Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
02.11.2012, 12:12

Паркер со звукот на сирената ја урна Оклахома



Францускиот репрезентативец со кош во последната секунда му донесе триумф на Сан Антонио од 86:84

Екипата на Сан Антонио, со поените на Тони Паркер во последната секунда, забележа победа над Оклахома Тандер со 86:84, во единствениот натпревар, кој изминатата ноќ се одигра во НБА лигата.

Францускиот репрезентативец, во последната четвртина, беше едноставно незадржлив, постигнувајќи 14 поени.

Паркер, најпрвин погоди тројка за израмнување 84:84, а потоа му ја украде топката на Ленард и преку Ибака го постигна решавачкиот кош. Плејмејкерот на Сан Антонио мечот го заврши со 14 поени и 11 асистенции.

Најефикасен кај Спарси беше Тим Данкан со 20 поени, 8 скока и 3 блокади, 13 поени постигна Дени Грин, а 11 уфрли Стивен Џексон.

Во премиерниот натпревар за Оклахома во новата сезона, најефикасен беше Кевин Дурент со 25 поени и 14 скокови, Расел Вестбрук имаше учинок од 18 поени, 8 скока и 5 асистенции, додека Кевин Мартин постигна 15 поени.

Вториот натпревар кој требаше да се одигра ноќеска меѓу Бруклин и Њујорк е одложен поради лошите временски услови во Њујорк и околината.

Вечерва на програмата се 12 натпревари: Шарлот - Индијана, Орландо - Денвер, Бостон - Милвоки, Атланта - Хјустон, Кливленд - Чикаго, Њујорк - Мајами, Њу Орлеанс - Јута, Оклахома Сити - Портланд, Минесота - Сакраменто, Феникс - Детроит, Лос Анџелес Лејкерс - Лос Анџелес Клиперс, Голден Стејт - Мемфис.







Статијата е прочитана 329 пати.

Испрати коментар



Само бод за Манчестер Сити на гости кај Вест Хем
Антиќ го доби дуелот со Илиевски
Меси му посака добродојде на синот Тијаго
Лејкерси пак загубија, Мајами прегазен од Њујорк
Мекејлеб за брза рехабилитација на Фенербахче
Црна Гора ја „тресна“ Германија!
Полјакот Јанович со скалпот на Мари!
Ракометарите преку Португалија до Данска
Фиорентина по 30 години победи во Џенова
Босилков веќе не е претседател на МЗТ
Квери му ја уништи забавата на Ѓоковиќ
Харден како ракета, нов пораз на Лејкерси
Погба го спаси Јуве, пресврт на Интер
Лазаров - Не очекував вака лесно да победиме
Челзи му врати на Манчестер јунајтед
(ФОТО) Македонија со победа ги почна квалификациите за ЕП

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 7°C

Ведро

Сабота
Делумно облачно
Макс: 19°C, Мин: 6°C

Недела
Делумно облачно
Макс: 20°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (42)
Титовата шлаканица ја открива тајната. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Кога Менхе��ен се врати во камена доба
По најмногу еден ден без греење и струја, без вода за туширање и да се пушти вода во тоалетот, Њујорк не е воопшто забав...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |