08.11.2012, 16:37 Миреј Балестра е првата жена избрана за претседател на Интерпол
Французинката Миреј Балестрази е избрана во Рим за претседател на Интерпол. Таа е прва жена, која е избрана да биде на чело на меѓународната организација за полициска соработка.
Балестрази (58) досега била заменик-претседател за Европа на извршниот комитет на Интерпол. Таа е полициски комесар од 1975 година и една од првите жени во Франција, која била на високи функции во системот на полицијата.
Вторпат Французин е претседател на Интерпол, каде најважната функција ја има генералниот секретар.
Генерален секретар на Интерпол е Американецот Роналд Ноубел, кој на таа фу��кција е трет мандат
|