Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
08.11.2012, 17:44

Измерете си интелигенција и конкурирајте за ��оветник

Необичен оглас осамна: само лица со коефициент на интелигенција 140 се пожелни за министерски советници

Јасмина Јовановска-Вељановска


Министерот за здравство Никола Тодоров вчера објави необичен оглас преку кој бара нови советници, кои ќе работат на сложени анализи во здравството. Прв од четирите услови кои треба да ги исполнат кандидатите е да имаат коефициент на интелигенција (IQ) 140, што ќе го докажат со диплома од МЕНСА. Лицата со ваков IQ, според меѓународните стандарди, се смета дека имаат посебна интелигентна дарба или се натпросечно интелигентни луѓе. Кандидатите може да бидат економисти, лекари, социолози, па дури и новинари со најмал просек на успех 8. Треба да имаат диплома од Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" и да познаваат барем два странски јазици.

„Идејата е натпросечно интелигентните лица во земјава да ги ставам во функција на државата. А со нив сметам дека ќе донесам поквалитетна одлука, или пак ќе го увидам решението кое го имам на маса, но можеби не го гледам. Посебно што за ултраинтелигентните лица се знае дека на ист проблем секогаш гледаат од различен аспект. Тие ќе даваат предлози, а јас на крај ќе го дадам конечниот збор“, одговори за „Утрински весник“, министерот Тодоров на прашањето зошто се одлучил на уникатен критериум за барање нови советници, каков што досега немало во ниту еден оглас објавен од државните институции.

Го прашавме и кое ќе биде првото прашање на кое ќе работи комитетот, но министерот не знаеше, и рече дека може и од нив ќе произлезе некоја иницијатива за некој проблем.

„Не сакам да правам негативна селекција на кандидатите, како порано, кога на работа се примале луѓе кои се под ниво на директорот или министерот за да може да ги контролира. Не се срамам советниците, посебно овие од комитетите, да бидат над моето интелигентно ниво ако со нивните ставови се донесе подобра мерка за некој проблем“, вели Тодоров и додава дека и сега во неговиот кабинет има неколку советници со висок коефициент на интелигенција. Министерот не откри кои се тие советници и колкав е нивниот интелигентен статус.

Ова е втор оглас во рок од десетина дена со кој министерот бара надворешни советници кои ќе работат на подобро здравство. Прво се бараа кандидати за комитет за развој на здравството, а сега советници за здравствени анализи.

И овој комитет, како и првиот ќе брои од седум до десет лица и тие нема да бидат вработени, туку ќе бидат месечно ангажирани, вели министерот, но не откри од кои извори на средства ќе бидат плаќани овие советници. „Тие ќе се повикуваат по потреба еднаш до двапати месечно. И вкупниот буџет за еден комитет ќе изнесува од 30 до 35.000 денари“, вели Тодоров.

Министерот смета дека ќе има интерес, без оглед што се во прашање натпросечно интелигентни лица кои треба да работат за хонорар од 50 евра. „Еве на конкурсот за комитетот за развој на здравството, кој заврши вчера, се пријавија околу 50 кандидати. А меѓу нив има од разни профили дури и економист кој познава дури четири јазици“, коментира Тодоров.

Според сознанијата на Министерството за здравство и контактите со МЕНСА -Македонија, во земјава се проценува дека има околу стотина лица со IQ 140.

 

Mеѓу 16 најинтелигентни во светот и тројца Балканци

На листата на 16 најинтелигентни луѓе во светот, според Светскиот директориум за гении, кој го креирал

д-р Џејсон Бетс, се наоѓаат и двајца Хрвати и еден Босанец.

Двајцата Хрвати го заземаат третото и 16. место. Трет по интелигенција е 42- годишниот Мислав Предавец со IQ 192, кој моментално е професор по математика во Загреб. Со IQ 169 е Иван Ивец, член е на МЕНСА во Хрватска и предава напредна математика. Босанецот Ведран Глишиќ има IQ 175 и вели дека сака експериментална музика, математика и шах.

Со најголем коефициент на интелегенција и тоа 198 е 36-годишниот Грк Евангелос Кациулис, кој има IQ 198. Работел како психијатар, а има диплома од филозофија, медицинска истражувачка технологија и психофармакологија. Со него во постојан натпревар е Американецот Рик Роснер со IQ 192, кој е на второ место на листата на најителигентните. Тој вели дека понекогаш е буден и 20 часа за да доврши тест за интелигенција додека се натпреварува со својот грчки ривал.

 


Статијата е прочитана 5244 пати.

