Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
01.11.2012, 16:13
Преку кампањи ќе се учат како да препознаваат депресија



Се претпоставува дека во Македонија од депресија дтрадаат околу 200.000 луѓе

Со мерките се опфатени и студентите, на кој ќе им се врши проценка на менталниот статус при систематскиот преглед во соодветните здравствени установи,а ќе се користи и онлине алатка за скрининг на суицид на ниво на универзитетите што би идентификувал студенти со вакви размислувања. Ќе се организираат и работилници за избраните лекари кои ќе се учат да препознаваат и третираат депресијата.

Се позачестените случаи и обиди за самоубиства во последниве недели, Министерството за здравство, планира да ги намали со кампањи за едукација на родителите, школските психолози и педагози, како и матичните лекари за полесно препознавање на депресија кај децата и студентите. Се претпоставува дека во Македонија од депресија дтрадаат околу 200.000 луѓе. И покрај зачестените случаи и обиди за самоубиства, Македонија со 6,7 случаи на 100.000 жители во првите 9 месеци од 2012 година, е меѓу земјите со ниска стапка на самоубиства, односно една од најниските во Европа. Во просек секоја петта жена и секој десетти маж страдаат од депресија.

Сите надлежни институции внимателно ја следат ситуацијата, а министерот за здравство Никола Тодоров заедно со експертите од оваа област предложил конкретни мерки за справувањето со депресијата.

„Мерките вклучуваат спроведување на кампања преку која родителите ќе можат да препознаат депресија кај своите деца,ќе се изврши едукација на сите училишни педагози и психолози за препознавање знаци на депресија и најмалку еднаш годишно проценка на менталниот статус кај учениците во основните и средни училишта кај кои постои одредена форма на депресија, односно тенденција за суицид“, рече Тодоров.

Со мерките се опфатени и студентите, на кој ќе им се врши проценка на менталниот статус при систематскиот преглед во соодветните здравствени установи,а ќе се користи и онлине алатка за скрининг на суицид на ниво на универзитетите што би идентификувал студенти со вакви размислувања. Ќе се организираат и работилници за избраните лекари кои ќе се учат да препознаваат и третираат депресијата.

Од депресија,, страдаат младите на возраст од 16 до 20 години, а пикот е меѓу 30 и 40 година од животот, истакна директорот на Клиниката за психијатрија, Антони Новотни. Според негоа 80 отсто од оние кои страдаат од депресија, зборуваат за самоубиства.

„Клиниката ја активираше СОС линијата за кризни состојби- 3136 400 и 076 456300 на која стручни лица ќе им пружа�� помош или ќе им дадат совет на оние на кои им е потребна“, додаде Новотни.

Во Македонија во 2010 година стапката на самоубиства изнесувала 7,4 случаи на 100.000 жители, и 6,9 случаи на 100.000 жители на 2011 година. За илустрација, во 2010 година стапката на самоубиства во Бугарија изнесувала од 9,3 случаи на 100.000, 9,9 случаи на 100.000 жители во Германија, 14,7 случаи на 100.000 во Хрватска, 17,2 случаи на 100.000 жители во Словенија, 21,7 случаи на 100.000 жители во Унгарија до 28,5 случаи на 100.000 жители во Литванија.

Според податоците од Светска здравствена организација, околу 350 милиони луѓе страдаат од депресија. Познато е дека речиси двојно повеќе заболуваат жените отколку мажите. Доживотниот ризик за депресија изнесува 20-30 отсто. Причините за депресија не се познати, но се претпоставува дека во нејзината генеза се вклучени многу различни чинители, почнувајќи од специфичностите на индивидуата, па се до причинителите од околината. Светската економска криза која е во тек, стрес, тага, конфликти, невработеност, злоупотреба, се често споменувани причини за депресија.

Психолошките студии од различни земји известуваат дека 90 отсто од луѓето кои извршиле самоубиство страдаат од едно или повеќе психијатриски нарушувања. Депресијата е болест на современото општество. (Ј.Ј.В.)



Статијата е прочитана 1326 пати.

Испрати коментар



Бугарија не ја поддржува по секоја цена Македонија кон НАТО и ЕУ
Контрапротестанти се обиделе да го растурат протестот на АМАН
„Коалиција за живот“ ја буди свеста за наталитетот во Македонија
Населбата Карпош 3 доби нов плоштад со фонтана
Владата го утврди Предлог буџетот за 2013 година
Разведени лезбејки делат имот во Македонија
Клинтон до Иванов - Сите сакаат да ве видат во НАТО
Македонска државјанка во Швајцарија осудена на 32 месеци затвор
Бројот на жртвите од „Сенди“ се искачи на 106
И Обама и Ромни најавуваат победа во пресрет на изборите
Попоски до Младенов - Можеме да градиме добрососедски односи
Атина го чека одговорот
Големата полутопка се удомува над Собранието
Бунтовници масакрирале сириски војници
Познати добитниците на наградата „13 Ноември“
(ФОТО) ДУИ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за диктатура
Наскоро паричниците ќе ги замениме со мобилни
Во „Микросам“ врвни експерти по роботика и композити
Убиецот од „Биг Фиш“ останува во притвор
(ФОТО) Итна медицинска помош доби 69 нови возила
Златна зора како граничари на преминот Дојран
Независна Шкотска автоматски ќе стане членка на ЕУ
(ФОТО) Њујорк се соочува со недостиг на гориво и храна
Владата со нови мерки за развој на бањскиот туризам
Новиот Буџет нема да биде поголем од годинешниот
Писмо со сочуство од Иванов до Обама за настраданите во ураганот Сенди
Орав - Никој нема гаранции што ќе се случи во декември
Mетеоролозите најавуваат нова бура во САД
Грчкиот новинар ослободен од обвинувањата
Амандманите за Законот за бранители пред Коми��ијата за труд
Не помина интерпелацијата за претседателот на РКЕ
Реконструиран паркингот спроти „Нова Македонија“
„Мојот ум не размислува за перење пари“
Опозицијата ја обвини Регулаторна за нетранспарентна работа
Почна електронското полагање на возачки испит
Потврдена затворската казна за Панде Лазаров
Министерот барал списоци на лекарите штрајкувачи?
Амандманите на Законот за бранители доставени до пратениците
Иванов до Плевнелиев - Сакаме да разговораме за иднината
Битолчанец собра печурка за Гинис
Пожар во фабриката на тутунскиот бос Бајруш Сејдиу
Јавниот сектор ќе стави рака врз граѓанскиот
Обвинувањата на Софија за добрососедските односи се нереални
Попоски - Подготвен одговорот на грчкиот Меморандум
Мобилни шалтери за даночни услуги
Храбар старец избрка разбојници
Февруарските пензии „подебели“ за 550 денари за сите пензионери
Николиќ - Време е за решение за Косово
Изгубен клуч што отвора 180 ќелии во белгиски затвор
Хилари Клинтон допатува во Тирана
Четири лица повредени при престрелка на Универзитетот на Јужна Калифорнија
Убиство на Ноќта на вештерките во Тетово
Бесплатни прегледи во Систина Офталмологија
Уште еден новинар уапсен во Грција за тајни сметки
Собранието ќе расправа за интерпелација на претседателот на РКЕ
Стартува примената на електронската здравствена картичка
(ФОТО) Најмалку десет загинати во експлозијата во Ријад
Бројот на жртви од Сенди се искачи на 74
Филе како „ѕид за плачење“ за Софија
Клинтон се сети на Стенковец, не и на Македонија
Папандреу избркан од ресторан во Берлин



jas, 01.11.2012 17:04:15
najdobri merki za sprecuvanje depresija i samoubistva bi bile da ni se podobri sostojbata vo drzavata, da vladeat covecki principi i pravna drzava, da nema protekcii, mito, korumpiranost, vrabotuvanja preku vrski, pocituvanja na graganinot i negovite prava. Se drugo e bla, bla i trosenje pari. So sila ubavina ne biva!!!!!!
bube, 01.11.2012 17:45:25
Во оваа држава и од камен да си ќе цркнеш од депресија. Нека обезбедат малку подобра иднина и сигурна работа, а не кампањи да прават за препознавање на депресија...
sreten, 01.11.2012 21:00:24
Bravo,eve i kaj nas dojde do perenje na mozokot od zapad!Bolesta kako takva e priznaena od zapadnite zemji !Za razlika od stvarno obolenite ovde na zapad se koristi (koja inaku vo realnosta e tesko da se ustanovi dali nekoj stvarno e depresiven)za opravdano boleduvanje,dobivanje nekakvi odstapki kaj familijata(u stilot u depresija sum nemi se raboti ,ne mi se cisti,ne mi se izleguva koga vrne ,ne me svaka nikoj i site me mrazat,ispitot ne go poloziv zatoa sto bev depresiven)!No 99% luge koi gi znam u stvari se polni so zivot !!!ne mozes da bides depresiven i cel den da se igras na kompjuter,ili setas po buticite,odis na odmori ama koga treba da stanes sabajle za da odis na rabota e togas sum depresiven !So ubavo ke im dojde na mnozina u Makedonija!!!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 7°C

Ведро

Сабота
Делумно облачно
Макс: 19°C, Мин: 6°C

Недела
Делумно облачно
Макс: 20°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (42)
Титовата шлаканица ја открива тајната. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Кога Менхетен се врати во камена доба
По најмногу еден ден без греење и струја, без вода за туширање и да се пушти вода во тоалетот, Њујорк не е воопшто забав...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |