14.11.2012, 14:19 ХНС на удар за расизам на мечот со Македонија
Можната казна за Хрватите се движи од играње пред празни трибини, забрана за патување на навивачите на гостинските средби, па се' до исфрлање од квалификациите
Светската фудбалска федерација (ФИФА) покрена истрага против Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) за расизам на натпреварот со Македонија одигран во Скопје на 12 октомври во рамките на квалифиакциите за Светското првенство 2014 во Бразил, јави Би-Би-Си. ХНС е на удар поради расистички навреди од навивачите на „коскестите“ упатени кон Бразилецот со хрватски пасош Самир, кој дебитира токму на тој меч што го добија гостите с�� 2:1. Можната казна за Хрватите се движи од играње пред празни трибини на мечевите на кои се домаќини, забрана за патување на нивните навивачи на средбите на гостински терен, па се' до исфрлање на Хрватска од квалификациите.
На ХНС му се заканува и парична казна за користењето пиротехнички средства од хрватските навивачи на трибините на „Филип Втори“.
|