08.11.2012, 17:36 Фејсбук ја срамоти бугарската полиција
Лондон - Бугарска страница на „Фејсбук“ наменета за постирање фотографии со кои се срамоти државната полиција разгори мноштво контроверзии откако државни службенци за еден од поставувачите на оваа страница рекоа дека е „селски идиот“.
Насловена како „Фотографирај полициски службеник“, оваа страница е преполна со фотографии на полицајци кои спијат во своите возила, пијат пиво додека се во униформа или, пак, полициски возила паркирани на паркинг-места резервирани за лица со хендикеп.
Бојан Максимов, еден од креаторите на оваа страница, беше наречен „селски идиот кој нема што друго да прави“ од Калинка Пенчева, портпаролка на министерот за внатрешни работи во приморскиот град Варна откако тој постирал фотографија на нивен локален полицаец кој преку ден спие во автомобилот. Подоцна портпаролката беше казнета, но Максимов тврди дека оттогаш е прогонуван од полицијата и и' се закани на портпаролката со правна мерка. „Роден сум во Варна и чиста навреда е таа да ме нарече идиот“, рече тој во изјава за весник, и наведе дека ќе бара отштета во висина од 8.000 фунти. (Телеграф) |