Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Македонија
02.11.2012, 17:21

Нема чудо, туку хемија

„Очекував експертизата да покаже дека станува збор за процес на зголемување на влажноста што предизвикало чистење на фреските“, вели Коста Балабанов

Катерина Богоева

„Се' уште не може со сигурност да се каже од што настана ’чудото’ со фреските во црквата ’Свети Димитриј’“, потенцира Ема Петрова, директорката на Конзерваторскиот центар - Скопје, кој работи на научното објаснување на промените на дел од фреските што настанаа пред и по Велигден годинава. Фреските тогаш ја добија својата природна боја што од страна на верниците и дел од црковните лица беше протолкувано како „прочистување“. По објавените информации во дел од медиумите дека промените на фреските се резултат на кондензацијата и влагата во црквата, Петрова демантира дека започнатите анализи се завршени и дека токму влагата е единствената причина за „чудото“.

„Се' уште не е готов официјалниот извештај на комисијата која ги прави анализите, а тоа го изјавил и нашиот колега хемичар Никола Ангелов. Очекувам комисијата на крајот на ноември да го комплетира извештајот по претходно разгледување на досега добиените резултати, а дури потоа тој ќе биде доставен до надлежните институции и ќе се презентира во јавноста. Но, ние ќе продолжиме да ги следиме промените на фреските за да видиме што ќе се случува и што е она што ја предизвикало влагата. Потребни се подолгорочни истражувања во различни периоди од годината за да се следи како и зошто е настанат тој процес“, рече Петрова.

Ниту таа ниту хемичарот Ангелов не сакаа да ги потврдат ниту да ги демантираат неофицијално презентираните досега добиени сознанија дека во наводното „прочистување“ на фреските не се користени органски и неоргански растворувачи, дека за тоа ќе треба да се почека извештајот.

А Скопската епархија сепак вчера ги поздрави напорите на експертите од Конзерваторски центар за научно докажување на појавата со фреските во храмот „Свети Димитриј“, искажувајќи и задоволство што „експертите им докажале на многумина злонамерници дека ниту човечка рака, ниту, пак, некое средство учествувало во чистењето на фреските“. Ги поздрави напорите, иако Конзерваторскиот центар го нема изготвено, ниту пак го има доставено до МПЦ официјалниот извештај.

„Но од друга страна, изразуваме и огромно чудење и сомнеж во резултатот од истражувањата на оваа наша реномирана установа, иако разбираме дека под притисок на јавноста мораше да се изнесат какви-такви видувања. Многу аспекти ни наведуваат на нашиот заклучок, зашто како е можно со толку произволен пристап да се донесуваат конечни решенија. Имено, заради поподробно запознавање на пошироката јавност, ако причината за самочистењето на фреските е влагата, која доаѓала од тоа што ’подот се трие и се чисти со плискање вода од кофи’, (цитиран извадок од весник н.з.), веднаш укажуваме дека подот не се чисти на тој начин, бидејќи храмот нема одвод, туку се чисти со помошно средство-џогер кое само се навлажнува во вода. Оттаму, толку ли е големо ова количество на вода, па да придонесе до таков степен на влага и кондензација, односно да покрие толку голем простор. Второ, храмот не се чистеше на овој начин само пред минатогодишниот Велигден, тоа се случува откога тој постои“, стои во соопштението од Епархијата, од каде што меѓу другото се прашуваат дали за самочистењето биле „виновни“ „обилните дождови и новоградбите кои ја спречуваат циркулацијата на воздухот“ бидејќи процесот продолжил и кога немало ни дожд, ни влага и зошто сето тоа не се случило порано... И, дали ќе следат објаснувања или повторно ќе се постават дилеми околу појава на нова нијанса на бојата и др.

Иако беше формирана и комисија во МПЦ која ја разгледува појавата на „чудото“ се' уште во јавноста не е презентирано ниту ова официјално видување и оценка за промените на фреските во скопскиот храм.

А историчарот на уметност Коста Балабанов кој пролетва, непосредно по појавата на „чудото“ за „Утрински весник“ го изнесе своето стручно мислење дека појавата беше непосредно врзана со претпразничното генерално велигденско чистење на храмот, вчера потенцираше: „ Фактот што стручната експертиза која ја врши одговорниот Конзерваторски центар досега покажува дека не станува збор за некакво чудо туку за процес на зголемување на влажноста која ја предизвикало чистењето на дел од ореолите на светителите насликани главно во секо техника, за мене беше очекуван. Под претпоставка настанатиот проблем да се третира чесно и стручно. Мислам дека сега не треба да се бараат некакви кривци и сторители на ова дејание, бидејќи од почеток беше јасно дека тоа било врзано за редовното годишно чистење на храмот кој за разлика од претходните, оваа година се мешаа некои посериозни метеоролошки услови кои доведоа до зголемување на концентрацијата на влага во објектот“, изјави Балабанов.


Статијата е прочитана 2231 пати.

Испрати коментар



„Руен“ од Кочани оди во стечај
Фоторетровизор



Kojco, 02.11.2012 22:58:55
Tolku od cudoto, cudo za dva dena. Kolku forsiranje na cudo sto ne postoese. Sramota pa i Gruevski bese da go vidi cudo, a ono od vlaga na zid. Hahahahahah Vraniskovski e kriv i za ova CUDO..
jovan, 03.11.2012 00:38:49
Sramota e vo 21vi vek da ne lazat so srednovekovni lagarii. Sramota e za ovoj narod. Ni se smee cel svet za ovie freski koj Gospod ni gi ocistil. Otvorete bilo koe stransko spisanie koe e za gradezni materijali, pa ke vidite deka ima boi, lakovi i fasadi nameneti za samoprocistuvanje. Mnogu Italjanski crkvi denes se premackani so takvi boi, duri i nadvorsnite fasadi, koj na najmala vlaga ili dozd(za fasadite) necistotijata paga i zidovite se cisti bez nekoj da gi *procistuva*. Zgradata na AirFrance na aerodromot vo Pariz e premackana so takva fasada koja stalno e cisto bela a nikoj ne ja cisti, a se naoga na lokacija koja e dosta zagadena od izduvni gasovi.Vo pogolemite gradovi kade sto zagadenosta e golema, ovoj vid fasadi se upotrebuvaat se poveke, i*zgradite sami se cistat*koga ke dojdat vo dopir so vlaga/voda. Tocniot sostav ne go znam, no e nesto na*Titaniumski katalizatori* i toj vid boi, fasadi i premazi se reklamiraat na zapad naveliko kako*Miraculous *(cudotvorni).
Ilija, 03.11.2012 00:41:48
ma koj e ovoj Kosta Balaban....od cel svet da dojdat eksperti nema da im e jasno kako se vreskite samoiscisteni.Mnogu jasno se raboti za cudo.cudesno.zatoa so vakvi istoricari i strucnaci nema da imame drzava sramota i zalosno
mirjana, 03.11.2012 00:45:14
do kade ke odite nevernici!!!
SlaveProjko, 03.11.2012 02:43:14
„Дефинитивно е докажано дека ѕидовите во Свети Димитрија не се допрени со рака; зачадените фрески не се исчистени со сјај, ниту со некои растворувачи...“. Ете, паѓаат во вода тврдењата дека човек тоа го направил... Сполај Му на Бога, некои нагрнаа со напади врз луѓето од црквата, небаре се некакви злочинци и измамници... – Фак е дека фреслите се „самоисчистија“! – факт е дека тоа почна на Господовиот празник Цветници; – факт е дека науката не знае за чуда, туку за „сплет на околности“. За доаѓање на некаков „вонземјанин“, или Ангел, или дејството на Духот што извира од ликот на иконите, науката допрва ќе истражува. Сега ја имаат само претпоставената влага; па и само таа да е, појавата е вонсериска, во Македонија не доживеана до сега. Извлечете назидателни заклучоци! Не бидете овци што само блеат, дали сте новинари или наивни верници, сеедно!
билјана, 03.11.2012 08:03:22
Државата како да ја прават историчарите и стручњаците, а не народот. А неверниците ќе одат дотаму до кадешто му е судено на секој човек, верник или не. Трагично е ова, верници-неверници, за верниците се разбира, и оние другите што се замараат. Освен н�� Црквата, ова чудо нема никакво значење за луѓево, да не живеете подобро, посреќно, ако е чудо. Само црквата ќе заработи. Доста више со величења на обични смртни (земски) институции.
novak, 03.11.2012 09:20:52
Pogolemo cudo e polemikata koja se otvori po toj povod. Slusame i citame razno razni objasnuvanja i komentari no nitu edno na mesto. Pa sto ke reces na toa ako ne: Cudna nacija. Pa i ovoj komentatorov Jovan sto spomnuva nekoi hemikalii sto se koristele nekade. Pripazi malku zar ne ti teknuva deka sega site ke navalat da go baraat toa sredstvo za fasadi samo da se izbegne cistenje a toa e rizicno ke ne ispootrujat a ti ke bides vinoven
Mark, 03.11.2012 13:11:53
Fala i na Ema Petrova sto ni otkri volseben nacin za cistenje - plisni kofa voda po podot i utre sabajle - op - cistooo! Podovi, zidovi, tavani, se naednas! A be ova e ,,pojako,, od Kirbi i Rejnbou!
zedorf, 03.11.2012 13:30:14
pa togas zosto ni se konzervatori ajde site doma.i na nivno mesto kofi so voda i vlaznost , eve jas na konzervatorite mu davam pari da gi iscistat site crkvi so nivniot metod ama ako ne uspeat togas da si zaminat od rabota. bideki da kazufas nekoja ekspertiza bez opit nee ekspertiza .
zagrizen, 04.11.2012 02:55:25
Gi citam komentarite na mirjana,Slave Projko,biljana i slicnite na niv i sega so sigurnost zanam deka Makedonija ima idnina...... ama za zal nikakva. Za zalenje sme lugje,za zalenje!!!!!!!!
BILJANA, 04.11.2012 09:25:53
Za sekoj Pravoslaven vernik, ova e golemo CUDO, i, nikoj ne moze da ne razubedi deka ne e taka.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
   


Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Обилни врнежи

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 21°C, Мин: 10°C

Вторник
Делумно облачно
Макс: 19°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (44)
Љубовницата на Тито. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавува��е извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Настани
Интервју - Најмалку енергија трошам кога се однесувам како јас
Масимо Савиќ е музичар со особен сензибилитет, вонвременски глас и препознатлива емоција...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |