05.11.2012, 13:09 Јаневски го објави списокот за натпреварот против Словенија
Селекторот ги ослободи од обврските Пандев и Новески, а повика тројци нови фудбалери, Цикарски, Блажевски и Јаховиќ
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Чедомир Јаневски денеска го објави списокот на играчи за пријателскиот натпревар со селекцијата на Словенија кој е предвиден да се одигра на 14 ноември во Скопје.
На списокот на Јаневски се наоѓаат: Голмани: Мартин Богатинов и Томе Пачовски.
Одбрана: Бобан Грнчаров, Александар Тодоровски, Даниел Георѓиевски, Мите Цикарски, Ванче Шиков, Бојан Марковски и Александар Ла��евски. Среден ред: Дејан Блажевски, Мухамед Демири, Остоја Стјепановиќ, Ферхан Хасани и Дарко Тасевски.
Напад: Александар Трајковски, Иван Тричковски, Агим Ибраими, Драган Георѓиев, Мирко Ивановски и Адис Јаховиќ.
Македонскиот селектор ги ослободи од обврските за овој натпревар Горан Пандев и Николче Новески.
- За дуелот со Словенија, Пандев и Новески се ослободени од обврските по барање на нивните клубови. Наполи и Мајнц имаат тежок распоред во следниот период, го прифативме нивното барање, нашиот однос со клубовите исто така мора да биде на високо ниво, изјави Јаневски.
Тој очекува од новите играчи (Цикарски, Блажевски, Јаховиќ) да ја оправдаат довербата.
„Повик добија неколку нови фудбалери. Нивната натпреварувачка форма ни дава надеж дека на нив ќе може сериозно да сметаме во иднина. Доколку новите играчи го потврдат репрезентативниот квалитет ќе го зголемат изборот на играчи со кои располагаме. Се надевам дека ќе ја оправдаат довербата“, нагласи Јаневски.
|