09.11.2012, 11:08 Во три месеци два пати освоила премија на лото
Американката Лена Итон (91) прво во август на лото освои 300.000 долари, а пред неколку дена на каритичка доби 99.999 долари
Лена Итон (91) е Американката која успеа да ги негира сите закони на веројатност и во рок од само три месеци два пати ја освои премијата на лото.
Да се освои премија на лото е вистинско чудо, а да се направи тоа два пати и тоа за кусо време, речиси е незамисливо.
Па сепак, тоа и појде од рака на 91-годишната прабаба од Индијанополис која прво во август на лото освои 300.000 долари, а пред неколку дена на каритичка грепка доби 99.999 долари.
- Освојување на премија на која било лотарија или игра на среќа, претставува посебно доживување, а уште поголемо доживување е кога тоа некој ќе го направи два пати во рок од три месеци, особено лице кое има над 90 години. Тоа навистина е неверојатно, велат од лотаријата.
Лена Итон која има шест деца, 16 внучиња и 20 правнучиња, рече дека парите планира да ги потроши за реновирање на куќата и „да ги направи среќни“ своите блиски.
- Големо задоволство е кога можете да им помогнете на своите деца, рече среќната баба во изјавата за американските медиуми.
Доколку никогаш не била во Лас Вегас, можеби ова е вистински момент тоа да го направи, сметаат статистичарите кои пресметале дека шансите првпат да добие на лотарије биле 1:8,9 милиони, а вториот 1: 646.000. А да добие две премии за три месеци, шансите и биле 1:5,7 милијарди. |