02.11.2012, 13:59 Златна зора како граничари на преминот Дојран
Атина - Членови на ултранационалистичката Златна зора во стил на локални шерифи почнале да проверуваат дали се лепат лепеник ФИРОМ на македонски возила на граничниот премин Дојран. Како што соопштува локалниот огранок за Солун-Кукуш- Серес на партијата тие во вторникот биле на граничниот премин Дојран-Дојрани за да се уверат на лице место дали грчките граничари ставаат налепници на македонски возила со новите регистарски таблички на кои стои ознаката МК. Членовите на партијата дури имале и испечатено знак на кој пишува дека ознаката „МК“ не е признаена во Грција.
За среќа, не дошло до никаков инцидент на границата, а бројот на граничари бил поголем од бројот на симпатизерите на националистичката партија и со тоа успеале и да имаат контрола над нив. Во грчки новинарски кругови за конкретниот случај се коментира дека има закон со кој е забрането граѓаните да се однесуваат и да прават работи кои се во надлежност на институции како полицијата и дека вакво однесување според тој закон би можело и да се казни.
Локалните членови на партијата кои биле на граничниот премин во соопштението пишуваат дека се изненадиле што полицијата веднаш реагирала на нивното присуство барајќи објаснување што прават на границата. „Не изненади тоа што иако Грците секој ден стравуват од криминал, чекајќи залудно некој од полицијата да им помогне кога имаат потреба, во нашиот случај само што ги забележа нашите членови на границата полицијата од Кукуш се активираше и полицискиот началник, загрижен бараше да слушне кои се нашите намери и по кој пат планираме да се движиме во рамки на нашата дневна тура“, пишува во соопштението како реакција на тоа што биле исконтролирани од полицијата.
Златнозорците на граничниот премин извикувале и „Монастири (Битола)- Гевгелија е грчка земја“, а како што самите пишуваат дел од жителите на Дојрани од грчката страна на границата им пришле и искажале поддршка на партијата и нивните активности. „Продолжуваме со активностите на секој дел од слободна Македонија со крајна цел да се регрутираат сите Грци во борбата за ослободување наа нашата татковина“, пишуваат членовите на локалниот огранок на националистичката партија. (М.П.)
|
|
Статијата е прочитана 2148 пати.
|
Испрати коментар
|
|
patriot, 02.11.2012 15:39:02 | Neka ja pominat granicata, i ke vidat sto e nokna zora............ |
| Jove, 02.11.2012 16:28:10 | Toa se se obicna bagra i skotovi.Zombi do zombi, imbecil do imbecil, a nivniot t.n. vodac e idiot. |
| Ќумез, 02.11.2012 20:17:45 | Еден ден на една паркирана дипломатдска кола грчка со број ЦД 27 и` го тргнав изолиранот што го тураат врз малите букви МК што стојат лево на сите дипломатски регистрации. Виенската дипломатска конвенција ми дава такво право, и` дава такво право и на Р. Македонија, ама гледам си ќути. А како од толку патриоти низ Македонија не се најде ниеден да им го одлепува црниот излирбан од маледонските дипломатски регистрации, се прават петели на мое буниште. А на тој премин кај Дојран еднаш 10 км после преминот, пре 10на години, внатре во Грција таа нивната гранична полиција ме има тресено до гаќи од чисто изживување. Од тогаш никогаш не бев веќе во грција. (со мала буква). |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 7°C
Ведро
|
Сабота
Делумно облачно
Макс: 19°C, Мин: 6°C
|
Недела
Делумно облачно
Макс: 20°C, Мин: 7°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (42)Титовата шлаканица ја открива тајната. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|