20.11.2012, 17:43 Мислења
„Политичкиот заговор“ на белите мантили
Нано Ружин
Кога докторската фела не го прифаќа моделот за наградување и реагира со штрајк, според министерот таа врши политички антидржавен заговор против власта
На 6 август 1660 година во парискиот Пале-Роајал била одржана премиерата на Молиеровата пиеса „Доктор и покрај тоа што не сака да биде“, која доживеала огромен успех. Молиер во оваа пиеса вовел многубројни фарсични елементи и создал пародија за средновековното практикување на медицината, во која доминирала сатирата и лекоомисленоста на религиозните луѓе наспроти медицината.
Неполни четири столетија подоцна, една друга политичка пародија со трагични последици се одиграла во Кремљ. „Заговорот на белите мантили“ или на руски „дјело вратшеи“ била последната афера иницирана од страна на Сталин на три месеци пред неговата смрт во 1953. Овој настан е исклучително поучен бидејќи потсетил на методите од времето на антидокторските процесите во Москва 1930-тите години. Во 1930 Московскиот воен суд обвинил тројца врвни лекари –„криминалци“ на смрт поради сомнежите дека ги убиле писателот Максим Горки, славниот револуционер Кујбишев и политичарот Менжински. Во 1952 година „докторскиот заговор“ им се припишал на лекарите-Евреи, обвинети за имагинарни убиства на Жданов, Чербаков, како и за наводното планирање за елиминација на Коњев, Василевски, Говоров и Сталин. По говорот пред Политбирото од 1952 дека „секој Евреин е агент на американските разузнавачки служби“, Сталин додал: „... и меѓу моите лекари има повеќе Евреи“. На тој начин отпочнала хајката против врвните советски лекари-Евреи.
Слична чистка била осмислена и во Прага каде што 11 лекари-функционери биле осудени на смрт поради „титоистичкиот заговор“ против комунизмот. Единствено смртта на тиранот Сталин ги спасила од егзекуција. Кога на 5 март 1953 година од мозочен удар починал легендарниот Коба, прв пат оние што лажно сведочеле како д-р Лидија Тимашу, носител на орденот „Ленин“ биле принудени да признаат дека лажеле. Злогласниот Берија, кој уште од 1938 година ги вршел најстрашните злосторства на Сталин, побрзал да ја објави веста за ослободувањето на „лекарите-Евреи“. Нема сомнение дека во комунистичкиот Советски Сојуз, лекарите како специфична фела благодарение на својата динстиктивна позиција, медицински знаења и постојани контакти со народот добиле значителна и позитивна репутација. Во татковината на Пушкин, Достоевски и Малевич доминирале сиромаштијата, заразните болести, милионите инвалидизирани лица од последната светска војна. Малобројните медицинари не можеле да ги задоволат потребите на Советскиот Сојуз. Во општата сиромаштија, лекарите поседувале подобар животен стандард и често биле на ударот на критиката на партиските комесари и комсомолци. Меѓутоа, нивниот позитивен имиџ како лекувачи на народот, познавачи на благородната наука, толкувачи и праксеолози на филозофијата на таткото на медицината Хипократ Велики, е присутен од древни времиња. Тие биле прогласувани за чудотворци како што бил свети Наум во нашите краишта, за марабуи и тубиби во Африка, пионери на хирургијата како Абу Ал Касим во арапскиот свет, Боргоњони, Харвеј...
Во Македонија, докторите како „народни луѓе“, комуникативни и популарни, често беа ангажирани од страна на партиите, како за време на комунизмот во СКЈ така и по воведувањето на плурализмот, како функционери, министри, пратеници, советници, градоначалници. Политизацијата на медицинскиот кадар создаде многубројни анегдоти. Една од комунизмот укажува дека „добар лекар е само оној кој е член на Комунистичката партија“. Друга, која не би морала да е вистинита, вели: „Најнеспособните лекари станаа политичари“.
Денес лекарската фела во Македонија е една значајна и способна категорија интелектуалци независно од нејзината партиска поделеност и различни политички афинитети. Таа фела има право на субјективитет, достоинство и зачувување на сопствениот идентитет. Секој обид за нејзиното дискриминирање, нормирање, мерење, пакување, симплифицирање, омаловажување, пребројување, класифицирање е неоправдано. Идентитетот на белите мантили напоредно со Хипократовата филозофија и заклетва за почитувањето на пациентот, неговиот внимателен третман, почитувањето на законите на честа при лечењето, не поднесува хипокризија и дволичност од страна на власта и нејзиниот министер. Хипократ не го поднесува Хипокрит. Тој и натаму тврдоглаво со партијата уценува и ги заплашува белите мантили со барање списоци, кинење плакати, закани со тужби, откази и казни, иако и најзап��ашените лекари признаа дека и тие се сложуваат со штрајкувачите околу воведувањето поправеден модел, а не според моделот на министерот.
Иако лекарите и останатите поддржувачи на штрајкот се борат за правото и достоинството на целата медицинска фела, овој штрајк се однесува и на поголемата заштита на пациентите. Според предлогот на министерот, лекарите би морале да ја заработат својата плата според квантитетот, односно бројот на прегледаните пациенти, а не според квалитетот на ефектуираната работа. Се прашувам дали младиот министер ги слушал предавањата на неговата партиска икона проф. Кљусев, се разбира, по паѓањето на комунизмот. Тој го критикуваше планско-колективистичкиот дух на државното стопанство каде што за партијата и советските колхози и совхози најзначаен беше квантитетот, додека за квалитетот никој не ни помислуваше. Тешко на оној регионален партиски секретар ако неговиот реон не го достигнеше планираниот квантитет на вагони пченица или пченка. Ќе требаше да меша секакви дрва и отпадоци и да ги прогласи за пченица за да не замине во гулаг.
Така и нашиот министер. Доколку докторите не ја надминат нормата, ќе бидат казнети по џебот. Згора на тоа, во времето кога и министерот и неговата Влада работат 24х7, некои доктори се дрзнале да штрајкуваат и да им ја расипуваат македонската утопија и самозадоволство. Тоа е рамно на антидржавен заговор во кој своите прсти ги вмешала опозицијата. Министерот, односно неговите наредбодавци, веројатно, сфатија дека „скинаа зелена“, но со оглед дека власта во Македонија никогаш не признава грешки, продолжија со циркусот.
Незадоволството на лекарите изнесе на површина други неповолности во здравството. Болниците во Македонија се лошо организирани, здравството е во опасност, лечењето стана привилегија, државните болници се претворија во голем пациент кому му е потребна трансфузија, медицинските професии се распоредени нефункционално, а лекарската професија е ниско платена. Во такви услови власта бара да воведе лекарски „стакановизам“, „херои на трудот“ во медицинската фела. Да потсетиме, рударот Алексис Стаканов беше посочен од советскиот режим како пример кој треба да го следат сите трудбеници. Стаканов во ноќта меѓу 30 и 31 август 1935 за 6 часа ископал 102 тона јаглен и за 14 пати ја надминал нормата на еден просечен работник. Во наши услови ако еден општ лекар може да прегледа просечно 35 пациенти дневно за да си ја заработи месечната плата од 25.000 денари, тогаш македонскиот Стаканов би требало да прегледа 490 пациенти во еден ден?
Уште понеизводливо е нормирањето во хирургијата. Зошто една тешка операција на абдомен е помалку нормирана од 3 лесни операции на слепо црево? Кога докторската фела не го прифаќа таквиот модел и реагира со штрајк, според министерот таа врши политички антидржавен заговор против власта. Ако пак белите мантили излегле на штрајк, министерот се прави дека не ги видел исто како невидливиот Худини кога се затворил во потонатиот сандак. Во моментов, освен во Македонија штрајкуваат и дел од медицинарите хирурзи и интернисти во Франција, лекарите во Шпанија, Уганда и Јапонија. За разлика од нашите, кои штрајкуваат во согласност со меѓународните конвенции за штрајкување со целосно прифаќање на итните случаи, во Франција и Шпанија штрајкуваат на улица и пред седиштето на Министерството за здравство, додека во Јапонија штрајкувачите носат препознатливи врвци, но не престануваат со работа. Можеби инспирацијата на министерот за моделот на штрајкување потекнува од овие азиски простори, чии борачки вештини ги учел и министерот. Но, не треба да заборави дека ова е Европа, која има сопствена традиција на штрајкување. Како и да е, македонските бели мантили-штрајкачи заслужуваат поддршка од граѓаните независно од нивната партиска определба. Овој штрајк е за поголемата праведност и самостојност на докторите, но и во полза на пациентите, а не за целите на опозицијата.
(Авторот е универзитетски професор и член на ЛДП)
Наш став
Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација. |
Статијата е прочитана 2437 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
Vasko, 21.11.2012 01:54:18 | Intelektualcite vo drzavava dobro go razbral e problemot vo zdravstvoto i pricinite za strajkot na lekarite. Znaci ne se rabori za toa deka lekarite ne sakaat red i nagraduvawe za pouspesnite lekari, tuku da ne se cepka od osnovnata zagarantirana plata na lekarite koi poradi najrazlicni objektivni pricini ne se vo moznost da ostvarat odreden broj na intervencii koi vprocem e nevozmozno da se predvidat deka ke se slucat. Toa isto vazi i za FZOM koj ti dava odreden budjet i ti vika samo tolku smees da operiras, a a ko ima poveke pacienti e za ni vne ti se plaka. A ti pravi zagubi i uzivaj. Ete zatoa ne cini zdravstvoto i reformite ne se dobri. Neka si odi ministerot , osven sto e inaet, za nisto drugo ne go biva. Ne gi razbira rabotite. |
| zagrizen, 21.11.2012 05:16:52 | Vasko, mnogu intelektualci se veke otideni od Makedonija, a mnogu i se so niet da vadat *one way ticket*.Malku ostanuvaat, taka da izgleda malku lugje i gi sfakaat problemite vo zdravstvoto i kompleksnata situacija vo momentov. Citam komentari da zosto doktorite strajkuvale koga imale golemi plati,deka bile mrzlivi,ne rabotele,ne znaele (mozebi ima i takvi,no veruvam se mnogu malku)???Za vakvite komentatori i 20.000 se *golemi plati*.Ako mislis na intelektualcite koi se *pecat* vo reformiranoto ni obrazovanie (tragikomicno vo koj resor minister bese segasniot minister za zdravstvo) i vo institucii koi samo go nosat imeto na Visoko naucni ustanovi (ne site), togas tesko moze nekoj da go razbere Vasiot komentar.Vo celava tragikomicna situacija koja se odrazuva najveke na pacientite, bitna e partiskata opredelba i makedonskiot inaet.Zalno,pozalno ne moze da bide.PORAZITELNO - TRAGICNO!! |
| ѓорѓи кастриот, 21.11.2012 06:25:07 | Се сложувам со авторот дека вреднувањето на трудот на лекарите е неадекватно, исто така дека не се цени квалитетот и дека кванитетот е на прво место. Овие три фактори треба да бидат во корелација и точно одмерени и да бидат имплементирани во платата. Секаде е исто и има ураниловка како во просветата, судството... Пример: -Наставник по математика има иста плата со наставник по историја... Во судството судија кривичар има иста плата со судија за прекршоци. Вакви апсурди во вреднувањето има само во Македонија. |
| satanco, 21.11.2012 07:22:47 | hm, ne e losa ideata so strelanjeto na lekarite. a, NIko (steven Segal - alijas niko todorov)??? kaj klices?? i ce dadele otkazi od rabota. pa ce operiraat djorcev, ilija dimovski-akademikot, latas i mirka. ne e nekoja greda. moze amdi bajram da bide ginekolog- tekstilec. pavle trajanov ce bide za tvrda stolica posto samo stenka koga zboruva. hahaha PALJACO DRZAVA -FIROMIJA. |
| citatel, 21.11.2012 07:37:10 | Sega se zboruva za strajkot vo tercijarno zdravstvo bidejki se bara samo kvantitet a ne se vodi smetka za kvalitet. Koj ja razbira medicinata svaka deka toa moze da dovede do finansiski zagubi bidejki ke se pravat i nepotrebni isleduvanja a da ne zborime za maltretiranje na pacijentot. Od druga strana nikoj ne zboruva za problemite vo primarnoto zdravstvo kade isto taka zaradi kapitacija od 50 denari lekarite se prinudeni da zapisuvaat poveke pacijenti od sto mozat kvalitetno da gi opsluzuvaat. da li moze eden ginekolog kvalitetno da raboti so tolku pacijentki kolku e prinuden da gi vodi kako maticen lekar.??? |
| ФЕЛИКС, 21.11.2012 08:14:50 | Како прво секој има право своето незадоволство од работа да го изрази преку синдикален протест,но пречат најмалку две работи.Првата работа е таа што политиката наголемо се вмешува во тие синдикални протести,па и овој докторскиот.Власта обвинува за подбуцнување на штрајкувачите,додека опозицијата лицемерно ги користи штрајкувачите во пресметка со власта,потези на двете страни кој го девалвираат протестот.Второто нешто што пречи да докторската фела,онаа посветената, совесна, стручна и некорумпирана е секогаш молчалива кон оние кој им го урнисуваат угледот.Па така молчат кога некој не ја знае разликата помеѓу панкреас и бубрег,се молчи кога поради несовесност и нестручност страдаат смртно пациенти,се молчи кога нивни колеги се корумпирани од пациенти,од фармацетски веледрогерии, и т.н А токму тие по инерција се секогаш најгласни во барањето права.Значи да политиката не се вмешува во синдикални активности и да сите негативности да добијат јавна осуда од стручната здравствена јавност. |
| Коста Стоименовски, 21.11.2012 10:26:09 | Колумнистот го покрена мошне важно прашање врзано за лекарите/докторите, нивната политизација, односно партизација. Рускиот писател и Нобеловец за литература (1970) А. Солжењицин беше протеран од СССР 1974 година и отиде на Запад. По 20 години, односно 1994 година се врати во Русија од Исток (преку Владивосток)! Толпата новинари што го пречека Солжењицин во Владивосток! (каква симболика?) му постави прашање дали има намера да формира политичка партиј во Русија, го доби следниот одговор: „ПИСАТЕЛОТ ТРЕБА ДА ГО ОБЕДИНУВА, А НЕ ДА ГО РАЗЕДИНУВА НАРОДОТ!“ И остана доследен до крајот на својот живот! Ако тоа важи за писателите, што може да се каже за лекарите? Политизацијата на лекарите на просторите на екс-СФРЈ ја започна С. Милошевиќ во Србија. Таа матрица подоцна се пренесе и во РМ и, за жал, максимално се практикува токму сега! Добро би било лекарите да се деполитизираат и дефинитивно да се свртат кон својата професијата и здравјето на нивните пациенти! |
| zoran, 21.11.2012 10:27:47 | bash se prashuvav dali nashiot momak za sve nano koj se razbira vo sve ke napishe kolimna i za doktorite i ete ti go super doktorot, kako super politichar, super ambasadador, super profesor, super novinar izleze so doktorska analiza...lesno e koga covekot e t.n. profesionalec za sekakva analiza i momak za sve..zatoa drzavava ni e do ova deredze bidejki sekoj moze da bide sve a za toa najdobar primer e nano !!!
se nadevam deka ke ja ispratite porakarava bidejki Nano ne dozvlival da mu pishivaat iskreni komentari , samo pozitivni i se zalel i zakanuval...ako veke pishiva javno mora i javno da se soochi so sekakvi poraki i mislenja... |
| Nekoj, 21.11.2012 12:14:35 | Jas ziveam 12 godini vo zapadna Evropa i zaminav zatoa sto ne mi se dopagashe makedonskiot mentalitet koj te vleche nadolu po udolnica pravo vo mizerija na duhot. Zosto? Mnozinstvoto e takvo i ve molam ne se delete na intelektualci ili ne zashto chuvstvoto za kultura i common sense nema vrska so toa kolku nekoj e inteligenten ili ne. Mizerijata na duhot treba da se lechi vo Makeodnija. Jas bev vo klinichki koga rodnina trebashe da se lechi i toa shto go vidov me zaprepasti. Toa licheshe na se osven na humanitarna kuka. Odnosot na doktorite beshe strashen i sramoten. Pacinetete bea tretirani kako dobitok. Svesen chovek bi reagiral suhte koga se pojavija prvite znaci na raspaganje na zdravstvoto a ne sega koga realnosta gi udrila po gebovite. Kade bea da go stopiraat rspaganjeto na nivniata institucija porano? Zaoshto se vseluvaat tamu po familijarna linija? Odogvorot e eden, makedonecot treba doprva da go menuva svojot mentalitet koj e dlaboko zaglaven vo provincijalizam. Pozdrav. |
| Predavnik, 21.11.2012 14:15:52 | Ne e ubavo da se zazema strana i da se udira samo radi udiranje i napadjanje. Ministerot verovatno ima nekoi pogreshni potezi, no najpogreshniot e buntot na doktorite da ne bidat placani spored srabotenoto. Zarem toa ne e apsurd nad apsurdite? Verovatno Pravilnikot za ocenuvanje ne e naj adekvaten (ke se doraboti), ama za namerata ne moze da se diskutira, ushte pomalce da se diskvalificira. Vie kako javna lichost i profesor, so mnoshtvo prijateli medju istaknatite lekari (ruka ruku mie) i ne se soochuvate so problemite na obichnite smrtnici, pa taka razmisluvate i diskutirate. Ama nie imame sosem drugo mislenje (beskrajno chekanje na nivno ne rabotenje i izivuvanje), poradi shto ministerot i treba da im go pokaze mestoto i obvrskite. Predavnik sum i zestok kritichar na aktuelnata vlast i patriotite, ama neshto shto e, e, i treba da se kaze da e! Na kraj od kraishtata, zad tie merki stoi tim na eksperti tokmu od taa fela. Ministerot samo aminuva. Zatoa, ne daj se ministre! |
| jovan, vlada @, 21.11.2012 15:24:43 | До Коста Стоименовски,што се умилсува дека е некој голем коментат��рски бард а ние другите сиет прости партиски војници.Коста незнам колку години имаш јас почитувам постари па макар и година дена ама едно ќе ти кажам не си ти тој што треба да кажува кој е партиски војник и кој е „независен“ коментар како тебе,ок задржи си го мислењето за тебе а тука кометирај за темите и колумните што се од соодветна област.А за г-динот Нано, мислам дека нема потреба што да се коментира смени неколку партии ЉуБчо го направи човек кога го стави за амбададор на НАТО во Брисел, човек кој доживеа политички порази од Иванов, пораз до пораз на човек кој мислам дека му е времето за политичка пензија и да не се бламира вака.Годините поминаа на манипулации и лажни оратори почитуван Ружин, само на вас и на СДСМ топтан сосе другар ти ЉуБчо нема кој да ви каже.Поздрав и се надевам дека конечно ќе обајвите еден коментар. |
| Doktor, 21.11.2012 16:54:14 | Da bideme pragmaticni. Obvrskata na ministerot e da im obezbedi na bolnite kvalitetna, sigurna, navremena i kontinuirana medicinska zastita. Kolku e kvalitetna i sigurna medicinskata zastita vo Makedonija moze da se diskutira ali sigurno e daleku pozadi Z. Evropa, U.S. ili Kanada. Ministerot raboti nesto na toa ali, verovatno poradi nepoznavanje na medicinata, medicinskata edukacija i zdravstvenite sistemi, poveketo od negovite akcii se bez potencijal da uspeat, a nekoi se opasni. Koga e vo prasanje navremenata i kontinuirana medicinska usluga tuka ministerot potfrlil kompletno. Odnesuvanje od pozicija na sila, kako i konfliktni i tepacki stil sto go primenuva, ne e dobar za rakovodenje so zdravstvoto. So nezadovolstvoto i strajkovite zdravstvoto e vo koma i bolnite ne dobivaat ona sto im treba. Sistem, gi pregleduvame site, a gi lecime samo itnite slucai e katastrofa. Na mnogu bolni im se nastetuva. I dvete strani treba da se sramat. |
| Haralampie, 21.11.2012 18:58:41 | Frle, mozebi si vo pravo, no prvo da odgovoris na nekolku prasanje onaka prosvetleno: Dali onoj sindikalecot od Grankoviot ne e vladin covek isto kako i site sindoikati vo drzavava uporno se protiv strajk 2. ako 1400 specijalisti se opoziciski vojnici togas trebe ti i tvojot sef da se podzamislite i 3. toj sto ne razlikuva pankreas od bubreg e covek na ministerot koj e del od ekspertski tim ,ne znam kolku mu e IQ. pak si ja utnal temata sto bi rekla Baba Evda koja redovno te udara po nosot. |
| Јованче и Мариче, 21.11.2012 19:15:42 | Јоце владин , бараш да се дискутира за темата , а почна да лупаш по Ружин и Стојменовски! Љубчо го направил Ружин? А , чие дело е Груевски , кој од анонимус направи министер , лидер на партија , па и премиер? Да не е тоа оној лошиот Љубчо? |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 0°C
Магла
|
Среда
Ведро
Макс: 7°C, Мин: -1°C
|
Четврток
Сончево
Макс: 8°C, Мин: -1°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (42)Титовата шлаканица ја открива тајната.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетел��а“ |
|