02.11.2012, 12:04 Фиорентина по 30 години победи во Џенова
„Виолетовите“ славеа 1:0 со погодокот на Мануел Паскал во 14. минута
Фудбалерите на Фиорентина синоќа постигнаа гостинска победа со 1:0 против Џенова, во натпревар со кој беше комплетирано 10.коло од Серија А. Мануел Паскуал во 14. минута го постигна победничкиот гол за „виолетовите“ од Фиренца.
По оваа победа Фиорентина остана на петтата позиција на табелата, но сега со само еден бод помалку од четвртопласираниот Лацио. Џенова со 9 освоени бодови се наоѓа на 16.то место.
Постигнати резултати на другите натпревари од оваа рунда во Италијанското фудбалско првенство: Палермо - Милан 2:2, Јувентус - Болоња 2:1, Аталанта - Наполи 1:0, Парма - Рома 3:2, Интер - Сампдорија 3:2, Лацио - Торино 1:1, Киево - Пескара 2:0, Каљари - Сиена 4:2 и Удинезе - Катанија 2:2.
Табела: Јувентус 28 бодови, Интер 24, Наполи 22, Лацио 19, Фиорентина 18, Парма 15, Рома 14, Каљари 14 итн.
|