01.11.2012, 14:24 Мобилни шалтери за даночни услуги
Управата за јавни приходи воведе мобилни даночни шалтери за да биде поблиску до даночните обврзници. Со три специјално опремени комбиња како даночни канцеларии, даночниците ќе ги посетуваат населените места каде што Управата нема постојани даночни канцеларии, како и локации кои ќе можат дополнително да се утврдат во соработка со општините и потребите на локалното население и бизниси.
Според портпаролот на УЈП Весна Новаковиќ, отсега граѓаните и фирмите без да го напуштат своето место на живеење или седиште ќе можат да ги добијат сите даночни услуги и информации, да ги достават сите видови даночни пријави и да ги подигнат сите документи што ги издава УЈП. При поднесување на даночните поднесоци преку мобилните канцеларии на УЈП, даночните обврзници ќе можат да одберат и начин за подигање на документите кои ги издава Управата, лично преку мобилниот даночен шалтер, од најблискиот даночен шалтер или, пак, да им бидат доставени по пошта. (Ек.Р.)
|