Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
01.11.2012, 14:29
Квери му ја уништи забавата на Ѓоковиќ



Србинот дојде на мастерсот во Париз со маска од Дарт Вејдер, лик од „Војна на ѕвездите“, а си замина со наведната глава

Новак Ѓоковиќ го уништи својот имиџ на ментална карпа откако доживеа неверојатен пораз од Сем Квери, во првото појавување на мастерс-турнирот во Париз. Вториот светски рекет го освои првиот сет со 6:0, водеше со 2:0 во вториот и на крај излезе како поразен со 7:6 во вториот и 6:4 во третиот сет.

„Одличен тенис во почетокот, но знаев дека денеска ќе имам проблем со континуитетот. Не беше судено по вториот сет. Почувствував дека паѓам психолошки и потоа се мачев во секој гем“, изјави Србинот, кој минатата недела се справуваше со стомачен вирус. Имаше најави дека тој можеби ќе се повлече од турнирот во Берси, затоа што неговиот татко Срѓан деновиве се наоѓа во болница во Белград, со проблеми на респираторните органи.

„Не би сакал да зборувам за тоа. Извинете, но тоа е приватно и би сакал да го зачувам такво. Некои работи се случија и имам многу мисли во главата, така што моментно ми треба одмор од неколку дена пред АТП-финалето во Лондон“, кажа отворено Ѓоковиќ, притоа потенцирајќи дека неговиот приватен живот не го зема како изговор за поразот.

Сем Квери не можеше да се соземе од среќа. Не затоа што се пласира во осминафиналето на последниот Мастерс во годината, туку затоа што дури во петтиот дуел го победи тенисерот кој ќе ја заврши 2012 на врвот.

„Ова е мојата најголема победа, се чувствувам прекрасно. Сервирав одлично. Кога имав негатива од 6:0 и 2:0 сакав само да освојам гем. Кога го направив тоа добив самодоверба“, објасни Американецот по мечот. Место за четврт-финале ќе бара преку Милош Раониќ од Канада, кој исто така по пресврт го елиминира домашниот миленик Жереми Шарди.

Дебаклот на Ѓоковиќ фрли сенка на преостанатите победи на фаворитите. Третиот носител Енди Мари го победи Пол Анри Матје со 7:5, 6:3, а четвртиот фаворит Давид Ферер беше убедлив со Гранолјерс-Пујол со 6:1, 6:3. Победи за осминафинале остварија и седмиот носител Дел Потро, осмиот Типсаревиќ, деветтиот Монако и 11. Алмагро. Разочарување доживеа 12. носител, Ришар Гаске, кој во три сета загуби од Јужноафриканецот Кевин Андерсон (7:6, 4:6, 6:1).



Статијата е прочитана 1453 пати.

Испрати коментар



Само бод за Манчестер Сити на гости кај Вест Хем
Антиќ го доби дуелот со Илиевски
Меси му посака добродојде на синот Тијаго
Лејкерси пак загубија, Мајами прегазен од Њујорк
Мекејлеб за брза рехабилитација на Фенербахче
Црна Гора ја „тресна“ Германија!
Полјакот Јанович со скалпот на Мари!
Ракометарите преку Португалија до Данска
Паркер со звукот на сирената ја урна Оклахома
Фиорентина по 30 години победи во Џенова
Босилков веќе не е претседател на МЗТ
Харден како ракета, нов пораз на Лејкерси
Погба го спаси Јуве, пресврт на Интер
Лазаров - Не очекував вака лесно да победиме
Челзи му врати на Манчестер јунајтед
(ФОТО) Македонија со победа ги почна квалификациите за ЕП



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 7°C

Ведро

Сабота
Делумно облачно
Макс: 19°C, Мин: 6°C

Недела
Делумно облачно
Макс: 20°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (42)
Титовата шлаканица ја открива тајната. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Кога Менхетен се врати во камена доба
По најмногу еден ден без греење и струја, без вода за туширање и да се пушти вода во тоалетот, Њујорк не е воопшто забав...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Маг��зин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |