05.11.2012, 15:31 Лустриран поранешен струшки градоначалник
Комисијата за верификација на факти денеска го лустрираше експретседателот на Општината, кој според нив бил соработник на тајните служби цели десет години почнувајќи од 1977 година.
Псевдонимот на лустрираниот соработник бил „Вихор“ и според достапните документи тој соработувал со тајните служби од идеолошко-политички причини и давал информации за либерали и антисамоуправни елементи. Станува збор за дипломиран инженер, роден во Охрид, кој работел во хидроцентрали во западниот дел на Македонија, а потоа станал и претседател на Собранието на Општина Струга, функција која е еднаква на сегашен градоначалник.
„Вихор“ е лустриран како поранешен функционер. (П.Р.)
|