05.11.2012, 15:55 Берачи на костени пронашле мртов маж
Гостивар – Дваесет и осумгодишен гостиварец е пронајден мртов во шума над селото Врањовце. Тој имал видливи повреди на лицето, а до него биле пронајдени алкохол, енергетски пијалоци како и средства за смирување. Првичните анализи покажале дека 28-годишниот маж починал од труење. Полицијата истражува дали станува збор за самоубиство, или пак за убиство.
Според првичните информации, 28- годишниот С.В. од гостиварското село Форино, го пронашле случајни минувачи кои береле костени. Телото било пронајдено вчера околу 14.10 часот во месноста „Дол“.
Веднаш било известено полициското одделение во селото Галате. Увидна група на Полициската станица Гостивар извршила увид и извршила идентификација на ��ешот. На местото каде што се наоѓало безживототно тело биле пронајдени и подигнати за вештачење лекарства и алкохол. По наредба на истражен судија вчера беше извршена обдукција на мртвото тело. Полицијата презема мерки и активности за целосно расветлување на сите поединости поврзани со причините за смртта и сe друго што е поврзано со овој немил случај. (К.К.)
|