02.11.2012, 14:38 „ХТЦ Виндоус фон 8Х“ во салоните на „Вип“
Почетокот на продажбата на новиот брендиран телефон се совпаѓа со светската премиера во 50 земји низ светот
Најновиот смартфон „ХТЦ Виндоус фон 8Х“ од денеска почна се продава во салоните на „Вип“. Почетокот на продажбата на новиот брендиран телефон се совпаѓа со светската премиера во 50 земји низ светот. Во „Вип“, „ХТЦ Виндоус фон 8Х“ ќе чини 29.999 денари, а достапен е и за нула денари со договор на 24 месеци.
„Новиот оперативен систем нуди нови опции за бизнис-корисниците кои овозможуваат поголема мобилност и продуктивност во движење. „Виндоус фон 8Х“ јасно се издвојува како еден од врвните мобилни екосистеми и е компетитивен со секоја смартфон-платформа во светот“, изјави Илијанчо Гаговски, директор на „Микрософт - Македонија“.
Сопствениците на „ХТЦ Виндоус фон 8Х“ можат со себе да ги носат омилените филмови, фотографии и музика, а првпат се воведува бленда со ултраширок агол од 88 степени на предната камера, која може да опфати четири лика.
„Она што денес сме навистина горди е што имаме можност да им овозможиме на нашите корисници да бидат меѓу првите корисници во светот кои ќе можат да станат сопственици на паметен телефон од последната генерација на смартфони кои работат на оперативниот систем ’Виндоус фон 8’ и заедно со новата мрежа на ’Вип’ и понудата за бесплатен интернет, навистина да уживаат во мобилноста и достапноста“, изјави Никола Љушев, главен извршен директор на „Вип“. (Ек.Р.)
|