Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
02.11.2012, 12:35

(ФОТО) Њујорк се соочува со недостиг на гориво и храна

Јавниот сообраќај во Њујорк по налетот на ураганот Сенди се' уште е парализиран, а на бензинските пумпи има долги редови на возила

Метрополата Њујорк почнува да се соочува со недостиг на храна и гориво во делови на градот, каде снабдувањето е отежнато поради поплавувањата предизвикани од ураганот Сенди.

Во голем број бензински пумпи во Њујорк и во соседниот Њу Џерси вчера имало долги редови на возила, а избиле и тепачки меѓу возачите, особено кога ќе се пронел глас дека пумпата е при крај со гориво.

- Страшно е надвор. Луѓето се туркаат, влегуваа едни пред други во редот. Ова не се случило во Њу Џерси, изјави за телевизијата Фокс Бети Бетеа, која три часа барала отворена бензинска пумпа во Њу Џерси.

Многумина граѓани јавија случаи на тепачки, па дури и употреба на ножеви и оружје, за да се дојде побрзо на ред.

Јавниот сообраќај во Њујорк се` уште е парализиран, со неколку линии на метрото кои работат, поради што граѓаните се принудени да ги користат автомобилите. Огромната постројка Линден во Њу Џерси, од каде голем дел на Њујорк се снабдува со гориво, останал без струја и не може да ги полни цистерните.

Други, помали магацини за гориво, биле поплавени. Рафинериите, магацините за гориво и бензинските пумпи се на приоритетната листа за дистрибутивните компании за поврзување на струја, но работата се уште не е завршена. Неколку огромни рафинерии за нафта во близината на Њујорк се уште не проработеле повторно, по ударо на Сенди. Се очекува денеска да проработи и но моменталниот недостиг на пумпите не се должи на застојот во рафинериите, туку е до магацините кои го дистрибуираат горивото до пумпите.

Бурата го затвори и Колонијалниот нафтовод, главната артерија за пренос на бензин од рафинериите во Тексас до потрошувачите во североисточниот дел на САД, која е зависна од електрична енергија за нејзините пумпни станици. Се очекува оваа линија да проработи денеска.

Во Стејтен Ајленд граѓаните се соочени и со недостиг на храна, и гориво за греење на ниските температури.



- Гладуваме, се мрзнеме. Имаме луѓе со по 90 години. Поминаа веќе три дена, донесете камиони, побарала Дона Соли од Стајтен Ајленд преку телевизијата Еј-би-си.

Повеќето смртни случаи од ураганот Сенди во Њујорк беа на Стејтен ��јленд, а околу 80.000 жители на островот се уште се без струја. Недостиг на храна има и во населбата Хобокен, на реката Хадсон. Повеќето продавници таму се затворени, а 50.000 луѓе се уште се без струја.

Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, вчера најави испраќање на подвижни кујни во деловите на градот каде недостасува храна, како и ангажман на Црвениот крст за снабдување со хуманитарна помош. Куомо распореди над 1.000 припадници на националната гарда на Њујорк за да спречи безредија и кражби, кои се јавуваат во евакуираните делови на градот, пред се на Кони Ајленд.

Тој упати отворено писмо до директорите на најголемите електро-дистрибутивни компании во неговата држава, во која ги предупредува дека ќе се соочат со казни ако не го забрзаат поврзувањето на исклучените граѓани и компании на мрежата, како и поради тоа што не се подготвиле доволно добро за ураганот иако имале недела дена време. Куомо дури се закани со одземање на лиценците на дистрибутерите и бара смени во раководствата.


Статијата е прочитана 852 пати.

Испрати коментар



Бугарија не ја поддржува по секоја цена Македонија кон НАТО и ЕУ
Контрапротестанти се обиделе да го растурат протестот на АМАН
„Коалиција за живот“ ја буди свеста за наталитетот во Македонија
Населбата Карпош 3 доби нов плоштад со фонтана
Владата го утврди Предлог буџетот за 2013 година
Разведени лезбејки делат имот во Македонија
Клинтон до Иванов - Сите сакаат да ве видат во НАТО
Македонска државјанка во Швајцарија осудена на 32 месеци затвор
Бројот на жртвите од „Сенди“ се искачи на 106
И Обама и Ромни најавуваат победа во пресрет на изборите
Попоски до Младенов - Можеме да градиме добрососедски односи
Атина го чека одговорот
Големата полутопка се удомува над Собранието
Бунтовници масакрирале сириски војници
Познати добитниците на наградата „13 Ноември“
(ФОТО) ДУИ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за диктатура
Наскоро паричниците ќе ги замениме со мобилни
Во „Микросам“ врвни експерти по роботика и композити
Убиецот од „Биг Фиш“ останува во притвор
(ФОТО) Итна медицинска помош доби 69 нови возила
Златна зора како граничари на преминот Дојран
Независна Шкотска автоматски ќе стане членка на ЕУ
Владата со нови мерки за развој на бањскиот туризам
Новиот Буџет нема да биде поголем од годинешниот
Писмо со сочуство од Иванов до Обама за настраданите во ураганот Сенди
Орав - Никој нема гаранции што ќе се случи во декември
Mетеоролозите најавуваат нова бура во САД
Грчкиот новинар ослободен од обвинувањата
Амандманите за Законот за бранители пред Комисијата за труд
Не помина интерпелацијата за претседателот на РКЕ
Реконструиран паркингот спроти „Нова Македонија“
„Мојот ум не размислува за перење пари“
Преку кампањи ќе се учат како да препознаваат депресија
Опозицијата ја обвини Регулаторна за нетранспарентна работа
Почна електронското полагање на возачки испит
Потврдена затворската казна за Панде Лазаров
Министерот барал списоци на лекарите штрајкувачи?
Амандманите на Законот за бранители доставени до пратениците
Иванов до Плевнелиев - Сакаме да разговораме за иднината
Битолчанец собра печурка за Гинис
Пожар во фабриката на тутунскиот бос Бајруш Сејдиу
Јавниот сектор ќе стави рака врз граѓанскиот
Обвинувањата на Софија за добрососедските односи се нереални
Попоски - Подготвен одговорот на грчкиот Меморандум
Мобилни шалтери за даночни услуги
Храбар старец избрка разбојници
Февруарските пензии „подебели“ за 550 денари за сите пензионери
Николиќ - Време е за решение за Косово
Изгубен клуч што отвора 180 ќелии во белгиски затвор
Хилари Клинтон допатува во Тирана
Четири лица повредени при престрелка на Универзитетот на Јужна Калифорнија
Убиство на Ноќта на вештерките во Тетово
Бесплатни прегледи во Систина Офталмологија
Уште еден новинар уапсен во Грција за тајни сметки
Собранието ќе расправа за интерпелација на претседателот на РКЕ
Стартува примената на електронската здравствена картичка
(ФОТО) Најмалку десет загинати во експлозијата во Ријад
Бројот на жртви од Сенди се искачи на 74
Филе како „ѕид за плачење“ за Софија
Клинтон се сети на Стенковец, не и на Македонија
Папандреу избркан од ресторан во Берлин

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 7°C

Ведро

Сабота
Делумно облачно
Макс: 19°C, Мин: 6°C

Недела
Делумно облачно
Макс: 20°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (42)
Титовата шлаканица ја открива тајната. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Кога Менхетен се врати во камена доба
По најмногу еден ден без греење и струја, без вода за туширање и да се пушти вода во тоалетот, Њујорк не е воопшто забав...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |