Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
01.11.2012, 14:28

Попоски: Подготвен одговорот на грчкиот Меморандум

Во македонскиот одговор се бара почитување на неселективен начин на сите обврски преземени од минатото и целосна посветеност на дијалогот

Владата подготви одговор на Предлог меморандумот за разбирање што Грција во почетокот на октомври и го испрати на Македонија. Во македонскиот одговор што во најскоро време ќе биде доставен до Атина, како што изјави на денешната прес-конференција министерот за надворешни работи Никола Попоски, се бара почитување на неселективен начин на сите обврски преземени од минатото и целосна посветеност на дијалогот, кој Македонија сака да го има со Грција.

- Тоа што е најзначајно е дека мораме да се фокусираме на она што значи главна идеја во рамки на заедничката цел - интегрирање во ЕУ, а тоа е да ги почитуваме определените правила и норми и да се базираме на неселективен начин на она што е воспоставена обврска и воспоставена релација. Од страна на РМ ќе се потрудиме максимално позитивно да одговориме на секоја иницијатива кон приближување на таа заедничка идеја, и секоја земја во нашиот регион има интерес да придонесува кон реализација на таа идеја, рече Попоски.

Доколку се согласиме околу тоа, вели шефот на дипломатијата, во голема мерка ќе се олесни и комуникацијата на сите нивоа, подочувајќи оти соработката меѓу граѓаните и бизнисите се одвива на одлично ниво.

- Тоа што треба да го рефлектираме е да бидеме искрени и посветени на заедничката агенда во следниот период. И во тој правец гледам на можноста да имаме определена соработка во тој дел и почитување на неселективен начин на сите обврски преземени од минатото и целосна посветеност на дијалогот, кој сакаме да го имаме, рече Попоски.

Во однос на предлогот решението да се бара во име со географска одредница за севкупна употреба, министерот Попоски посочи оти најзначајно е да се биде непристрасен во однос на Меморандумот, „а тоа значи да се земат предвид оние непристарасни оценки во однос на која било разлика“ и посочи на одлуката од Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

- Тука највисокото правно тело на ОН се има произнесено по однос на права и обврски и нивното почитувања. Во делот на обврските преземени од страна на Македонија, за кои сме компетентни да одговараме, оценката е дека секогаш сме ги испочитувале своите обврски и дека исклучително проактивно сме пристапувале кон секоја обврска вклучително и кон отворениот дијалог, кој сакаме да го имаме со сите соседи и со Грција. Македонскиот пристап е конструктивен и, пред се, принципиелен, рече министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Во однос на формулацијата за решавање на прашањето за името во рана фаза од пристапните преговори со ЕУ како што препорача Европската комисија, Попоски посочи на постоечката пракса во Унијата за одвојување на билатералните прашања од процесот на пристапување.

- Мора да почитуваме едно воспоставено правило во рамките на ЕУ дека билатералните прашања имаат третман на билатерални. Процесот на интеграција во ЕУ мора да биде фиксиран врз оние правила кои се дадени во правната рамка на Унијата и таа нема никаков интерс да комбинира билатерални прашања со прашања поврзани со динамиката на интегрирањето. Најзанчајно е да се задржи логиката - кога остварувате определени критериуми да преминувате во следната фаза. Фактот што имате заедничка цел, а тоа е членство во ЕУ, треба да биде дополнителен фактор за олеснување на кои било билатерални потешкотии. Само на тој начин се надминати сите билатерални прашања кои постоеле во сите претходни процеси на проширување. Не смееме да дозволиме такво правило да биде прекршено во овој случај, истакна Попоски.


Статијата е прочитана 1166 пати.

Испрати коментар



Бугарија не ја поддржува по секоја цена Македонија кон НАТО и ЕУ
Контрапротестанти се обиделе да го растурат протестот на АМАН
„Коалиција за живот“ ја буди свеста за наталитетот во Македонија
Населбата Карпош 3 доби нов плоштад со фонтана
Владата го утврди Предлог буџетот за 2013 година
Разведени лезбејки делат имот во Македонија
Клинтон до Иванов - Сите сакаат да ве видат во НАТО
Македонска државјанка во Швајцарија осудена на 32 месеци затвор
Бројот на жртвите од „Сенди“ се искачи на 106
И Обама и Ромни најавуваат победа во пресрет на изборите
Попоски до Младенов - Можеме да градиме добрососедски односи
Атина го чека одговорот
Големата полутопка се удомува над Собранието
Бунтовници масакрирале сириски војници
Познати добитниците на наградата „13 Ноември“
(ФОТО) ДУИ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за диктатура
Наскоро паричниците ќе ги замениме со мобилни
Во „Микросам“ врвни експерти по роботика и композити
Убиецот од „Биг Фиш“ останува во притвор
(ФОТО) Итна медицинска помош доби 69 нови возила
Златна зора како граничари на преминот Дојран
Независна Шкотска автоматски ќе стане членка на ЕУ
(ФОТО) Њујорк се соочува со недостиг на гориво и храна
Владата со нови мерки за развој на бањскиот туризам
Новиот Буџет нема да биде поголем од годинешниот
Писмо со сочуство од Иванов до Обама за настраданите во ураганот Сенди
Орав - Никој нема гаранции што ќе се случи во декември
Mетеоролозите најавуваат нова бура во САД
Грчкиот новинар ослободен од обвинувањата
Амандманите за Законот за бранители пред Комисијата за труд
Не помина интерпелацијата за претседателот на РКЕ
Реконструиран паркингот спроти „Нова Македонија“
„Мојот ум не размислува за перење пари“
Преку кампањи ќе се учат како да препознаваат депресија
Опозицијата ја обвини Регулаторна за нетранспарентна работа
Почна електронското полагање на возачки испит
Потврдена затворската казна за Панде Лазаров
Министерот барал списоци на лекарите штрајкувачи?
Амандманите на Законот за бранители доставени до пратениците
Иванов до Плевнелиев - Сакаме да разговораме за иднината
Битолчанец собра печурка за Гинис
Пожар во фабриката на тутунскиот бос Бајруш Сејдиу
Јавниот сектор ќе стави рака врз граѓанскиот
Обвинувањата на Софија за добрососедските односи се нереални
Мобилни шалтери за даночни услуги
Храбар старец избрка разбојници
Февруарските пензии „подебели“ за 550 денари за сите пензионери
Николиќ - Време е за решение за Косово
Изгубен клуч што отвора 180 ќелии во белгиски затвор
Хилари Клинтон допатува во Тирана
Четири лица повредени при престрелка на Универзитетот на Јужна Калифорнија
Убиство на Ноќта на вештерките во Тетово
Бесплатни прегледи во Систина Офталмологија
Уште еден новинар уапсен во Грција за тајни сметки
Собранието ќе расправа за интерпелација на претседателот на РКЕ
Стартува примената на електронската здравствена картичка
(ФОТО) Најмалку десет загинати во експлозијата во Ријад
Бројот на жртви од Сенди се искачи на 74
Филе како „ѕид за плачење“ за Софија
Клинтон се сети на Стенковец, не и на Македонија
Папандреу избркан од ресторан во Берлин



kole, 01.11.2012 15:28:48
Дете, работава не ни е за смеење..........Гркот ќе ви побара да се отстрани Алекс Големиот од Плоштадот во Скопје, па тек потоа преговори со нив...........А дете младо, Алекс многу не кошташе, изгледа и ќе не земе на душа, ветрот го однел и него со вас кои го смисливте.........
Obedineta Makedonska Dijsapora, 01.11.2012 15:35:51
Poarno, prati pismoto za prodolzhuvanje nasheto chlenstvo vo OON pod ustavnoto ime RM!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 7°C

Ведро

Сабота
Делумно облачно
Макс: 19°C, Мин: 6°C

Недела
Делумно облачно
Макс: 20°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (42)
Титовата шлаканица ја открива тајната. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Кога Менхетен се врати во камена доба
По најмногу еден ден без греење и струја, без вода за туширање и да се пушти вода во тоалетот, Њујорк не е воопшто забав...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |