01.11.2012, 13:08 Николиќ: Време е за решение за Косово
Претседателот на Србија Томислав Николиќ изјави дека е можно да се најде решение за Косово кое би ги задоволило сите разумни луѓе кај српскиот и кај албанскиот народ, и оцени дека Србија нема да има подобра можност за решавање на тој проблем, јави Танјуг.
Тој најави дека предлогот за државна стратегија за Косово ќе биде претставен на опозициските партии во текот на следната недела, а потоа набрзо ќе биде изложен и пред Парламентот.
Српскиот претседател во интервју за Радио-телевизија Србија констатира дека во меѓународната заедница има отпор за некои решенија предложени од Белград, но дека тоа се „црвените линии“ на Србија.
„Ние имаме подготвено комплетно решение како основа од која поаѓаме, бесмислено е да се зборува за енергетиката и телекомуникациите ако не знаете дали ги средувате работи на независно Косово и Метохија или на територијата чиј статус се уште не е извесен, посочи Николиќ.
Тој наведе дека северниот дел на Косово мора краткорочно да остане во сегашниот статус, а долгорочно дека тоа прашање ќе се решава.
Српскиот претседател посочи и дека Србија ги исполнува сите услови поставени од Европската унија и оти е можно до крајот на годината да и биде доделен датум за отпочнување на преговори за членство.
|