05.11.2012, 14:45 Њујорк бара 40.000 топли станови за жртвите од ураганот
По разорниот ураган „Сенди“, луѓето на американскиот источен брег сега се соочени со студ. Градот Њујорк отвори прифатни центри и дели ќебиња.
Градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг, ги повика постарите луѓе кои немаат греење да се сместат во прифатните центри. Во Њујорк, неговите предградија и Лонг Ајленд и шест дена по супербурата „Сенди“ се' уште се без струја околу 700.000 домаќинства и фирми. Блумберг проценува дека поради ураганот, околу 40.000 стана во градот не се за живеење.
Министерката за национална безбедност, Џенет Наполитано, изјави дека властите сега се во потрага по стано��и и хотелски соби за луѓето на кои им е потребна помош. Тешката состојба се заострува дополнително поради недостиг од бензин и дизел. На бензинските пумпи има долги редици луѓе кои чекаат нафта за греење. На многу места, возачите на автомобили можат да добијат бензин за максимум 30 долари по резервоар. |