извршен директор на „Т-мобиле“, продолжува со фокусот за развој на мобилниот интернет и проширување на портфолиото на паметни телефони, како и нови бизнис-платформи. (Ек.Р.)


Статијата е прочитана 607 пати.

Испрати коментар



Иринеј - Нема разговори со МПЦ додека Вранишковски не биде ослободен
Конфискуваниот имот на јавно наддавање
Николиќ - Србија е подготвена да посредува меѓу Грција и Македонија
Ревитализација на железничките делници Табановце-Куманово и Миравци-Смоквица
Шефот на ЦИА поднесе оставка поради љубовна афера
Едвард Џозеф - Обама ќе задржи континуитет кон Македонија
Папуљас го скрши молкот за одговорот на Меморандумот
Германија го скрои буџетот со нови долгови
Се опремува фабриката што ќе произведува за „Мерцедес“
Пар-непар во Њујорк
И папата ќе се обраќа онлајн
Црвенковски се сретна со Месиќ
Николиќ се понуди да ги смирува Скопје и Атина
СДСМ - Трајановски ја злоупотребува функцијата
Реконструкција на гостиварското двојно убиство
Одржливо управување со ресурсите за поблаги климатски промени
Првиот апликант за советник во здравството со IQ 156
Одржливо управување со ресурсите за поблаги климатски промени
Навредата и клеветата декриминализирани
Од 1 јануари либерализација на транспортот меѓу Македонија и БиХ
Македонија има институционален капацитет за преговори со ЕУ
Македонија интензивно се подготвува за „Јужен тек“
Поминаа измените на Изборниот законик
Кенијка роди близнаци - Барак Обама и Мит Ромни
Софија и Атина да не ги попречуваат интересите на ЕУ и Македонија
Конференција за влијанието на климатските промени во земјоделството
ОПЕК ја намали прогнозата за светската побарувачка на нафта
Масовни протести во Аргентина против претседателката Кирхнер
Србија донесе закон за амнестија
Силен земјотрес во реонот на Фукушима
Затворен режисерот на антиисламистичкиот филм
Фејсбук ја срамоти бугарската полиција
Една жртва и 19 повредени на концерт на „Линкин парк“
Миреј Балестра е првата жена избрана за претседател на Интерпол
Советник од Кисела Вода шверцувал хероин
Тодоров бара Ајнштајн советници
На листата на 16 најинтелигентни се и тројца балканци
(ФОТО) Отворена реконтруираната „Козле“
Од отровите во ОХИС има спас, треба да се најдат пари
Се укинува мерката за условен увоз на брашно
Ултрадесничарите до Самарас - Имате ли договор со Скопје?
(ФОТО) Европратеникот Ховит го посети основното училиште „Димо Хаџи Димов“
Владата го усвои предлог планот за евроинтеграции
По „Сенди“, ново невреме ги погоди Њујорк и Њу Џерси
Гостиварка добила ќотек од сопругот
Ограничени дискусиите за законот за бранители, Села ќе го пали Собранието
Бискупот од Дарам е новиот надбискуп на англиканската црква
Проширувањето на ЕУ нема да запре
Новата вакцина против ХИВ ја мина првата фаза
Продолжува собраниската расправа за Изборниот законик
Оли Рен - Грчкиот долг е неодржлив
Груевски - Се определивме за длабоки, фундаментални реформи
Индексите паднаа, а нафтата поевтини по реизборот на Обама
Меркел ја предупреди Британија да не излегува од ЕУ
Најмалку 48 луѓе загинаа во силниот земјотрес во Гватемала
Словенија нема пари за старите штедачи на „Љубљанска банка“
Четворица Тибеќани се самозапалија
Изгласан новиот пакет мерки за Грција
Расправата за бранителите пред ограничување
(ВИДЕО) Скопје 2014 во новиот спот на Macedonia Timeless
Стипе Месиќ почесен граѓанин на Тетово
Една компанија подигнала документација за ОХИС
Обвинителството чека потврда од Босна за нова истрага
Пресечен канал за шверцување мигранти од Азија и Африка
ОН и Брисел охрабрени од одговорот на меморандумот
Нови правила за барателите на азил
Од декемврискиот самит на ЕУ ќе зависи развојот на земјата
Западен Балкан во рецесија
Иванов се дружеше со граѓаните
Македонските земјоделски производи имаат одличен квалитет
Проект на УСАИД за експанзија на мали бизниси
Стартуваат евтините кредити за компаниите
Српската полиција го уапси „газда Нини“
Средба на министерот Попоски со Свилановиќ
Кумановец ја претепал сопругата и ја затворил во багажник
Ховит - Преговорите со ЕУ треба да почнат
Комисијата за економски прашања во грчкиот Парламент ги одобри мерките за штедење
Политички Берлин дипломатски воздржан по посетата на Арифи
Кенедиeви се вратија во Конгресот
Честитка од Иванов до Обама по повод реизборот
Волерс - Продолжуваат силните врски на САД со Македонија
Почнува Агрофуд 2012.
Обама - За САД најдоброто допрва доаѓа
(ФОТО) Американска изборна ноќ во Скопје
Републиканците победија во Претставничкиот дом, демократите го задржаа Сенатот
Ромни ја призна победата на Обама
Втор мандат за Барак Обама
Бојко Борисов со грчка реторика



Operator, 08.11.2012 23:23:17
Ne sum bash upaten vo ovoj biznis, ama gledam salonite im se od poodamna prazni, za razlika od VIP kade e stalno krcato. ONE neshto sramno pokushava, namesto da go barem sledi VIP, ako vece ne prednjachi. Tolku pari dadoa na reklami, namesto da ponudat eftini uslugi t.e. niski ceni. Kineskata roba ne samo da nema reklama, nego ima uizasna antireklama, ama se prodava kako alva. Zoshto? Ednostavno, narodot ima tolku pari. VIP go toa svati i zatoa mu posakuvam uspeh.
Itar Pejo, 09.11.2012 00:10:29
15 evra po zitel. Odkako pretplatnicite gi platile trosocite, vklucuvajci gi i pltite na direktorite, skoj zitel, bebe ili tarec, imal li telefon ili ne, im dal uste po 15 evra.
Dr Koljo, 09.11.2012 08:58:26
Se gleda deka ne si upaten. Salonite na VIP mozebi se polni, no so minimalni ceni i k´arot e minimalen. Kako i sekoja usluga i ovaa mora da se plati. Ne gledam nesto deka se namaluva cenata na strujata, vodata, parnoto, benzinot... Zosto celo vreme ocekuvame cenata na telefonijata da se namali?
boro, 09.11.2012 13:08:14
T-Mobile Makedonija ovaa suma ja dobiva so neprecizirani dogovori napraveni so gradanite na koj im nametnuva i naplatuva surf paketi bez odobruvanje na golem broj od gradanite ,gi manipulira so naplata na tarifi kako toa mu odgovara na T-Mobile koga bi se napravila edna revizija na prilozenite prigovori i celosna anketa na gradanite golem dolg treba da isplati T-Mobile kon nivnite korisnici duri i pogolem od momentalnata dobivka.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 14°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 13°C, Мин: -1°C

Недела
Ведро
Макс: 16°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (48)
Напуштена и гладна. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Настани
Фестивалот носи иновативни идеи
Искра Шукарова, програмска директорка на фестивалот за современ танц „Локомоушн“...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |