04.11.2012, 13:51 Бруклин тргна триумфално, Ален го спаси Мајами
Нетси со победата над Торонто (107:100) дебитираа во својот нов дом во „Барклис арена“
Пред 17.000 фанови меѓу кои и Џеј-Зин и неговата сопруга Бијонсе, Нетси со победата над Торонто (107:100) дебитираа во својот нов дом во „Барклис арена“. Тимот што летоска се пресели од Њу Џерси во Бруклин својата премиера требаше да ја има против Њујорк на отварањето на сезоната, но поради ураганот „Сенди“ овој дуел беше одложен.
Пред стартот на мечот следеше церемонија во која беше претставена маскотата на Нетси, а добредојде на тимот им посака комесарот на НБА- лигата, Дјевид Штерн.
Првио�� поен за историјата, против Торонто го постигна Дерон Вилијамс (19 поени и 9 асистенции), заедно со Брук Лопез беа најзаслужни за триумфот пред домашната публика. Центарот на Нетси постигна 27 поени и пет скока.
Само еден ден по убедливиот пораз од Њујорк, бранителот на титулата Мајами го совлада Дневер со 119:116. На оваа средба блескаше Крис Бош кој на противникот ми испорача 40 поени, но и покрај ова сепак човекот од одлука беше Реј Ален.
Најдобриот тројкаш на сите времиња уште еднаш ги потврди своите шутерски квалитети. На шест секунди до крајот бившиот играч на Селтикси погоди тројка и доби дополнително слободно фрлање за крајни 119:116.
„Добрите кошаркари мора да го пронајдат патот до победата. Почнавме доста лошо во скокот, имавме проблеми и не игравме добро. Сепак на крајот успеавме да се вратиме, среќен сум што од оваа средба се извлековме живи“, изјави по мечот Крис Бош.
Леброн Џејмс средбата ја заврши со 22 поени и 11 скока, а Вејд со 14 поени, долго време најсилниот адут на Мајами се нема најдено на третото или четвртото место во листата на стрелци.
Резултати: Вашингтон - Бостон 86:89, Индијана - Сакраменто 106:98 (по прод.), Бруклин - Торонто 107:100, Мајами - Денвер 119:116, Хјустон - Портланд 85:95 (по прод.), Кливленд - Милвоки 102:105, Далас - Шарлот 126:99, Сан Антонио - Јута Џез 110:100, Лос Анџелес Клиперс - Голден Стејт 110:114. |