Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Коментари
02.11.2012, 18:04

Реплики

Замислете го ураганот Сенди во Скопје

Соња Крамарска

Човек просто да помисли дека сега знае зошто е Америка успешна земја. Поради непоправливиот оптимизам на населението и поради силните институции

Немаше изминатите десетина дена поважна вест во глобални размери од ураганот Сенди кој го "хитна" Њујорк како што велеа тамошните медиуми. Менхетен - центарот на светот, наеднаш се врати во каменото доба. Снема струја, снема вода, автобусите и метрото запреа, продавниците за храна и не само за храна опустеа. Њујорчани, како што ќе забележи дописникот на "Шпигел" во својата извонредна репортажа, одеа кај пријателите од другите делови на Њујорк да се истушираат и да си ги наполнат мобилните телефони. Ги извадија надвор велосипедите, скутерите, моторите, па дури и скејбордите како сигурно превозно средство. Не гледаа телевизија, се оддалечија од претседателските избори, не ги интересираа војните низ светот. Се свртеа кон самите себе. Фотографијата на која претседателот Обама држи во утешна прегратка случајна госпоѓа, ја обиколи планетата. Американците уште еднаш направија шоу од најопасната природна стихија која се закануваше да им ги одземе имотите, а и животите.

Човек просто да помисли дека сега знае зошто е Америка успешна земја. Заради непоправливиот оптимизам на населението и заради силните институции. Системот кој безгрешно функционира, дури и кога е предизвикан од нејзиното величество природата.

Но, да го замислиме ураганот Сенди во Скопје. Снемува струја, се заглавуваат луѓе во лифтовите. Имаат ли зградите соработка со специјализирани фирми ��ои ќе дојдат да ги извлечат лифтовите со сајла? Немаат! Ајде да е само една зграда во прашање тогаш станарите и ќе се снајдат некако, но со сите згради богами тешко. Ќе се спие во лифтовите. Имаат ли скопјани велосипеди за да можат во секое време да ги извлечат и да ги употребат како превозно средство? Немаат, затоа што во Скопје е "ин" да се возиш со автомобил а "аут" да користиш велосипед. А жителите на Менхетн, какво изненадување, немале пракса да поседуваат автомобил. И тоа го научивме од репортажите испратени од Њујрок по незгодите што ги предизвика ураганот.

Имаше информации и дека во Њујорк, откако пресушија домашните славини како последица на ураганот, њујорчани посебно елитата од Менхетн, можеле да се видат собрани околу хидранти со канти в раце како трпеливо чекаат да наполнат вода. И замислете немало пцуење, викање, немало партиски интервенции. За миг луѓето си направиле редица како да им стои лично скопскиот градоначалник над глава или министерката наша за полиција. Ни глас не можело да се слушне.

Овде недостиг на вода во Скопје и нејзино набавување во вонредни услови како чекање пред хидранти, неминовно ќе доведе до граѓанска војна. Сетете се само на феноменот "тоалетна хартија" од Карфур, а потоа и од другите супермаркети, кога неговата цена падна на пазарот, но драматично скокна на берзата на домаќински потреби. Ураган "палома" беше тоа без конкуренција. Или при долгочасовен прекин на струјата, сосема сигурно ќе добиеме ураган "свеќа" кој ќе руши се' пред себе во обидот да се купат свеќи не само за оваа година, туку и за наредните пет години.

Претседателот Обама ја прекина за миг изборната кампања и отиде да ги посети разрушените подрачја од силното невреме. Во истиот момент кога тој објави мораториум на неговата кампања, молк завладеа и во штабот на Мит Ромни, кој исто така ја прекина својата кампања за да не биде осамен глас додека неговиот противник за занимава со претседателски должности. Кај нас, може противничкиот кандидат да биде киднапиран, болен, спречен од семејни причини да одржи говор, а неговиот ривал дури тогаш ќе се фрли на работа да го победи.

Извештаите од Њујорк и Њу Џерси се полни со примери за меѓусебна солидарност на тамошното население. Оние чии домови не попуштија под налетот на супербурата, широко ги отворија вратите за нивните сограѓани чии домови беа разрушени. Им дале бања да се тушираат, тоалетни помагала, им дозволиле да ги вклучат нивните лап-топи и мобилни телефони за да ги наполнат со струја. Мислам дека во овој момент солидарноста во Скопје и низ Македонија е далеку под едно цивилизирано ниво и тоа секојдневно може да се види преку различни примери. Не давање предност при влез во автобуси или во јавни простории, силеџиско возење автомобили низ улиците, турканици на шалтери и на пултови за плаќање на услуги.

Замислете во Скопје да дојде до прекин на комуникациските врски како интернет и телефонски, така и патни врски. Замислете само еден градски автобус во текот на денот да појде од Автокоманда до Ѓорче Петров, во услови кога во Автокоманда настанала поплава и жителите да мораат да се евакуираат кон другите точки од градот. Најверојатен епилог во тој случај би било автобусот никогаш да не појде бидејќи турканицата за влегување во него ќе биде толку голема што ќе резултира со пукната глава на возачот и неколку физички дуели после што јавното сообраќајно претпријатие ќе го врати автобусот во гаража, а ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ цел ден ќе разменуваат соопштенија кој бил виновен.

Но за среќа ние не сме Њујорк а ни Њу Џерси, па дури и ураганите не' одминуваат. Додека светот се занимава со постураганскиот мегалополис, во Скопје срамежливо осамна објавата дека предвелигденското чудо во Св. Димитрија и не било баш чудо. Сепак, се работело за хемиска реакција предизвикана од испарувања, како што еден ден по "чудото" напиша "Утрински весник" на својата насловна страница во разговор со Коста Балабанов, стручњак за икони. Но тогаш (како и сега) бевме осамен глас на безбожници кои се дрзнале да го рушат авторитетот на црквата која неколку дена уживаше во огромното внимание на чедата божји. И собра, се разбира, грст пари. Неброени пари. Како беше една од божјите заповеди, не лажи, не кради и не прави измами. Е тоа за нашата црква не важи. Има ли црковниот поглавар г.г. Стефан право на "реконструкција"? На смена на членови на неговата влада. Ако има, час поскоро тоа да го направи, да го прочисти Синодот додека испарувањата и влагата од неговата животна околина не му приредат уште едно божјо "чудо".


Статијата е прочитана 1769 пати.

Испрати коментар



Операција „повлекување на капиталот“
Чудото не било чудо
Подобра иднина за кинеско-европските односи
Минаха години...



jovan, 03.11.2012 00:52:25
Ke prokomentiram za *cudoto* so freskite koj sami se cistat, ili potocno, Gospod licno gi ocistil i im dal znak na Makedoncite deka e so niv.(spored zborovite na onaa direktorkata za vera i nevera). Za ova veke napisav komentar pod druga statija tokmu za *cudoto*, no nemav mesto da spomenam deka taa crkva e renovirana, pa sigurno za renoviranjeto se upotrebeni tie novi materjali koj veke gi upotrebuvaat na zapad vo skoro site crkvi, no i nadvoresni fasadi, koj reagiraat i na najmala vlaga(duri i svetlina) i zidovite, fasadite, slikite nacrtani na zid, sami se procistuvaat od necistotijata koja nastanuva od izduvnite gasovi(a vo crkvite od svekite). Sto se odnesuva do uraganot vo New York, mozeme da se *pofalime* deka osven nie i Srbite, nikoj drug ne se sitese na facebook i twitter na ona sto im se sluci na Americancite.Nemate poima kakvi gluposti se iznacitav od nekoj nasi*patrioti* koj se raduvaa sto *Gospod gi kaznuva* losite Americanci.Na dnoto od bedata sme.
USA, 03.11.2012 00:59:56
Само да знаете колку грешите. Сликата што го обиколи светот, не и промени ништо на гушнат ата жена. Остана тоа што беше, ПР за претседателската кампања. Федерална помош НЕМА!! Приватни и црквени организации, како и племенитите луѓе, го носат товарот на потребна помош. Тешките миљарди што ги плаќаме на федералните власти, ги трошат вработените. Нема ниту 10% информации каква катастрофа е тука за да не му наштети на Обама. Трпението нема долго да трае. Ако нешто драстично не се промени, луѓето ќе го вклучат автопилотот......или АВТОКОМАНДА .
dani, 03.11.2012 01:44:30
Kakva solidarnost??? Dodeka bev bremena nitu ednas nikoj ne mi dade red ili barem da go ponudi svojot, najmnogu mi padnaa v oci nekoi babicki i povozrasni zeni koi ne sakaat ni da te poglednat a kamoli red da ti dadat. ne mozev da veruvam . a koga jas ednas i dadov red na edna majka so dete togas mi bese kazano od strana na edna povozrasna gospogja deka takvite majki sto so deca odele sekade vsusnost gi koristele decata zanekoj da mi dade red, zamislete!
Sarach, 03.11.2012 02:27:29
nema za sto da zamislime, kaj nas i bez Sendi e uzasno. a ima i edna pogovorka Grom vo koprivi ne udira.
Tina, 03.11.2012 05:26:55
Izvinete, Amerika nikogash nemala Uragan po ime Grcija kao shto nie go trpime toj pritisok od 1913-pa do den denes. Do sega Amerika trabashe da ima site moznosti za pomosh na prirodni nepogodi. Neli e bogata zemja i mokna i samostojna? Deka odat parite ako ne za takvi nepogodi. Prirodniot Uragan e Machje kifkanje od uraganot koj ke dojde so zakana od Albanski napadi. Nijnata braka od Albanija i Kosovo chekat na telefonski poziv. Ajde da bideme iskreni, koj Uragan e po shteten na zdravjeto. I kade e taa tehnologija shto ni dava dozvola da gradime kuki do moreto?
mile, 03.11.2012 08:33:00
Сенди помина и замина, нашиот Сандре Голем е поопасен, останува засекогаш на Плоштадот за да ја уништи иднината на Македонија..........така да Сенди е мачкина кашлица према ѓоа нашиот Сандре..........
Trajko, 03.11.2012 09:17:23
Da i se sluci na Makedonija Sendi,ke moze odma da se prodademe sose rusevini na Albanija za ic pari...e tolku sme spremni nie kako drzava...neli gledate deka koga eden obicen dozd ni gi poplavuva bulevarite i ulicite,zamiskete nesto posilno...Makedonija,politicari-lopovi,mediumsko perenje na mozok i se e mozno!
ddxd, 03.11.2012 09:29:40
Voopsto ne se soglasuvam so hipotetickata reakcija na skopjani... Za red, disciplina vo krizni situacii samo na Japancite im simnuvam kapa. Amerikancite imaa dosta vreme da se podgotvat za celo scenario, da se evakuiraat najkriticnite regioni i pak gi ispraznija site prodavnici, a od druga strana citame za tepacki za benzin.. Mislam deka mnogu povekje iskustvo imame od niv vo nedostatok na benzin, voda, mleko... i nemalo incidenti. Mozda po nekoja disciplinska zauska za nekoj sto saka da napika preku red. Otvorete sega na cnn.com i procitajte za covek ne sakal da primi majka so 2 deca vo svojot dom. Epilog decata se udavile na 100-tina metri od negovata kukja. Siguren sum deka takvo nema da se sluci kaj nas. Bez razlika dali kje bidat Makedonci, Albanci, Turci... veruvam deka kje si pomognat. Lugjeto sekade se sebicni po priroda, nie sme po-galamdzhii mozda, no daleku sme od opisot vo tekstot.
milan, 03.11.2012 09:53:08
Povozrasnite ke se setat.I Skopje go snajde katastrofa,cel svet se solidarizirase so nas,a potoa gradot bese proglasen za grad na solidarnosta.Togas predsedatelot TITO utredenta po katastrofata dopatuva vo Skopje i so negov svojstven nacin gi ohrabri skopjani.Titovite zborovi bea ispisani na vlezot na starata zel.stanica,ama po dovaganjeto na DPMNE na vlast se simnati.Ne se soglasuvam da sme do tolku nesolidarni,ama fakt e da sme totalno neorganizirani, posebno denes so antickiot kiceraj.
