Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
06.11.2012, 14:23

Композиторот Елиот Картер почина на 104 години

Картер е добитник на две Пулицерови награди, а неговите дела се изведувани низ целиот свет

Американскиот композитор на класична музика Елиот Картер почина вчера на 104 години во Њујорк. Иако не доволно познат на пошироката публика, Картер важеше за еден од најугледните автори во музичките кругови, но посебно кај критиката. Добитник е на две Пулицерови награди, првата во 1960 година за Гудачкиот квартет бр. 2 и втората во 1973 година за Гудачкиот квартет бр. 3. Неговите дела, кои се во значително голем број, а кои ги опфаќаат сите форми на компонирање, критиката ќе ги оцени како мошне комплексни, во кои ритмиката има посебна улога. „Њујорк тајмс“ во 2002 година ќе објави дека неговите Гудачки квартети се меѓу „најтешката музика досега компонирана“.

И покрај годините, Картер до крајот на животот бил активен како композитор, а нова нарачка примил и на прославата на својот 100. роденден во 2008 година во „Карнеги хол“. Во 1985 година, Картер бил еден од десетте добитници на првиот Национален орден за уметност. Неговата нова композиција за Камерен оркестар „Instances“ ќе биде премиерно изведена во февруари следната година.

Картер, кој студиите ќе ги заврши кај познатиот педагог Надја Буланже во Париз во 1930 година, за потоа да се врати во САД, велел дека Европејците подобро ја разбираат неговата музика отколку неговите сонародници, бидејќи, според него, во Европа музиката не претставува само забава, туку составен дел од културата, „нешто што луѓето се трудат да го разберат“.

Во текот на својата кариера, Картет се нурнувал во различни творечки фази, од неокласицизмот, атоналната музика, до ритмички комплексната музика. Неговите дела се изведувани низ светот. (Т.И.)


Статијата е прочитана 249 пати.

Испрати коментар



(ФОТО) Концертот на Масимо набиен со емоции
Фестивалот „Синедејс“ ќе понуди 107 филмови
По Сенди, скапоцените ангели шетаа во Њујорк
Монографија за актерот Мите Грозданов
Промовирана книгата „Скопје и Старата скопска чаршија“
Филмскиот фонд распиша четири конкурси
Супер радио влезе во Гинис
„Суперхикс“ ќе упаѓа во средни училишта
Поповиќ ја преболува Северина со Марија Каран
Нобеловецот Мо Јан близок со член на Шведската академија?
Почнува „Локомоушн“, танц-фестивал за 2.600 евра
Изложба на уметникот Владимир Лукаш
(ФОТО) Опасен спот на Елена Ристеска
Киселичка и Коловски настапија на њујоршката сцена
Новиот филм на Владимир Блажевски во Котбус
Џорџ Лукас подарува четири милијарди долари за образование
Почнуваат 21. СКОМРАХИ, посветени на Август Стриндберг
Доделени наградите на „ФАДФ Камера 300“
Проекција на „Трето полувреме“ на американскиот маркет
Краткиот филм „Шумарот“ ја освои Норвешка
„ХТЦ Виндоус фон 8Х“ во салоните на „Вип“
Пирамидата во Пјонгјанг ќе биде највисокиот хотел во светот
Филмот за Мајкл Џексон доаѓа во Скопје
Се продава масата на која е напишан романот „Дракула“
Борјан Цанев настапува со Софиската филхармонија
Концерт на Македонската филхармонија со Марсел Калифе
Почвата на Марс слична со почвата на Хаваите

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 12°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: 13°C, Мин: 2°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 16°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (46)
Амбициите на Даријана. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Настани
(ВИДЕО) Скопје 2014 во новиот спот на Macedonia Timeless
Главниот фокус во најновиот спот на Macedonia Timeless е општина Центар, односно градбите и спомениците од проектот Скоп...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |