04.11.2012, 15:04 Доделени наградите на „ФАДФ Камера 300“
Највисоката награда Гран-при ја понесе филмот „Пази да не загори“ од Радован Ѓериќ, кому му припадна и авторската награда за идеја
Битола - Жири-комисијата во состав: Илинденка Петрушева од Македонија како претседател, Станимир Трифонов од Бугарија, Недељко Деспотовиќ од Србија, Деметриос Павлидис од Грција и уште еден член од Македонија, поточно од Битола, Јован Ристевски, ги прегледаа сите 34 пријавени филмови за годишниот јубилеен фестивал „ФАДФ Камера 300“ и донесоа одлука, во официјалната програма да бидат 16 филма во две селекции.
Највисоката награда Гран-при ја понесе филмот „Пази да не загори“ од авторот Радован Ѓериќ, кому му припадна и авторската награда за идеја. Кога сме кај овој автор да кажеме и дека тој за својот филм „Попика“ ја понесе и „Сребрената плакета Камера 300“, а „Златната камера 300“ ја понесе филмот „Адаптација“ од авторот Даниел Карач од Франција, додека „Бронзената камера 300“ ја добија младите автори од Бугарија - Шумен за филмот „Без повод“.
Авторските награди за Камера - награда на Општината Битола, им е доделена на авторите од Прилеп, Зоран Пилоски и Ордан Ангелески за филмот „Време“. Авторите Јетон Селими и Александар Наумовски за филмот „Гопеш нашето село“ ја добија наградата за режија - Драги Савевски. Наградата за монтажа му припадна на авторот Џемс Калмерс од Англија, наградата за репортажа ја доби Јиржи Котовои од Русија за филмот „Мувла“, додека плакетата на УНИКА му припадна на Оскар Сеиберт од Германија за филмот „Незаборавни слики“. (А.Б.) |