05.11.2012, 14:32 Најмалку 50 сириски војници убиени во Хама
Најмалку 50 војници беа убиени во напад врз армиски контролен пункт со автомобил-бомба во провинцијата Хама, соопштија од Сирискиот центар за човекови права.
Рами Абдел Рахман, претставник од Центарот изјави дека извршителот на нападот бил од бунтовничката група Џебхат ан Нусра (Фронт на победата), кои се поврзани со Ал Каеда. |