05.11.2012, 13:34 Две лица повредени од експлозија на плинска боца
Вчера во подрумските простории од зграда, додека 74-годишниот М.К. го чистел својот подрум сакал да ја загрее просторијата при што вклучил плинска боца.
Боцата експлодирала, при што телесно се повредени М.К.(74) и М.Д.(50), која работела како хигиеничарка во зградата.
Повредените се пренесени во болницата „Св. Наум Охридски” за укажување лекарска помош.
Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
|