05.11.2012, 16:39 Бојко Борисов со грчка реторика
Бугарскиот премиер во интервју за „Етнос“ ја советува македонската Влада да гради инфраструктура, а не да прави споменици
Од нашиот дописник Миркица Поповиќ
Атина - Бугарскиот премиер Бојко Борисов ја советува македонската Влада да ја остави историјата на историчарите и да се позанимава со развој на инфраструктурата и подобрување на односите со соседите. Борисов во интервју за грчкиот весник „Етнос“, од кое речиси половина е за бугарските ставови за Македонија, испраќа порака до нашата држава дека предуслов да добиеме зелено светло за членство во ЕУ од Бугарија е да започнеме д�� ги решаваме проблемите на европски начин, со почит кон историјата и мислењата на другите.
„Да бев јас премиер на Македонија ќе ја оставев историјата на историчарите, да се докажуваат меѓу себе кој има право и ќе почнев да се занимавам со инфраструктура, патишта, железнички линии, ќе направев најдобро што можам за да имам најдобри односи со соседите од регионот“, коментира Борисов. На прашање за бугарското искуство со „македонскиот национализам“, бугарскиот премиер забележува дека на Балканот сите на некој начин по малку се националисти. „Сите се попаметни и знаат се', меѓутоа еве знаеме дека толку години Македонија не може да го реши спорот за името“.
Во слична реторика со онаа која ја слушаме постојано од грчка страна, Борисов посочува дека ако некој е членка на ЕУ и НАТО, потребно е да ги прифати реалните граници и да ја почитува историјата на другите, па поради тоа македонската Влада треба да почне да ги решава проблемите на европски начин за да добие бугарска поддршка. „Да, јасно, таквото однесување е предуслов за бугарска поддршка на европската перспектива на државата. Истото тоа важи и за Турција, Србија, Босна“, вели тој.
„Не можам да кажам дека историски знам толку работи, меѓутоа не се сеќавам на друг период кога сите балкански држави имале една заедничка цел. Но, тоа не значи само да земаш пари од европската каса, туку значи да научиме да ги почитуваме другите. Ако нивниот приоритет е да градат споменици или да прават филмови, тоа е нивна работа, јас преферирам да правам патишта“, коментира бугарскиот премиер во критика на политиката на споменици на македонската Влада.
Борисов се фокусира на бугарските инфраструктурни проекти како пример по кој треба да оди Македонија, како автопатот Струма - Стримона од Бугарија за Грција, кој според него треба да биде готов за две години и ќе овозможи побрзо патување од Софија до Солун. Споменува дека е отворен нов мост кон Романија. „Кога јас ги градам овие работи, Грците се радуваат“, вели бугарскиот премиер, повлекувајќи паралела на бугарските и македонските приоритети за ЕУ.
|
|
Статијата е прочитана 3646 пати.
|
Испрати коментар
|
|
ivan, 05.11.2012 17:10:02 | gospodinebojko borisov dali znaes edno vo politikata i vo zivotot e pocituvajme za date pocituvam ako ima bugari vo makedonija dalie mozno da nema makedonci vo bugarija ako etaka ako barate prava za bugarite vo makedonija zosto ne mu davate prava na makedoncite vo bugarija narodot znae i sigi slavi zaednickite praznici a onie sto nese zaednicki si gi slavat posebno a za gradenje i kradenje neni kazuvajte skoro ste rvnopravni |
| Blerim, 05.11.2012 18:23:31 | Se ubavo kazano od Bugarskiot premier-nemam sto drugo da dodadam. |
| Градежник, 05.11.2012 20:38:27 | Па и Македонија прави патишта, еве еден кон Косово кај да е најбргу ќе биде готов. Пред сите раскрсници напишаа Qender. Малку ли е тоа?! Слабо гледа Борисов што се` е сменето. |
| dimce, 05.11.2012 21:03:08 | Nikogas ne sum gi simpatiziral Bugarite, ama izjavata mu e na mesto....nie sme daleku od Evropa i nivnite vrednosti. |
| pile, 05.11.2012 22:59:19 | „Сите се попаметни и знаат се, меѓутоа еве знаеме дека толку години Македонија не може да го реши спорот за името“.Deka izjavata ne e tocna na Premierot na prijatelska R.Bugarija G-din Borisov, zboruva denesniot odgovor (citaj realizacija na scenarioto za velepredavstvo na Drzjavnite interesi na R.M.), na t.n. memorandum za razbiranje-revizija na VS od 1995 godina od strana na Ministerot za nadvoresni raboti na R.Makedonija.Ministerot odgovara samo vo nekolku delovi od memorandumot,sto znaci za drugite koi ne gi negira-otfrla, Vladata na Gruevski se soglasuva,kako na primer; resenie na razlikite za imeto so sosedna Grcija so geogravska odrednica,( nekoj ke rece dobro e ne e Republika Makedonija (Skopje)),dodeka neizostavuva vo stavot 7 od odgovorot da go spomene uslovot na Ek sodrzjan vo godinesniot izvestaj za napredok na R.M. za kako sto veli,,,...se nadevam isto taka deka ke se soglasite(mislejki deka Gruevski se soglasil),spored koja .. razlikite za imeto da se resat vo ,,rana |
| George, 05.11.2012 23:09:12 | „Да бев јас премиер на Македонија ќе ја оставев историјата на историчарите, да се докажуваат меѓу себе кој има право и ќе почнев да се занимавам со инфраструктура, патишта, железнички линии, ќе направев најдобро што можам за да имам најдобри односи со соседите од регионот“, коментира Борисов. Па нели и Македонија вели да ја оставиме историјата на историчарите, а Бугарија бара промена на учебниците по историја? Некој овде лаже, а се знае кој.
Покрај тоа треба ли да лажеме за тоашто било пред 100 години? Со ставање на историјата под тепих, таа нема да се промени (туку може само да засмрди). |
| VP, 05.11.2012 23:20:54 | Реториката е најмалиот проблем, но и таа е проблем;
Бугарската политика е една напред - две назад ... како ганкиното оро;
Проблемот еднаш создаден има свој живот - пробајте да ги средите работите сега - тешко ке оди....;
Доброжелатели - и од внатре и однадвор - тикаа Македонија и Бугарија кон билатерални проблеми - по се изгледа им успеваат напорите - барем за сега...
|
| former struzanec, 06.11.2012 00:18:24 | Nemoj Bojko taka da ja kritiziras vladata od Gwujo Megalomanot zas Felix i Jovan ce ti se sisnet tebe i ce ti kazet deka Branko e kriv . A za avtopati malce morgen .... na selani ne im trebelo avtopatista |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 9°C
Делумно облачно
|
Вторник
Претежно облачно
Макс: 18°C, Мин: 7°C
|
Среда
Обилни врнежи
Макс: 9°C, Мин: -1°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (45)Инцидентот на Бајкалско Езеро. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|