04.11.2012, 16:13 Анкета: Водат ВМРО-ДПМНЕ и Груевски
Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски е најпопуларен политичар во анкета на Институтот за политички истражувања од Скопје, според која и коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ е со најголем рејтинг.
На прашањето за која партија би гласале доколку следната недела би се одржале парламентарни избори, 22,5 проценти од испитаниците ја избрале коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, 16,5 проценти биле за коалицијата на СДСМ, 6,5 проценти за ДУИ, 3,9 проценти за ДПА, 1,3 проценти за НДП. Од испитаниците 14,1 проценти одговориле дека нема да гласаат за ниедна партија, а 34,3 проценти немале одговор.
На прашањето кој политичар би го избрале како иден премиер, 23,3 проценти одговориле Никола Груевски, 8,1 Бранко Црвенковски, 6,2 проценти биле за Али Ахмети, 4 за Радмила Шеќеринска, 3,6 за Зоран Заев, 3,4 за Мендух Тачи, а 1,3 проценти за Руфи Османи. Без одговор на прашањето биле 27,7 проценти, а 21,9 проценти одговориле дека не би избрале ниту еден политичар. Телефонската анкета била спроведена од 29 октомври до 1 ноември и со неа се опфатени 1.115 испитаници. (П.Р.) |