Испрати коментар



Патот на едно писмо од Битола
Глупост или неопходност
Интервју - Долговите меѓу фирмите се поопасни од долгот на државата



neintelegenten, 09.11.2012 00:21:39
Kolku mu e IQ na ministerot ? ako moze da dostavi i sertifikat....
IQ, 09.11.2012 01:12:27
Ideata na gospodinot minister mozebi i ne e losa. Megutoa neminovno e i toj samiot da se podvrgne na test na inteligencija. Dokolku se pokaze deka ima IQ pogolem od 140 sosema e opravdano da gi komanda mladite genijalci. No dokolku se pokaze deka e poglup od niv ( pr. IQ 95 ili nedajboze IQ63 ) najverojatno ke mora da si podnese ostavka ili mladite Anstajncinja da gi podvrgne na perenje mozak. Pa otkako ce im gi ispere mozocinjata na IQ68 ke blesne negoviot najnov biser. Abe ministre poln si biseri, dali te nagraduva tvojot sef so istive ili sami ti doagaat od priridna intelegencija ??? Golem Pozdrav
stavre, 09.11.2012 03:12:27
a to za grkot pak tie imaat podkupeno nekade. A deka se inteligentni se, ti po 5-6 pati vo istorija od stotina godini da bankrotiras i pak da ti davaat pari to e navistina MENSA - SEKOJA CEST
Ljubotan Trade Name, 09.11.2012 03:34:16
Od kogaj Grcia ne e Balkan?
Alter, 09.11.2012 04:30:29
Todorche dushicke, tebe kolkavo ti e IQ-to? Sto pravime so poveketo od tvoite drugarchinja funkcioneri od DPMNE, onie od DUI da ne gi spomnuvam, na tie brojot na patiki sekogas ke im bide pogilem od IQ-to? Pa site zedno vo DPMNE nemaat 140. Baska, mu objasnil li na Todorhe nekoj deka ima razlicni tipovi na Intelegencija?
jordan, 09.11.2012 07:53:40
Da ne e jadno i tazno, ke bese mnogu smesno. e ovoj covek se grizi za naseto zdravstvo. epa talku i ke go imame.narode makedonski razbudi se
makedonka, 09.11.2012 08:52:45
Znaci spored oglasot samo genijalcite od UKIM. A ako nekoj diplomiral ili doktoriral na stranski univerziteti rangirani na prvite mesta od megunarodnata rang lista, e toj ne moza, duri i da ima IQ 200
svetlana, 09.11.2012 08:57:25
ministerot mnogu ubavo ima objasneto deka bara sovetnici i so pogolem iq od negoviot i toa gore e mnogu jasno napisano,taka da komentarot od *neintelegentniot ne drzi mesto, a i nikot gledam zosto samiot si go pogodil.pozz do odlukata na ministerot
nekoj od nadvor, 09.11.2012 09:03:01
Ne mozam da poveruvam kolku ignoratni luge postojat vo svetov, luge sto velichat drugi vrz osnova na nekoi si IQ gluposti, a sebe si se ignoriraat. Sekoj e sposoben za se ona sto go posakuva. Sami si ja kreirate sopstvenata realnost, veruvale ili ne. A shto toa vie podrazbirate pod IQ? IQ ne e nikava merka za kreativnost, intuitivnost, kriticizam, ljubopitnost, sposobnost za timska rabota ili pak menagiranje.... IQ meri samo edna strana na inteligencijata poim koj se ushte coveshtvoto se obiduva da go deifnira, ama vo Makedonija veke se e definirano duri i ministerot za zdravstvo go razbra ovoj poim pa kako konsultanti ke vrabotuva takvi. Covek da ne znae dali da plache ili da se smee.
Stojmir, 09.11.2012 09:08:11
Abe ne li vi teknuva, Mk zdravstyvo e na umiranje kako i iljadnicite pacienti koi gi upropasti. E sega treba da se ozivee so genijalci. Ministerot inaku e iskriven vo se sto prevzema. Alal vera.
Miki, 09.11.2012 09:09:32
..ama IQ da go meri strucna komisija! Eve na primer Amdi Bajram i Ilija Dimovski da sostavat test pa koj go pomine odi vo *uzi izbor*!
Gargamel, 09.11.2012 09:13:14
Ako koeficientot na Nikola e pogolem od negovite sovetnici,vo red e,no ako ne e,e togas e problem kako ke gi sogleda i ceni sovetite na nadarenite.Predlagam da ovoj princip na izbor na sovetnici go prifatat i vo vladata,taka da nasiot premier,isto Nikola,ljubam da go vikam Nikolco,pomilo mi zvuci,go prifati principit na merenje na nadarenosta vo sekoj pogled,i maska i zenska,neli imame i ministerki,a dobienite rezultati javno da se objavuvaat,za da nie i svetot znaeme i znae koj so kolkav ili kolkava,kako sto miluvate,raspolaga.Togas ke ni bide i na nas i nadvor jasno za mnogu prasanja,za dobrososedskite odnosi,za natalitetot,za onduvanjeto u zdrav mozok,ako uste ima takva kategorija na gragjani i seljaci vo drzavava i nasite sonarodnici vo stranstvo,a voedno i vo kategorijata stranski investitori,veruvam so bedna nadarenost vo odnos na nasata.Biseri.
Александар, 09.11.2012 09:18:29
Ако станува збор за советник, кој според изјавите треба да биде консултиран 1-2 пати месечно и тоа најмногу 15 пати годишно (зашто толкави се средствата за таа намена) што корист има тој од знаење на 2 странски јазици кога ќе треба да збори само со министерот? Да си повежбаат малку? Како што рекоа експертите постојат повеќе типови интелигенција, МЕНСА мислам дека ги мери само логичките сопособности. (согледувајќи од тоа кои луѓе се најинтелигентни според нив)
www, 09.11.2012 09:38:49
gospodine ministre, ne veruvam deka covek so takva intelegencije ke dojde tebe da ti bide sovetnik. barem tebe ne
zoki, 09.11.2012 10:17:38
Pa koj e toj intelegenten sto za 3000-5000denari mesecno ke gi leci detskite kompleksi na Todorov? Ako ima takov togas e pod somnenie negoviot intelekt.No ajde da vidime koj e toj.
mene, 09.11.2012 10:25:34
Edno e sigurno!Kandidat od DPMNE nema da ima
od ostrijot, 09.11.2012 10:27:04
znaci inteligencijata na minsterot e ispod 80 iQ.
Komunjar, 09.11.2012 11:39:34
Mene mi e simpatichen ovoj minister so svoite idei i potezi i ma kolku zvuchilo na prv pogled ova negovo baranje netaman, apsolutno e na mesto. Pa sovetnik mora da ima visok IQ (a ne partiska knishka), mnogu povisok od chinovnikot, za da moze da ja obavuva taa rabota. Nie momentno imame bezbroj sovetnici, koi pokraj penzijata (a i platata) zemaat dobar honorar, a dva zbora ne mozat da vrzat ili vo dvizenje ne mozat da se svrtat, bidejci tolku im raboti mozokot. Kakov e toj sovetnik? Svoevremeno Ivan Kranberberger veleshe, jas ne mora da znam ni saat da gledam. Pa imam cela tajfa okolu mene, ke mi kazat tie. Vo pravo beshe chovekot, no nema da se vo pravo onie koi ova bukvalno ke go svatat. Tuka nitu Todorov nitu Gruevski nema shto da se napadjaat. A ako barame od premierot i ministrite da bidat najpametni (so najvisok IQ) togaj sovetnici ne se ni potrebni. Mozebi i najdobro!
сузе, 09.11.2012 11:55:34
Под итно да се востанови единица мерка за ГЛУПОСТ и истата да биде задолжителна при вработување на сите функционери и јавни и државни службеници.
александра, 09.11.2012 12:22:05
Уште една од многуте ,,реформи,, на министерот во здравството. Навистина е срамно што некој го толерира ваквото негово министерување. Ги истера бубашвабите, набави пижами за пациентите,она со дефибрилаторите- недвиден циркус, ги ,,испрати,, д-р на специјализација во странство..... Навистина сте медицински феномен, министре.
Вистински патриот, 09.11.2012 13:35:09
Од неписмени и ненадарени во власта Господ да не чува. Има ли некој да го советува и научи министерот (можеби неговиот шеф?!) дека не му чини огласот, зашто постојат 9 вида интелигенција: интраперсонална, интерперсонална, логичка/математичка, просторна, музичка, егзистенцијална, физичка/кинестетска, лингвистичка, природна. Од сите девет Менса тестира само еден тип - логичка/математичка интелигенција. Дали министерот од генијалните советници ќе бара да решаваат логички и математички задачи? На кого му треба уште еден концепт на перење пари пред најавените избори на пролет? Овој оглас е јавно признание на министерот и на премиерот дека се неспособни да ги решат потребите на здравството, зашто од силните ,,капитални инвестиции,, од 500 милиони евра во калустрофобични споменици, фонтани и бетони, не им останаа пари за нашето граѓанско здравје.
demokrat, 09.11.2012 13:58:20
Auu, ministerot kako car da bara. Zosto bi se prijavil nekoj takov? Za ,,bedna,, plata od 700-800€? Covek so IQ 140, univerzitetska diploma, poznavanje na dva svetski jazici ako ne zarabotuva barem 5000€ treba da se frli vo Vardar! Vakvite kadri g. Ministe biraat kade ke rabotata. Najcesto (kolku da znaes) se na vodecki pozicii vo dobrostoeckite privatni firmi, kade zarabotuvackata e golema. Sto im nudis ti? Cinovnicka plata i zdravstveno osiguruvanje?
Slobodan, 09.11.2012 14:16:35
Na toj sto ima IQ povisok od 140 i prifati da raboti za tie pari sto gi nudi Todorov, treba da seriozno da mu se preispita IQ-to.
Љупчо, 09.11.2012 14:21:17
Би било фер сите министри со Премиерот на чело да направат тест за коефициент на интелигенција, а понатаму и сите пратеници, па тогаш може Тодоров да го бара тој услов.
Lekar, 09.11.2012 17:08:15
Pa normalno deka treba da strajkuvame, sega barem site sfatija so kakov si imame rabota!
Kojco, 09.11.2012 17:59:51
Sigurno ministerot Todorov ima IQ koeficient ispod 80, i pak e minister. Todorov podnesi ostavka.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 5°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 14°C, Мин: 1°C

Недела
Ведро
Макс: 15°C, Мин: 3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (4)
Хрушчов го викал Тито социјалистички цар. „Утр��нски весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Правењето перики - доходовен бизнис
За екстензиите сите мислат дека се хит. Така, Англија е на третото место според увозот на човечка коса. Како и зад секој...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |