15.11.2012, 12:09 Изложба во Софија на старата кратовска архитектура
Стара градска архитектура од Кратово е претставена преку цртежи и слики на деца од Македонија, Србија и Бугарија, учесници на традиционалната Детска ликовна колонија
Ретроспективна изложба на стара градска архитектура од Кратово претставена преку цртежи и слики на деца од Македонија, Србија и Бугарија, учесници на традиционалната Детска ликовна колонија која по 19 пат се одржа истиот град, во организација на Домот на културата „Лазар Софијанов", ќе биде отворена вечерва во 18.30 часот отворена во Софија, во Културно-информативниот центар на Република Мак��донија.
Изложбата е инспирирана од убавините на старата архитектура, а најчести мотиви на талентираните млади учесници се градските кули, мостови, чешми и старите кратовски куќи. Изложбата ќе ја отворат директорите на Центарот во Софија, Васко Шутаров и на Домот на културата во Кратово, Живко Крстевски. Проектот е поддржан од македонското Министерство за култура. |