vistina, 03.11.2012 10:14:37
jovane i vie kako nego posle citajneto na napisanoto od samata sebe prikazana na statijata poglednete vo desnoto cose i pritisnete na (klik za video) i ce se prepoznaete samite sebe
Jazik pregrizla!, 03.11.2012 10:32:37
Ne kani go gospoda nepotrebno. A ushte kako sme sposobni? Zatoa, jazikot da si go pregrizesh, dodeka vistinskoto chudo ne ne snashlo.
Milan, 03.11.2012 10:58:56
Kakov narod sme aku se sitime na tugja nesreca.
Не треба да замислиме, 03.11.2012 11:03:32
Сенди веќе седма година беснее низ центарот на Скопје , исфрли од длабочините разни чудовишта , кои некои ги викаат барок , некои рококо , а некои си го полнат џебот и си викаат охохохо!!
Mirko, 03.11.2012 11:21:33
A, zar ne bese uragan vo Skopje i koj traje uste?
Nikolina, 03.11.2012 13:46:07
Ne Za dzabe Amerika na bila mnogu naselena , inteligentnite luge Ne se naseluvaat na mesta so losi vremenski uslovi ili pak ako cesto gi snajduva nevolja od vremenskite uslovi , se odseluvaat. Ne se praj kuka , selo, grad Bilo kade, lugeto biraat .mislam inteligentnite :).
BHC, 03.11.2012 15:11:03
Ne nie tuku *USA* i ,za sreka,malku kako nego,treba da znaat kolku greshat.Federalna pomosh ke ima i toa po kratka postapka.Guvernerot na New Jersey,Cris Cristy republikanec golem podrzuvach na Mitt,napravi javni pofalbi na site TV kanali za sorabotkata shto ja dobiva od Obama.A ona shto *USA* go pishuva,se lagi i konspiraciski teorii shto im gi serviraat paranoidnite umovi od FOX NOISE,nivniot edinstven izvor na informacii.
R N-B, 03.11.2012 15:12:03
Da ne cuva gospod od nesto slicno kako na zitelite na Njujork koi, trebe da priznaeme deka so vreme,bea odlicno podgotveni.Kaj nas takov red ne bi mozel da se ostvari, od prosta pricina, sto nie sme narod dezorganiziran i vljuben vo sopstveniot papok. Pa i da sme poinakvi, gradslkiot tatko izgradi tolku spomenici,sto begajki od uraganot ke se sopnevme na nim, a* brzata pomok*, od nim ke bese sprecena,da pomine.Vistina e, deka skopjanite ne bea sekogas*sekoja voshka baska *Za vreme na zemjotresot toa se pokaza;ete vo kukjata na tatko mi, od 80m2, imase zaedno so tatko mi 25 dushi,gratis.Duri i krevetot si go delesh.Site ostanaa dodekane im se izgradija stanovi/baraki i zaminaa..No, od kako si gi podobrija svoite moznosti, zaboravija na covekot koj gi pribra i smetaa deka toa sto naravil*ne bilo nisto* Nesto slicno kako sto se zaboravi na onaa topla recenica izkazana od Marshal Tito koja do skoro gi krasehe urnatinite na ubavata zeleznicka stanica i koi isceznaa vo nepovrat za nas
Ајван Доктор®, 03.11.2012 23:13:23
Нашиот ураган се вика Гwујоки��!Зад себе остави пустош во администрацијата,здравството,образованието,а економскиот раст е цели 0%!Вистински крш кој нема да може да го расчистиме со децении!Изменет ни е дури и националниот лик!Со помош на својот полтрон Коце,уништи купишта дрвја и зеленило во Скопје,Стариот скопски Народен театар е превртен наопаку,а Старата железничка станица наликува како повторно да ја удрил земјотрес!Кејот е уништен и во поголемиот дел разурнат заради псеудобарокната античка грдотија!Солидарноста е одамна мртва ниту некој некому сака да помогне (чест на исклучоците)!Дури и смртта и болестите на дечиња,одредени луѓе почнаа да ги злоупотребуваат за да,на туѓа несреќа,си прелеат пари во својот џеб!Хит е собирање пари на лажни сметки за „хумани“цели!Новинарката заборавила да ги погледне другите страници на „Шпигел“,инаку ќе видеше дека Сенди направил русвај и во Куба,Јамајка,Хаити,Бахамите…загинаа најмалку 22 лица,но поред „сјајниот голем брат“за неа се сосема небитни!
девичанецот, 04.11.2012 22:36:27
На��иот ураган беше и помина. Се викаше Б.Ц. Сега е во пензија, сака пак да се врати, ама Македонците нема да дозволат, оти не ги сакаат Ураганите. Тие само разрушувања донесуваат.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
   


Site Meter


Време
Скопје, 11°C

Ситен дожд

Среда
Обилни врнежи
Макс: 9°C, Мин: -1°C

Четврток
Сончево
Макс: 13°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (45)
Инцидентот на Бајкалско Езеро. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Настани
Интервју -Цената на станбениот квадрат нема да паѓа
Д-р Ванчо Чифлиганец, сопственик на градежната компанија „Адора инженеринг“, очекува рамноправни услови за работа на дом...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |