05.11.2012, 16:11 (ФОТО) Опасен спот на Елена Ристеска
Во друштво на многу познати фаци, денеска беше промовиран видеозаписот наречен „Опасно време“
ФОТО: Киро Попов
Денеска е промовиран видеоспотот за новата песна на Елена Ристеска - „Опасно време“ со која по едногодишна апстиненција, таа супериорно се врати на музичката сцена.
Видеоклипот, всушност, е „краток игран филм“ во режија на младиот автор Даниел Јовески. Покрај главната хероина Елена, во спотот играат и професионалните актери Славиша Кајевски и Нино Леви. Спотот е сниман на дваесетина локации во Скопје и Охрид во период од една недела.
Инаку, песната „Опасно време“ е снимена во студиото „Димитрови“, автор на музиката, аранжман и продуцент е Дарко Димитров, а текстот е заедничко дело на Мирко Попов од ПМГ и Елена Ристеска.
|