Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
08.11.2012, 16:04
Тодоров бара Ајнштајн советници



Иако од кандидатите се бара коефициент на интелегенција 140, министерот не знае колкав е неговиот IQ, зашто не го мерел

На подобрување на македонскиот здравствен систем ќе работат и Ајнштајн советници. Министерот за здравство Никола Тодоров денеска објави оглас преку кој бара нови советници, кои ќе работат на сложени анализи во здравството. Прв од четирите услови кои треба да ги исполнат кандидатите е да имаат коефициент на интелегенција (IQ) 140, што ќе го докажат со диплома од МЕНСА. Лицата со ваков IQ, според меѓународните стандарди, се смета дека имаат посебна интелигентна дарба или се натпросечно ин��елигентни луѓе. Кандидатите може да бидат економисти, лекари, социолози, па дури и новинари со најмал просек на успех 8. Треба да имаат диплома од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и да познаваат барем два странски јазици.

„Идејата е натпросечно интелигентните лица во земјава да ги ставам во функција на државата. А со нив сметам дека ќе донесам поквалитетна одлука, или пак ќе го увидам решението кое го имам на маса, но можеби не го гледам. Посебно што за ултраинтелигентните лица се знае дека на ист проблем секогаш гледаат од различен аспект. Тие ќе даваат предлози, а јас на крај ќе го дадам конечниот збор“, одговори за „Утрински весник“, министерот Тодоров на прашањето зошто се одлучил на уникатен критериум за барање нови советници, каков што досега немало во ниту еден оглас објавен од државните институции.

Го прашавме и кое ќе биде првото прашање на кое ќе работи комитетот, но министерот не знаеше, и рече дека може и од нив ќе произлезе некоја иницијатива за некој проблем.

Тодоров не знае колкав коефициент на интелегенција има, зошто досега не се тестирал ниту на обичен тест за интелегенција. Тој не се срами неговите советници да бидат со повисока интелигенција од неговата. „Не сакам да правам негативна селекција на кандидатите, како порано, кога на работа се примале луѓе кои се под ниво на директорот или министерот за да може да ги контролира. Не се срамам советниците посебно овие од комитетите да бидат над моето интелигентно ниво, ако со нивните ставови се донесе подобра мерка за некој проблем“, вели Тодоров и додава дека и сега во неговиот кабинет има неколку советници со висок коефициент на интелегенција. Министерот не откри кои се тие советници и колкав е нивниот интелигентен статус. (Ј.Ј.В.)



Статијата е прочитана 3125 пати.

Испрати коментар



Четворица загинати на рели-трка во Чешка
Триесет милиони евра ќе се инвестираат на Попова Шапка
Пронајдено мртво 17-годишно момче кај стара железничка
Започна реконструкцијата на пругата од Коридорот 10
Досега тројца генијалци се пријавиле за советници на Тодоров
Груевски - Изборниот закон е усогласен со ОБСЕ, СДСМ бара алиби за поразот
Иринеј - Нема разговори со МПЦ додека Вранишковски не биде ослободен
Конфискуваниот имот на јавно наддавање
Николиќ - Србија е подготвена да посредува меѓу Грција и Македонија
Ревитализација на железничките делници Табановце-Куманово и Миравци-Смоквица
Шефот на ЦИА поднесе оставка поради љубовна афера
Едвард Џозеф - Обама ќе задржи континуитет кон Македонија
Папуљас го скрши молкот за одговорот на Меморандумот
Германија го скрои буџетот со нови долгови
Се опремува фабриката што ќе произведува за „Мерцедес“
Пар-непар во Њујорк
И папата ќе се обраќа онлајн
Црвенковски се сретна со Месиќ
Николиќ се понуди да ги смирува Скопје и Атина
СДСМ - Трајановски ја злоупотребува функцијата
Реконструкција на гостиварското двојно убиство
Одржливо управување со ресурсите за поблаги климатски промени
Првиот апликант за советник во здравството со IQ 156
Одржливо управување со ресурсите за поблаги климатски промени
Навредата и клеветата декриминализирани
Од 1 јануари либерализација на транспортот меѓу Македонија и БиХ
Македонија има институционален капацитет за преговори со ЕУ
Македонија интензивно се подготвува за „Јужен тек“
Поминаа измените на Изборниот законик
Кенијка роди близнаци - Барак Обама и Мит Ромни
Софија и Атина да не ги попречуваат интересите на ЕУ и Македонија
Конференција за влијанието на климатските промени во земјоделството
ОПЕК ја намали прогнозата за светската побарувачка на нафта
Масовни протести во Аргентина против претседателката Кирхнер
Србија донесе закон за амнестија
Силен земјотрес во реонот на Фукушима
„Телеком“ и „Т-мобиле“ со профит од 30,6 милиони евра во третиот квартал
Затворен режисерот на антиисламистичкиот филм
Фејсбук ја срамоти бугарската полиција
Една жртва и 19 повредени на концерт на „Линкин парк“
Миреј Балестра е првата жена избрана за претседател на Интерпол
Советник од Кисела Вода шверцувал хероин
На листата на 16 најинтелигентни се и тројца балканци
(ФОТО) Отворена реконтруираната „Козле“
Од отровите во ОХИС има спас, треба да се најдат пари
Се укинува мерката за условен увоз на брашно
Ултрадесничарите до Самарас - Имате ли договор со Скопје?
(ФОТО) Европратеникот Ховит го посети основното училиште „Димо Хаџи Димов“
Владата го усвои предлог планот за евроинтеграции
По „Сенди“, ново невреме ги погоди Њујорк и Њу Џерси
Гостиварка добила ќотек од сопругот
Ограничени дискусиите за законот за бранители, Села ќе го пали Собранието
Бискупот од Дарам е новиот надбискуп на англиканската црква
Проширувањето на ЕУ нема да запре
Новата вакцина против ХИВ ја мина првата фаза
Продолжува собраниската распра��а за Изборниот законик
Оли Рен - Грчкиот долг е неодржлив
Груевски - Се определивме за длабоки, фундаментални реформи
Индексите паднаа, а нафтата поевтини по реизборот на Обама
Меркел ја предупреди Британија да не излегува од ЕУ
Најмалку 48 луѓе загинаа во силниот земјотрес во Гватемала
Словенија нема пари за старите штедачи на „Љубљанска банка“
Четворица Тибеќани се самозапалија
Изгласан новиот пакет мерки за Грција
Расправата за бранителите пред ограничување
(ВИДЕО) Скопје 2014 во новиот спот на Macedonia Timeless
Стипе Месиќ почесен граѓанин на Тетово
Една компанија подигнала документација за ОХИС
Обвинителството чека потврда од Босна за нова истрага
Пресечен канал за шверцување мигранти од Азија и Африка
ОН и Брисел охрабрени од одговорот на меморандумот
Нови правила за барателите на азил
Од декемврискиот самит на ЕУ ќе зависи развојот на земјата
Западен Балкан во рецесија
Иванов се дружеше со граѓаните
Македонските земјоделски производи имаат одличен квалитет
Проект на УСАИД за експанзија на мали бизниси
Стартуваат евтините кредити за компаниите
Српската полиција го уапси „газда Нини“
Средба на министерот Попоски со Свилановиќ
Кумановец ја претепал сопругата и ја затворил во багажник
Ховит - Преговорите со ЕУ треба да почнат
Комисијата за економски прашања во грчкиот Парламент ги одобри мерките за штедење
Политички Берлин дипломатски воздржан по посетата на Арифи
Кенедиeви се вратија во Конгресот
Честитка од Иванов до Обама по повод реизборот
Волерс - Продолжуваат силните врски на САД со Македонија
Почнува Агрофуд 2012.
Обама - За САД најдоброто допрва доаѓа
(ФОТО) Американска изборна ноќ во Скопје
Републиканците победија во Претставничкиот дом, демократите го задржаа Сенатот
Ромни ја призна победата на Обама
Втор мандат за Барак Обама
Бојко Борисов со грчка реторика



Buntovnik, 08.11.2012 16:39:15
Ajde luge daj te mu borince.
koki, 08.11.2012 17:08:58
Нема да ги најде, од проста причина што неговите од ДПМНЕ немаат повисока од IQ 90...
Кристина, 08.11.2012 17:09:10
Иако се претпоставува и се очекува дека како екс министер за образование и наука, потребно е да знае дека признати и лиценцирани во Република Македонија се повеќе високо-образовни институции а не единствено Универзитетот Свети Кирил и Методиј, и дека објавување на оглас каде како услов се наведува поседување на диплома единствено од Универзитетот Свети Кирил и Методиј се смета за крајно дискриминаторски, со овој потег, се докажува непознавањето на Министерот - и службите на неговото министерство. Со ова би сакала да напоменам дека сметам дека ваквата објава претставува непочитување на член 7 од Законот за работните односи.
Stojko, 08.11.2012 19:10:59
Не ми се верува дека нема коментари! Најмалку две работи не одат една со друга. IQ најмалку 140 (што е релативна работа) и просек над 8. Па треба просек барем 9,5! А зошто министер не си го мерел IQ-то/ Не е мерливо?
od ostrijot, 08.11.2012 19:17:07
so ajnstajn sovetnici todorov nemoze da drzi cekor nemu mu trebat sovetnici koji znajat dase falat i lazat.
Mark, 08.11.2012 19:21:53
Covecevo ima neko blizok da go pouci sto da kaze a da ne deluva komicno?
A kolkav e negoviot IQ?, 08.11.2012 20:11:50
A zosto ne objavi ministerot Todorov kolkav e negoviot IQ ?
nekoj, 08.11.2012 20:35:43
Da se mereshe sposobnosta so IQ site pametni ke bea uspeshni. Ha ha ha ha
Aleluja, 08.11.2012 20:55:55
Ete, konecno i mene nekoj da me pobara na oglas!
Andrej, 08.11.2012 21:16:23
Секоја чест за out-of-the-box пристапот на министерот. 1. Ова работа, т.е. вакви think thank-ови се вообичаена работа во сите развиени земји - веќе успешната и реализирана елита работи на креирање на стратегии и политики. 2. Еден од критериумите е токму она што е најаполитично во целата работа, IQ 140 - никој не може да му замери дека бира сопартијци. Е сега, малку конструктивна критика. 3. Критериумот е непотребно висок, доволен е минимумот најпаметни 1% од луѓето на земјата - IQ 135’ и не мора да биде ‘марката’ МЕНСА, постојат и други слични асоцијации кои тоа го потврдуваат и сертифицираат. 4. Од аспект на можна дискриминација, само економисти, лекари, социолози и новинари е непотребно и непрагматично ограничување. Професии како правници, инженери, математ/физичари и уметници честопати нудат и поинтелегентни кадри од првоспоменатите и можат да понуда далеку ’посвежи’ и нековенционални гледишта. Во секој случај, одличен обид со гарантиран успех ако се реализира искрено.
ФЕЛИКС, 08.11.2012 21:58:54
Да се најдат некои со IQ okolu 140 е мака во која не помага ни Диоген со својот фенер да ги пронајде таквите.А пак од друга страна од каде пак мерило до 140 IQ,neka bide do 100 па да не одскакаат од средината.Оти тука по правило секое одскакање води кон неразбирливост,а тоа се сведува пак на подсмев на околината со она,,абе видиго се прави многу паметен,,По мене треба да се примени математиката на опозицијата,што подолу тоа подобро.Па така IQ нека се сведе на 50-60 IQ,ем разбирливо ем прифатливо. Затоа мој совет е да министерот ја батали оваа јалова работа околу интелектот и нека пронајде советници кој ќе ги прима секидневно да ги ислуша,а дали ќе ги послуша е веќе големо знак на прашање.Оти менталитетот на оние кој се во власта некогаш и сега е парафразирано ,,батали интелект,слушај што ти кажувам,,
riki, 08.11.2012 22:01:50
takvi sto bara si otiodoa vo stranstvo
od mene od daleku, 08.11.2012 22:14:14
Oglasot pred se e krajno senzacionalisticki, pokraj toa sto e diskriminatorski po odnos na dva od uslovite, kandidatite da imaat IQ 140 i da poseduvaat diploma isklucivo od Univerzitetot Sv Kiril i Metodij ???!!!
M, 08.11.2012 22:30:15
140 IQ по партиски критериуми би бил еквивалентен на 90 кај останатата популација. Такви работници за 3000/месец може да најде.
Реалист, 08.11.2012 22:57:04
Мислев дека министеров е еден од ретките интелигентни деца во ДПМНЕ, но начинот на кој го употребува изразот негативна селекција (човеков мисли дека негативна селекција е кога бираш полош од тебе, како што вика погоре во текстот) ми дава причина да се сомневам во неговиот акл.
bojan, 09.11.2012 00:54:21
I??? Neka objasni ministerot kako e logicno sovetnik-rabotnik ili kazi go kako sakas da bide pointeligenten od ministerot...ako dojde nekoj so inteligencija 140 logicno e da mu go zeme ministerskoto mesto. A ti ministre kolku ti e tebe inteligencijata? Kako Sehtanski da ti e brat so vakvi glupi izjavi sto siguren sum deka ke gi povlecete posle izvesno vreme .... a da... stavi u uste eden uslov ...da e dobitnik na nobelova nagrada za medicina i daj mu plata od celi 6000 den.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, -2°C

Ведро

Недела
Ведро
Макс: 16°C, Мин: 2°C

Понеделник
Претежно облачно
Макс: 16°C, Мин: 5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (48)
Напуштена и гладна. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Настани
Музите на Хичкок и денес икони на стилот
Хероината на Хичкок не може да биде заменета со денешните старлети - таа не е бомбастична русокоса, туку грациозна дама...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |