08.11.2012, 14:38 Лазаров во репрезентативниот клуб „Илјада“
Капитенот дојде до бројката од 1002 гола, а над илјада гола за своите репрезентации имаат само уште Исланѓанецот Стефансон, Данецот Кристијансен, Французинот Фернандез и Швеѓанецот Ловгрен
Со деветте гола против Португалија, Кирил Лазаров влезе во кругот на ракометари што постигнале над илјада погодоци за репрезентацијата. Капитенот на македонскиот национален тим дојде до бројката од 1002 гола, а над илјада гола за своите репрезентации имаат само уште Исланѓанецот Олафур Стефансон (1511), Данецот Ларс Кристијансен (1503), Французинот Жером Фернандез (1284) и Швеѓанецот Стефан Ловгрен (1138). Зад нив се Французинот Џексон Ричардсон со 775 погодока, Узбекистанецот Талант Душебаев, кој во дресовите на СССР и на Русија има дадено 726 гола итн.
|