05.11.2012, 09:30 Првиот атомски носач на авиони замина во историјата
Првиот атомски носач на авиони во светот „Ентерпрајс“ ја заврши својата последна воена мисија и вплови во американската воена база во Норфолк, во државата Вирџинија.
Илјадници членови на екипажите на носачот, нивни роднини и пријатели се собраа за да го испратат бродот по завршувањето на неговата 25-та последна мисија, што траеше речиси осум месеци.
На церемонијата експресно беше распродаден весникот, што е делен на бродот и е наречен „Шатл“.
„Ентерпрајс“ учествуваше во сите големи конфликти од Кубанската ракетна криза во 1962 година, па до сега. Тој често пати беше во мисии на Блис��иот исток и во 1986 година беше првиот нуклеарен носач на авиони што го мина Суецкиот канал. Бродот беше и првиот што реагираше по нападите од 11 септември 2001 година преку промена на курсот и насочување кон Арапско Море.
Авионите на бродот на носачот имаа над 2.200 полетувања само во Авганистан како поддршка на американските и мултинационалните сили.
Демонстрирајќи сила „Ентерпрајс“ 10 пати минуваше низ Ормутскиот теснец.
На 1 декември носачот официјално ќе биде изваден од вооружувањето, а на оваа церемонија се очекува да присустуваат околу 15.000 лица, меѓу кои и ветерани од неговите мисии. Меѓутоа, ќе бидат неопходни неколку години за да се демонтираат реакторите на носачот. |