15.11.2012, 16:49 Си велам
Четирите јавачи на апокaлипсата
Ерол Ризаов
Тешко дека Европејците можат толку силно да викаат колку што можеме ние цврсто да спиеме
Светот е на нозе. Цела Европа е во масовен штрајк поради економската криза, сиромаштијата и невработеноста која драматично расте. Европејците се мобилизираа да ги предупредат своите влади и политички лидери дека е откриен заговорот сиромашните, како и низ целата историја на човештвото, пак да го платат цехот на кризата која ја предизвикаа богатите и моќните. На европскиот Ден на солидарноста и протестите, на 14 ноември, Европејците масовно излегоа на улиците организирани од своите синдикати да кажат гласно дека нема да ги плаќаат расипништвото, криминалот и себичноста на милионерите и милијардерите, како и корумпираноста и неспособноста на политичарите кои го овозможуваат сето тоа. На плоштадите во Шпанија, Португалија, Грција, Малта, Кипар... стотици илјади луѓе протестираа во знак на солидарност со бедните и сиромашните кои останале без работа.
Каде бевме ние? Го преспавме ли денот кога другите и за нас во знак на европска солидарност го кренаа гласот и се судрија со полицијата. Тие на барикади, ние во кревет. Тешко дека Европејците можат толку силно да викаат колку што можеме ние цврсто да спиеме. Заспаното општество е маѓепсано од провинционализам, примитивизам, варварство, страв, кукавичлук и очај. Или можеби ние и воопшто не се чувствуваме како дел од Европа, па и нема зошто да се возбудуваме премногу што на нив таму им е тешко. Што мајка барале да имаат, па да немаат, да си останале како нас мизерни и бедни, сега немаше да ги погоди никаква криза, сиромаштија и безработица. Кога знаат многу да трошат, па и тоа што не го заработиле, кога знаат многу да крадат, нека теглат. Ние сме во хибернација кога ни се мали потребите за да преживееме, а и ако исчезнеме тоа, ќе биде безболно, на спиење.
Образот го обелија лекарите кои без никакви влијанија од Европа имаа своја битка за штрајк и ја извојуваа достоинствено. Дали ќе ја добијат и војната зависи од коефициентот на интелигенцијата на Владата и на ресорниот министер за здравство, вундеркиндот Никола Тодоров. Штрајкот на лекарите во кругот на болниците е чин за почит, демонстрација на политичка култура и лична храброст да и' се спротивстават на една, според нивно мислење, погрешна одлука и доктрина. Меѓу докторите видов многу познати имиња, професори, научници, луѓе што важат во јавноста за медицински авторитети. Министерот Тодоров ги нарече три-четворица небаре неработници, партиски оркестрирани. Така, според министерот за здравство, штрајк воопшто и немало, туку прекинале да работат неколкумина лекари. Оваа ароганција својствена за сите власти кога колата ќе тргне по удолнина, а нема сопирачки, ќе и' се удри од глава на Владата. Толку ли беше страшно за власта да го испочитува штрајкот на докторите. Министерот Тодоров, ако малку имаше сенс за политика, мораше да биде тој ден заедно со здравствените работници и да даде учтива изјава за јавноста како што прилега за еден министер. Толку ли беше тешко и мачно да каже дека пораката на лекарите е примена, дека има разбирање за нивните барања, но дека во коректни преговори со силата на аргументите „за“ и „против“ ќе се бараат решенија кои најмногу ќе одговараат на сите заинтересирани страни, граѓаните и пациентите, буџетот и лекарите. Тоа ти се вика министер, а не инфантилно смеење пред камери, демек ништо не се случува.
Овие паралели меѓу протестот на Европејците по повод кризата и на нашите лекари е само една мала капка во океанот од разлики што не' оддалечуваат од европскиот континент иако судбината ни предодредила да имаме свој дом и татковина во Европа.
Ајде малку да ги заборавиме за миг големите успеси со кои ни ги полнат главите постојано 24/7. Да се соочиме со нашите достигнувања кои не' сместија на последно место во таа иста Европа во која сакаме да влеземе како партнери.
Прво, по квалитетот на живеење, или како што се нарекува во светот по среќен живот, сме последни во Европа. На оваа скала, која ја прават најстручно и најкомпетентно Обединетите нации, со научни параметри се опфатени должината на човечкиот живот, слободниот пристап до образование, квалитетот на здравствената заштита, животниот стандард... Според критериумите на независна редакција на ОН, Македонија е на 78. место во светот, а во Европа е последна.
Стапката на невработени со високо и со средно образование на млади луѓе според најмеродавните ПИСА-истражувања кои ги спроведува ОЕЦД, на чија веродостојност за 2011 година нема ниедна забелешка од Република Македонија, состојбите кај нас се катастрофални. Цели 52 отсто од младите што завршиле факултет се без работа. Од дипломираните средношколци, 38 отсто не можат да најдат работа. Со двете стапки сме убедливо на последно место во Европа со оцена дека Македонија нема човечки ресурси ни технолошка инфраструктура за фокусирање на својот развој во правец на иновации и висок технолошки развој. Македонија е земја во Европа која има најмалку дипломирани студенти на природните и техничките науки.
Сиромаштијата или мизеријата се најголеми во Македонија од цела Европа. Податокот дека 32 отсто од населението, речиси една третина, е сиромашно според основните критериуми за егзистенција е повеќе од загрижувачки. Последното истражување на „БРИМА галуп интернешенел“ кажува дека цели 13 отсто од населението на Македонија има проблеми со гладот. Поточно пет отсто од граѓаните постојано е соочено со гладување, а 8 отсто повремено гладува, нема ни за леб.
За жал, во Македонија никогаш не биле основни критериуми за успешноста на една политика квалитетот на живеење, среќата на граѓаните, стандардот, сиромаштијата и гладот. Одговорноста на владите во Македонија, за разлика од нормалниот свет, не се мери по нивото на подобар или полош живот, туку по нивото на пропагандата, национализмот, патриотизмот, бројот на споменици и по бројот на партиски книшки по глава на жител. Во еден таков амбиент кога ги чекаме библиските јавачи на апокалипсата, зошто би се возбудувале премногу за овоземни задоволства и минлива среќа. Јавачите на апокалипсата се веќе тука и си ја вршат работата. Првиот јавач на „освојувањата“ дојде 1991 година кога ја освоивме слободата и независноста без испукан куршум. Вториот јавач на „војната“ стаса 2001 година кога откривме дека за наша голема среќа не не' бидува ни за војна. Третиот јавач „сиромаштијата и гладот“ изгледа одамна е тука, само не се покажува многу од срам. Четвртиот јавач на апокалипсата „смртта“ на еден народ, или неговото исчезнување, го најави преку белата чума и иселувањата од Македонија кои траат со векови и децении. Последните години е најтажно сознанието дека младите не ја гледаат својата иднина во татковината. По школувањето, сите сакаат да си заминат. Мудрите и умни луѓе велат дека спас од апокалипсата е верба во себе и правец Европа и покрај сите нејзини проблеми. Јас верувам во тоа. |
|
Статијата е прочитана 3369 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Коста Стоименовски, 16.11.2012 00:38:26 | Во последно време се случува ерупција на последиците од погрешната внатрешна и надворешна политика на власта во нашата држава. Согласно моите знаења и умеења настојував секогаш да укажувам на грешките, гафовите и глупостите на власта, слично како што тоа го правев и во времето на владеењето на СДСМ. Убаво е кога си качен на голем коњ (не мислам на Воинот!), но треба да водиш сметка дека и од него може силно да се тресне на земја! Наместо да ги слуша оние што добронамерно укажуваат на грешките, власта ги прогонува и казнува неистомислениците! Тоа не може да трае долго! Секој тоталитаризам паѓа оној момент кога ќе го достигне својот зенит! |
| perica, 16.11.2012 00:50:55 | I jas. |
| jovan, 16.11.2012 01:02:53 | Evropa protestira bidejki se zagrizeni za idninata i sakaat promeni.I promeni ke ima.Ovde veke ne ostana nikoj za da protestira.Idninata poveketo mladi veke si ja najdoa nadvor, ili ja planiraat nadvor, a da protestiraat onie partiski vojnici napikani vo ministerstva i administracija, ne ocekuvajte. Ostanatite veke tolku se malaksani, unisteni, da nemaat sili za urlanje i butkanje po ulici.Nie bioloski poleka izumirame, i panikata se javi tokmi kaj onie koj go dovedoa ovoj narod to toa deredze, pa sega ke ni propovedaat natalitet, i ke povikuvaat na vrakanje od stranstvo.Ovde tolku mnogu se isporemetija vrednostite, sto veke nikoj ne saka ni da gi isprava i rasprava so toa.Ovde ke se sredi samo i samo ako Idrizovo se napolni so mnogumina segasni*uspesni*biznismeni i politicari, pa narod da dobie volja deka nesto se isprava pa da pocneme se od novo.Inaku, nisto. Ke propadneme na glupav i naiven nacin poradi nekolkumina ojlevci dojlevci koj iziritiraa narod i ja opljackaa drzavata. |
| Маркос, 16.11.2012 02:03:27 | „Образот го обелија лекарите...„ - восхитен е авторот. И во право е. Ова е сјајна вест, која, се надевам, ќе пробуди и охрабри и други „робови„ да излезат од летаргија, да не кажам од „хибернација„. Одамна слушам за мизерни плати во здравството, посебно кај лекарите. Поразително е да некои деришта од „елитата„, излезени од ист инкубатор, си позволуваат дополнително да понижуваат луѓе од разни професии, во овој случај лекарите, да им оспоруваат право на незадоволство. Драго ми е што токму лекарите демонстрираа свест за својата снага, за што заслужуваат широка поддршка, а посебно од медиумите. |
| верен член на СДСМ, 16.11.2012 04:39:25 | Не се плаши, охрабри се! Излези храбро и бори се за подобро утре! Да го симнеме Бранко! |
| Трипун Карапетров, 16.11.2012 07:40:51 | Господине Ризаов,
Вашите колумни ги доживувам, како поема од новинарство. Ги користам како медикамент за заштита на мојата сопстврна ментална хигиена.На овај начин сакам да Ви се заблагодарам, бидејќи лично не се познаване.Поздрав |
| Stipjanec, 16.11.2012 08:16:56 | Erole, Erole vecno KRITIKUVAS! Evropa e vo strajk a Makedonija ne? Pa si se zaprasal li zosto? Pa tamu ima nezadovolnici, pa strajkuvaat; zosto nie da strajkuvame koga kaj nas se se odviva spored Ustavot i zakonite. Od druga strana, dali si 100% siguren deka vo evropa imalo strajk. Ministerot izjavi deka toa (spored nego) ne e tocno, i deka tamu nemalo nikakov strajk, a uste pomalku kaj nasite lekari. Od druga strana pak razbrav, deka Grcite sakaat da go angaziraat Ministerot kaj niv da gi VRAZUMI strajkuvacite, koi i ne se strajkuvaci, spored kriteriumite na nasiot IQ Minister. |
| Mirko, 16.11.2012 08:43:34 | Mnogu pocituvani g. Rizaov! Ova statija, po mene, e remek delo i tuka nema sto da se dodava, ili odzema. Brilijantno! |
| mikimaus, 16.11.2012 08:53:49 | 100 % se slozuvam so se sto e napisano vo kolumnata.i jas se cudam kako ovoj narod ,i pokraj se sto mu se slucuva, molci i trpi cekajki da dojde nesto uste poloso. Koga gledam 100.000 luge na ulicite vo Atina,a kaj nas po 30-50 luge pred Vlada,pred Slavija, od OHIS ,AMAN ili stecajci,se prasuvam koga ke se zdruzat pa i nie site zaedno so niv da i se sluci narod na ovaa vlada.Im se divam na lekarite ! |
| девичанецот, 16.11.2012 08:54:16 | Почитуван Ероле,
Погрешен ти е само првиот јавач на Апокалипсата. Времето тие е точно. Тоа е сегашниот пензионер Б.Ц. кој си го јавна првиот коњ на нашата апокалипса, готов, оседлан од Перо Гошев. И така си јаваше, си јаваше и приватизацијата со јавање си ја истера...и да не набројувам повеќе. Многу подобро ти го знаеш тоа од мене. |
| seirdzija, 16.11.2012 09:21:18 | Spored mene lekarite treba da dobijat itna politicka podrska od zdruzenata opozicija.Koga u edna drzava lekarite imaat pomala plata od policijata,regulatori,sudii i administracija togas nesto debelo ne e vo red so drzavata.Zgora na toa eden totalno nesposoben premier gi cesti so ime ZABusanti....c.c.c.c...a ocigledno e deka saka samo predizborno da gi disciplinira i da gi nasoci da glasaat za dpmne ako sakaat i toa sto do sega go zemale da im ostane...A sto na primer ne pocnea od policija,da gi placaat po ucinok...za pocetok eve specijalcite,a??? |
| Rezzilof, 16.11.2012 09:27:30 | Колку би бил среќен авторов кога сите би излегле да се “судриме со полицијата“,да падне оваа власт и да ни се врати Бране да не’ доусреќи!Па, нели, четири пати ЕУ тврди дека ги исполнуваме условите за влез во Европа,а единствен услов е (промена на) името?Та,нели во Букурешт беше речено дека Македонија ги исполнила сите услови за влез во НАТО,а единствен услов е (промена на ) името?Авторот постојано се залага дури и да го промениме името само да влеземе во “Европа,какава-таква“!Е,тогаш ќе потече мед и млеко!!! |
| cane sokolovski, 16.11.2012 09:37:09 | Често сум ја „удирал„ главата во зид за да сфатам што е причината на таа самодеструктивност кај овај народ која може да доведе до негово само уништување. Проспектите за тоа растат ден за ден. Дали е тоа ниското ниво на политичка, општествена, лична и цивилизациска култура кај народот? Не знам! Вероватно, за ова, во иднина ќе бидат пишувани студии и студии кои ќе ги анализираат и пронајдат причините. Не верувам дека првичниот проблем е владата, без разлика колку мизерна таа е. Има нешто проклето, нешто дури потсвесно кое го активира ова само разурување и кое е базичен услов. Едно е важно - треба еднаш за секогаш да се престане со обвинување на другите за нашите слабости. Кој друг е крив?
Правото на штрајк е нај универзално и фундаментално право во цивилизирано опшество. Тоа му претходи и е поважно од бремето што е предизвикано. Колку побрзо разни инфантилци ќе го сфатат ова, толку подобро за нив! „Во политиката глупоста не е хендикеп„-Наполеон! |
| До „верен“ член на СДСМ, 16.11.2012 10:18:18 | А со кого си верен , со Бичиклиски?Кога е свадбата? |
| Nikola, 16.11.2012 10:29:05 | Sega ce pocneme da licitirame! ne, cetvrtiot javac na apokalipsata e antikvizacijata sproveduvana od ovaa vlada so cel nacijata da se izgubi vo vremeto i prostorot i da ja nema! |
| jovan, vlada @, 16.11.2012 10:38:10 | Четирите јавачи на апокалипсата се следниве почитуван и ценет г-дин Ризаов:
1. Бранко Црвенковски
2.ЉуБчо Георгиевски
3. Ширењето на омраза помеѓу македонците со делење на антички и словенски
4. Целата опозиција со нивните безидејни идеи.
Кога ќе се направи реална анализа на сите настани и личности од 1990 до 2012 кога ќе се собере и одземе кој и колку е крив за моменталната ситуација во која се наоѓа Македонија базирана на реални факти и бројки тогаш може да збориме за Јавачите на апокалипсата погоре споменати.Има нов тренд има во последно време кај дел од новинарите блиски до опозицијата дека ако не се врати Бранко сега веќе засилен со ЉуБчо најголемиот занајголем јавач на апокалипсата е никој друг туку Никола Груевски, нели??Абе гледате дека не пали повеќе народ гледа и слуша,мислите дека со безочно перење на мозоците како во 2002 година подржана со сите можни соросоидни средства ќе ви успее да се вратите на власт.Како не бе, сигурно на погрешна врата тропате опозиционерчиња.. |
| АНДОН СЛАБЕЈКО, 16.11.2012 11:00:24 | Почитуван ЕРОЛЕ,ги читам овие редови напишани од твоето перо и се прашувам дали знаат и умеат да ги прочитаат и да мислат со своја глава оние што гласаат за овие ИНФАНТИЛНИ ВЛАДЕТЕЛИ,кои „ ВЛАДЕАТ“ ли владеат,пустошат ли пустошат.пљачкаат ли пљачкаат,се закануваат,заплашуваат, уценуваат,рушат се пред себе што не им е по воља.Дали има крај на сето ова лудило,дали ќе бидат побројни на следните избори тие што ќе им кажат доста ни е од вас или пак ќе успеат да купат со пари,да уценат и да заплашат и да останат за да доиспустат се што остана од оваа јадна државичка.Е,мој Народе Македонски,мој Јадни народе,до кога сам ќе си ја сечеш гранката на која седиш или стоиш.Дали има нешто цврсто и достоинствено во Тебе за да опстоиш и да постоиш и понатаму |
| Navedenaglava sabja ne ja seci, 16.11.2012 11:06:45 | Neka ne te zacuduva molkot na narodot na site ovie mizerii i stradanja. Kaj nas seuste vladee psihologijata na raja, a ti znaes deka nazivot raja poteknuva od arapski zbor stado. Se naodjame vo edna kontinuirana apatija , strav , uplasenost i pomiruvanje i so najcrnata sudbina. I studentite pod silna partizacija se vo potpolna hibernacija, a da ne zboruvam za univerzitetskite profesori, MANU i sl. drugi ustanovi koi lakejski se postaveni kon vlasta. Navednata glava sabja ne ja ceci.Eve i pokraj stotici novootvoreni livadarski fakulteti imame najmalku diplomirani lica na prirodni i tehnicki nauki?! Ama zatoa pak imame istoricari, posebno za anticka istorija i za izvoz, pa eve zapnale od petni zili da ja rekomponiraat istorijata na stariot vek.Tesko na ovaa drzava so takov narod. |
| zagrizen, 16.11.2012 12:35:50 | Do jovan,vlada@alijas FELIKS,Rezzilof,devicanecot i slicnite GOOOLEMI PATRIOTI od niven kalibar.Taka e BC ne cinese,go trgnavme i ????? STO?!Privatizacijata bese nametnata i diktirana od strana,a segasnive ni pokazaa i dokazaa deka ke bea isti.Ete go nema BC,a imame:urbana mafija (BC ja oformi,a ovie ja sofisticiraa,taka),bela cuma,kriminal vo podem da ne kazam zenit (sakate od ubistva,od Toplifikacija,so pljacki),demokratija na *zavidno* nivo,drzavata *funkcionira* kako kade,nadvoresna politika tapa,vnatresna politika tapa,lugje zavadeni po nacionalna,religiska,partiska pripadnost,sekako Vie golemi te patrioti,nasproti izdaicite,prostitucijata cveta,zdravstvoto tapa,obrazovanieto tapa,etikata i moralot NIKAKVA,samoubistva kolku sakate (verojatno od ubavina,stadium nirvana),stopanstvo tapa i tn.Sto funkcionira vo MKD?DOSTA veke so BC, opsednati ste so minatoto,sto e segasnosta i idninata?Sto se nudi?Kosmodrom vo Ohrid?Ili vo nemanje na fakti av,av,slavopojki od Vas, GOLEMITE PATRIOTI.. |
| Skender Beg, 16.11.2012 15:42:36 | дајте еднаш да ги споредиме платите по професии со околните држави да почнеме н.пр.со Блгарија. Колку има доктори по глава на жител, колку е просечна плата на доктор во споредба со просечна плата на вработен. Па и за други струку, ама се да биде за државен сектор. Крајно демагошки и мангупски е приватните доктори да се солитаризираат со тие од клинички ... Тогаш министерството нека партиципицира да одиме на доктор и во странство |
| respekt, 16.11.2012 16:37:44 | Како и секогаш, Колумната е издржана и аргументирана. Читетелите, врз основа на тоа како живееме и како ја чувствуваме реалноста во Македонија, така и коментираме, но -- по темата во Колумната. Читајки ги коментарите, во стилот на Ерол, СИ ВЕЛАМ : Ако изненадно(не дај боже за никого) почине Бранко, со што би се занимале ,,заштитниците,, на ликот и делото на Бранко. Би останале без работа и леб стотици и илјадници коментатори ДПМНЕ-вци . За нив тоа е ке биде апокалипса, бидејки за ништо друго не ги бидува. |
| do zagrizen, 16.11.2012 18:08:32 | Pa mozese togasnata vlast vo Makedonija da go odbie takviot nacin na privatizacija ako imase od nadvor takvi idei.No togasnata vlast ne odbi i namerno privatizirase kriminalno.Takov kriminal taa vlast ke pravese i da nemalo nametnuvanja od nadvor,a tesko da imase nametnuvanje.Da ne se bara opravduvanja za kriminalot. |
| Балтазар, 16.11.2012 19:51:08 | Микимаус и трпи,и штрајкува,и опоменува,лелека,пали црвено и слично,онолку колку Дизни му програмирал во цртанката.Кој ја програмира нашава?После четирите јавачи и нивните епохи(времето брзо минува,особено низ времепловот)следи следниот.Народот.Единствениот, сиромавиот,тој вистинскиот анатема,може да депрограмира со помош на друг јунак од цртаните на чие враќање и бабичката да му се изнарадува.Тој,стариот старомоден Том.Белким ќе биде доволно за почеток она што го носи во ширветчето.А кога силно ќе мјаукне,ете ти се старците од планина.Дури и волкот не полакомоил,па неизедувајќи ги преминал преку нашата глупост.Затоа со време да ја фатиме јогата на засуканите ракави.Вистинското орање тек ни престои.Ако е за да не биде,не! |
| do veren clen na SDSM, 16.11.2012 22:26:01 | mnogu smesno deluvas coveku kako prvo 100% garantiram deka ne si ni clen na SDSM kako vtoro da imase poveke od 2 do 3 % sto isto razmisluvale kako tebe branko ke bese smenet dosega a naprotiv od site sto go izbrale samo nekolkumina bile protiv znaci ispaga ne e cudno i ti da si bucko pozadi ovoj komentar :) |
| do Navedenaglava sabja ne ja seci, 16.11.2012 22:59:56 | Tesko na ovaa drzava so takov narod.
I vice versa. Tesko na ovoj narod so vakva drzava. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 12°C
Претежно облачно
|
Четврток
Делумно облачно
Макс: 14°C, Мин: 2°C
|
Петок
Облачно
Макс: 13°C, Мин: 3°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз – Титова Совладетелка (8)Смоле кришум пие од вискито на Тито. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
|