02.11.2012, 11:53 Писмо со сочуство од Иванов до Обама за настраданите во ураганот Сенди
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати писмо со сочуство до претседателот на САД, Барак Обама, за настраданите и штетите предизвикани со ураганот Сенди.
- Со длабока тага ги примив вестите за катастрофалните последици од ураганот Сенди, и длабоко жалам за загубените животи во оваа голема природна непогода.
Во овие тажни моменти за Вас, за пријателскиот американски народ и за семејствата на настраданите, дозволете ми, од името на граѓаните на Република Македонија и од мое име, да Ви упатам изрази на длабоко сочувство. Во овие моменти на тага, кога нашите мисли се со Вас и со семејствата на настраданите, искрено посакувам обновување на разрушените домови и брзо опоравување на погодените региони.
Ве молам, почитуван Претседателе, изразите на длабоко сочувство да ги пренесете до семејствата на трагично настраданите, стои во писмото од претседателот Иванов до амерканскиот претседател. |