02.11.2012, 14:45 Мекејлеб за брза рехабилитација на Фенербахче
Предводен од нашиот репрезентативец (13 поени), Фенер го порази Панатинаикос со 76:64
Македонскиот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб и неговиот Фенербахче Улкер не си дозволија нов евролигашки кикс на домашен терен.
Поразот од „кралевите“ во минатото коло беше вистинска лекција за „слаткарите“, а тоа го покажаа не дуелот со Панатинаикос. Предводен од Мекејлеб и неговите 13 поени (средбата ја заврши како прв стрелец), Фенер го порази грчкиот тим со 76:64 и ја запиша третата победа во Евролигата со која се најде на второто место во групата А.
За 17 минути во игра натурализираниот Македонец додаде еден скок, асистенција и две украдени топки. (М.К.)
|