08.11.2012, 09:37 Меркел ја предупреди Британија да не излегува од ЕУ
Германскиот канцелар Ангела Меркел ја предупреди Велика Британија да не излегува од Европската унија. Таа го повика британскиот премиер Дејвид Камерон да работи заедно со неа со цел да не се дозволи преговорите за буџетот на ЕУ за периодот 2014-2020 година да западнат во ќор-сокак.
Меркел и Камерон се сретнаа синоќа на работна вечера во Лондон во обид да ги надминат несогласувањата за следната буџетска рамка на ЕУ со вкупна вредност од околу еден билион евра.
Британскиот премиер ги означи претходно плановите за зголемување на буџетот како апсурдни. Тој се закани дека ќе стави вето на секоја ��погодба, која не е во интерес на неговата земја и даде на знаење дека ќе настојува за замрзнување на буџетот во реална вредност.
Меркел, која во принцип за залага за зголемување на буџетот, одби да прецизира дали ќе се согласи со британските барања. Во исто време таа нагласи дека Германија и Велика Британија, како големи придоинесувачи во буџетот на ЕУ, имаат многу заеднички интереси.
Германската канцеларка претходно во Европскиот парламент во Брисел истакна дека Велика Британија е неопходен дел од ЕУ, но додаде дека таа самата ќе загуби доколку ја напушти. |