02.11.2012, 15:37 Познати добитниците на наградата „13 Ноември“
Градот ги објави добитниците на наградата „13 Ноември“ за 2012 година. Признанијата што се доделуваат за остварување во изминатиот едногодишен период, како и за континуирана работна целина, отидоа кај 13 правни и физички лица.
Од областа на науката, награда ќе добијат Јове Кекеновски и Андреја Трајановски, за публицистика Аслан Џеладин и ЈП „Службен весник на РМ“, од културата Бранко Цветковски, награда за спорт ќе добијат Томи Александровски и Венцислав Недев, а за хуманитарни активности и социјална заштита Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ и Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. Меѓу наградените се најдоа и средношколката Анастасија Сековска-Аврамовска и студентите Харис Бабачиќ и Елмедина Хасани.
Официјалното доделување ќе се случи на манифестацијата за одбележување на Денот на ослободување на Скопје - 13 Ноември. (Б.Ш.)
|