05.11.2012, 09:21 Поразот на „Вашингтон Редскинс“ - лош предзнак за Обама?
Едeн од урбаните митови поврзани со претседателските избори во САД и американскиот фудбал е дека екипата на „Вашингтон Редскинс“ го претскажува резултатот, со последниот натпревар што го игра пред изборите.
Митот за „Редскинсите“ вели дека, доколку тие победат на последниот натпревар на домашен терен пред изборите тоа значи дека актуелниот претседател или нов кандидат на неговата партија ќе победи. Пораз на „Редскинсите“ значи дека во Белата куќа ќе се всели нов претседател, од спротивната партија.
Овој урбан мит прв пат се појавил во 1936 годи��а. Единствениот случај кога ова не се остварило е во 2004 година, кога „Редскинс“ загубија од „Грин Беј Пекерс“, но Буш сепак го победи противкандидатот Џон Кери, и остана претседател уште четири години. Веќе на следните избори, меѓу Барак Обама и Џон Мекејн во 2008 година, правилото на „Редскинс“ се потврди, тие загубија, а со нив и кандидатот на дотогаш владеачката Републиканска партија.
„Редскинс“ вчера загубија од „Каролина Пантерс“ со 21 наспроти 13. Доколку правилото се потврди и оваа година, Мит Ромни би требало да биде победник на утрешните избори. |