01.11.2012, 12:55 Изгубен клуч што отвора 180 ќелии во белгиски затвор
Затворот во градот Лувен во Белгија веќе една недела ги бара клучевите кои отвораат 180 ќелии, а управата и затворскиот персонал стравуваат дека драгоцениот предмет би можел да дојде во рацете на некој од затворениците.
Изгубената торбичка му припаѓала на затворскиот стражар, а во неа се два многу важни клучеви: еден универзален, кој ги отвара вратите на 180 ќелии, а другиот 20 врати на одделни делови од затворот.
- Оној кој сега ги има тие клучеви може слободно да шета каде што сака по затворот, истакнува персоналот.
Управата во почетокот се обидувала да го сокрие случајот и губењето на клучевите не го пријавиле веднаш до управата, но сега е во тек постапка за замена на бравите во затворот. |