Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
20.11.2012, 17:02

Се извини ли амбасадорот или не?

Во македонскиот државен врв видливо се спушта топката по гафот на претставникот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав

Слободанка Јовановска


Се извини ли амбасадорот Аиво Орав или не за гафот во Европскиот парламент - е тема околу која како да се разидоа јавноста и државниот врв. Орав на церемонијата на потпишување на новите ИПА проекти ги избегна новинарите, а од двајцата најавени министри од владата присуствуваше само вицепремирката Теута Арифи, но не и Зоран Ставрески, иако беше најавен.

Изјавите пак на шефот на државата и на шефот на дипломатијата, Ѓорге Иванов и Никола Попоски, јасно покажаа дека нема да има повеќе бранувања околу гафот.

„Ќе реагирам секогаш кога се посегнува по македонскиот идентитет. Затоа сум избран од граѓаните. Така реагирав секогаш. Тоа е чувствително прашање, особено во овој период кога сакаме сите наши граѓани да ги убедиме зошто е важно да бидеме дел од ЕУ и да ги почитуваме европските стандарди, критериуми и принципи“, изјави Иванов. Тој забележа дека ако правото за самоидентификација и човековото достоинство важи за другите, треба да важи и за нас. Попоски, пак, оцени дека сите оние што ги претставуваат и застапуваат идеите за обединување во Европа, за демократија и за почитување на човековите права, треба да ги рефлектираат тие размислувања и во искажувањата на своите ставови.

„Имам реално видување за тоа како функционира механизмот во ЕУ и кои можности стојат на располагање за определена земја-членка да влијае или упати определена порака преку претставници на ЕУ. Најзначајно за нас е да се фокусираме на она што можеме ние да влијаеме и да се потрудиме час поскоро да бидеме дел од тоа семејство, каде што ќе можеме и ние исто така да влијаеме на одлуките кои се носат“, одговори Попоски.

Објаснувањето на Орав беше дека не дал политичка изјава кога го употребил терминот „славомакедонци“, ниту сакал некого да навреди, а дека лично е свесен колку е чувствително овде тоа прашање. Таквото пак извинување не беше доволно за Австралиско-македонскиот комитет за човекови права (АМХРЦ) и Меѓународното македонско движење за човекови права (МХРМИ) кои вчера го осудија, според нив, „расистичкиот говор на амбасадорот“ и побараа шефицата на дипломатијата на ЕУ Кетрин Ештон да побара од него да се извини, а ако не, да го повлече од функцијата.

Орав инаку е последна жртва на политичката комплексност на Македонија и еден од веќе долгата листа на амбасадори кои

се изгореа овде додека ја вршеа функцијата или на името, или на името на јазикот, или околу албанскиот или воопшто околу оценките на состојбите во земјата.


Статијата е прочитана 1298 пати.

Испрати коментар



Делегација на СДСМ во посета на Диселдорф и Берлин
Нема нееднаквост во мандатите од дијаспората
Комисијата за лустрација го објави досието на Паскал Гилевски
Иванов меѓу студентите за да види што е соживот
ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар и во Тетово
Македонија е се' уште најцентрализирана држава
Пратеничките прашања за ДУИ и за претстојните избори



Itar Pejo, 21.11.2012 03:10:53
Jas ne priznavam nikakvo izvinuvanje se dodeka ne go slusnam da ne narece antemakedonci.
Aleksandar Makedonski, 21.11.2012 06:27:06
Dostoinstvoto na drzavata i narodot moraat da bidat zastiteni. Ovaa navreda ne e nikakov gaf. Nasiot narod e gonuvan i nasata zemja parcosuvana za toa sto sme Makedonci. Ispravija kicmata bratu Gruevski. Nikoj ne mozi da odi naokolu i da te navreduva i posegnuva po nasiot identiet. Neprijatelot ni isprati jasen znak, i toa vo Evropskiot Parlament. Ne se molci na takva seriozna navreda. Ako ne odgovoris najostro togas mozebi treba da sedis i da cekas da ne stavat i vo gasni komori. Samo proteruvanje na ovoj od Estonija ke i isprati na Evropskata Zaednica kratka i jasna poraka da ne go navreduva Makedonskiot narod i drzava. Persona non grata e edinstveniot odgovor. Edna Makedonija, Obedineta Makedonija
пријател, 21.11.2012 06:50:49
Идентитет на еден народ е збир од карактеристики по кои тој народ е еднаков само на себе(А=А) и се разликува од сите други народи(А не е Б,В...).Тие карактеристики се:јазикот,писмото,обичаите,историјата,културата,верата(може но не мора),а не ИМЕТО на народот,ИМЕТО на јазикот.Името не е составен дел од идентитетот,тоа се доделува на идентитетот.Ние сме постоели и кога не сме имале свое име,јазик,држава.По тие карактеристики ние сме дел од Словените.Нашиот јазик е дел од словенските јазици,нашето писмо,обичаи,култура,историја исто така Словенски.Името сме го добиле според името на територијата на која живееме-Македонија,Македонци,но исто така сме и македонски словени,славомакедонци и сите овие имиња се однесуваат на нашиот идентитет,и со кое било од тие имиња да не` наречат не го менуваат нашиот идентитет.Зошто Орав да се извини?Не рече дека сме Бугари,Грци,Срби,Турци.
Toso, 21.11.2012 08:27:23
HOGAR STRASHNIOT!!!!
Коста Стоименовски, 21.11.2012 10:50:54
Уште пред 20 години (1992) „прочитав“ дека ќе се постави прашањето околу идентитетот на македонскиот народ и јавно ја повикав МАНУ да излезе со став/толкување дали сме Словени или потомци на Александар Велики? За жал, МАНУ се до денес се нема изјаснето околу ова прашање. Факт е дека имаше лични ставови на некои академици, но не и на институцијата МАНУ! Наместо ова прашање да се третира на научна основа, за жал, дојде до тоа политиката да и диктира на науката што треба да прави и што треба да докажува! Пред неколку денови човекот што неуморно ги прекопува археолошките наоѓалишта за да го „докаже идентитетот на македонскиот народ“, отворено и јасно кажа дека главен идеолог на антиквизацијата е премиерот Н. Груевски! И сега Цацко е крив!? Тоа покажува дека има нешто незрело и инфантилно во политиката на актуелната македонска власт!
Итра Пејка, 21.11.2012 12:04:36
Ни јас , Пејо , дури не ми каже дака сум Антицамакедонка!
viktor, 21.11.2012 12:35:01
ambasadorot kazhal toa shto sme nishto drugo neznam zoshto da se izvini.
marika, 21.11.2012 12:39:34
zosto da se izvini koga sme slavomakedonci ,jazikot ni e slovenski ne grcki..vo evropa ima grupacija na narodi kako sloveni,germani,romanci pa mali narodi ungari-letonci-finci,grci,albanci,kelti,sami t.e. ne postoi grupacija narod makedonci a istoriski drevni makedonci nikogas ne bile sloveni znaci nemoze da sme i sloveni i grci...
Ајван Доктор®, 21.11.2012 14:18:08
Кутриот Орав,верувам дека цела недела ноќе нема да може да заспие во страв да не му се појават Хорхе I Миноре,Поповски,или уште полошо (не дај боже:) Гwујокио Големиот син што мајка го роди…!Видна беше и неговата потресеност од настанот,па им заврте грб на новинарите во страв да не тропне уште нешто и да не им признае дека секогаш сла��ко си се смее кога минува крај античкиот барок на Ацета! :0))Во меѓувреме Хорхе одби да се пофали дека (покрај тоа што му намигнува на Барак и Клинтоница постојано му досаѓа по телефон) му ги истеглил и ушите на Аиво! :0))Кутар Орав!Заборавил да ги прочита книгите за генезата на човештвото од „Александровата раса“ на В.Иљов,Тентов,Бошевски и Циле!Не е лошо да му ги поклонат ВМНЛОвциве,за да знае дека отсега натаму треба да нè ословува со „драги Ацеви дијадоси и епигони“! :0))
Pozdrav, 21.11.2012 14:59:36
Do Prijatel : A Slovenite, sto bile i kako se narekuvale pred da im bilo dadeno imeto Sloveni? Amforna masa bez jazik ,pismo vera? Togas treba da ginareceme AmforoSloveni, i sledstveno AmforoSloveno Makedonci. Do kade ke stasame so umovi kako tvojot????Patetika! Covekot sam si go izbira imeto, a sekoj koj ne go pocituva toa ime, ne go pocituva ni poedinecot koj se identifikuva so izbranoto ime .
до Pozdrav, 21.11.2012 16:01:37
Ништо не си разбрал.Како тоа прашуваш што биле Словените пред да им биде дадено името Словени?Па,Словените биле посебен народ со свој посебен јазик,обичаи,историја,култура и по тој свој посебен јазик,обичаи,историја и култура,се разликувале од другите народи,И ПРЕД да „им биде дадено името Словени“ и од кога им било дадено името Словени!Или ти мислиш дека дури не им го „дале“ името Словени,тие немале свој јазик,своја вера???Мислиш ли дека Македонци и Славомакедонци е различно?Тоа е исто.Славомакедонци се Македонци кои потекнуваат од Словените или Славјаните,а тоа сме ние,денешните жители на Република Македонија,за разлика од античките Македонци кои живееле пред 2000години и чиј јазик бил грчки,чие писмо било грчко,обичаите исто така грчки.И ти според својот јазик и писмо (ако е ова твој мајчин јазик),припаѓаш на славомакедонците или Македонците од словенско потекло.
Pretsedatele Ivanov, a sto toa mu kaza na Orav, ovoj ne Te ferma, 21.11.2012 17:16:07
Koj i malku se razbira od diplomatija mu e jasno deka ova ne e gaf na evroambasadorot, toj ne e kako nasite ambasadori od penzinerski domovi, tuku profesionalec koj znae sto kazuva. Zatoa me cudi nepoznavanjeto na nestata na novinarite od dnevnik i Kanal5 i Sitel. Da, Orav ne se izvini, zasto od brisel seto toa e naracano. A Ivanov da ne se pravi heroj pred domasnite novinari deka sekaogas taka ce reagira. A nikoj ne znae sto mu rekol na Orav i sto toj mu dgovoril. Duri Orav i natamu e drzok. Taka George ne se fali pred tvoute novinari, i ne ne prai nas budali. Znaci ne si voopsto reagiral koga Orav i natamu e drzok i ne se izvini javno.
do prijatel, 21.11.2012 17:48:13
Kako toa spored tebe sme postoele a sme nemale jazik?Kako komunicirale nasite dalecni predci,so pogledi i vrtenja na ocite?Sekako deka imale jazik i sekogas go narekuvale makedonski.Makedoncite go dadoa imeto na ovaa teritorija spored nasiot makedonski identitet.Zatoa ovaa teritorija i drzava se vikala i vika samo Makedonija.Imeto na sekoj narod vo svetot e del od negoviot identitet.Iminjata na drzavite od svetot koi imaat avtohton narod se isto del od identitetot.Na sekoj identitet vo svetot ako mu bide dodadena i samo edna bukva bez negova dozvola e navreda i povreda na sekoj identitet.
Do Pozdrav, 21.11.2012 18:56:17
Како се викале Словените пред да дојдат? Еве,специјално за тебе , бесплатно образование, морам да го направам тоа ,ми падна жал од твоето незнаење!Словените биле организирани во племиња, кога дошле,а тие племиња си имале имиња:Берзити , Драговити,Сагудати , Брсјаци , Мијаци , Смолјани , Струмјани итн, Толку за првиот час , напиши го ова за домашно , оти ќе те испрашувам на следниот час1
Do до поздрав, 21.11.2012 19:01:08
Размислуваш како дете од 4 години. Кога доаѓале тн словенски племиња а не Народ војувале со староседелците. И после се мешаат а од мешаните сме ние Македонците а слави сме за грчката пропаганда и пропаднатите како тебе. Ни се ни Славо срби ни Славоруси ни Славочеси ни Славомакедонци празна лејка ама на сваќа. А пред сто години во Македонија под турско имало мнозинство Македонци а само некој процент Грци. Е чива е Македонија. Како тоа е грчка а не живееле Грци пред сто години. А знаеш ли ти за составот на населениерто во грчкиот дел на Македонија кој е анектиран.....
Nekoj do prijatel, 21.11.2012 19:33:06
A ti prijatele od kaj znaes deka Antickite Makedonci zboruvale grcki i deka obicaite im bile grcki, i od kaj de tolku znaes pak za slovenite.Znaes li sto voopsto e Sloven?Mozebi roden vo Slovacka ili Slovenija?Znaes li sto znaci SLOVO?Nesto kako pisan zbor/govor, a nekoi go prifatile toj govor, za da se razbiraat pomegu sebe, zosto Cesite ili Poljacite ne gi narekivaat cehosloveni ili cehopoljaci?Znaes li kade se karpatite, neli od tamu sme dosle? Kakov jazik zboruvaat tie sto ziveat pod Karpatite?Slavjanski ili Romanski?Mozebi i grof Drakula bil Sloven i toa Romanski.I kako toa dosle do Bugarija i Makedonija, i tuka zastanale, a grcija e cista kako solza?Te molam za odgovor
BHC, 21.11.2012 19:48:46
DO POZDRAV,Nemoj da meshash babi i zhabi.Tuka se zboruva za ime na edna cela nacija,a ne za ime na poedinec.Ti imash pravo da si go izberes imeto kako shto sakas no nemas pravo da go izberes imeto na edna cela nacija, kako shto sakas.Procitajgo odgovorot od POZDRAV i ke ti bidi jasno kako edna cela nacija dobiva svoe ime.So umovi kako PRIJATEL ke stasame daleku,so tesnogledi umovi ke bidime patetika.DO PRESEDATELE IVANOV.........,sosema se slozuvam so tebe.Olaf nema potreba da ni se izvini,toj ne narece so nasheto vistinsko ime,a tie shto se najdoja navredni,osobeno Presedatelot,neka ne izigruva heroj so prazni reakcii,tuku kako istoricar po profesija,so fakti da mu dokazi na Olaf deka greshi.Izgleda deka istoriskite fakti ne se na stranata na Ivanov.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 5°C

Делумно облачно

Вторник
Делумно облачно
Макс: 13°C, Мин: 5°C

Среда
Претежно облачно
Макс: 14°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (12)
Докторите на Тито во колиба.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
(ИНТЕРВЈУ) Креираме стандарди за онлајн-рекламирање
Ален Оро, претседател на Interactive Advertising Bureau - IAB Европа...
Промовирано здружението за Интерактивно огласување - ИАБ Македонија
Промоцијата на Здружението се случи на првата Интернет маркетинг и онлајн ПР конференција во Македонија - AllWeb...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |