Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
02.11.2012, 10:13

Пирамидата во Пјонгјанг ќе биде највисокиот хотел во светот

Хотелот Риугионг, зграда со пирамидална форма со 105 кратови, се гради веќе речиси 30 години, а делумно ќе биде отворен во јули или август

Највисокиот хотел во светот ќе биде отворен следната година во Пјонгјанг, што преставува обид на Северна Кореа која е притисната од меѓународните санкции и сиромаштијата, да заработи нешто девизи со зајакнување на туризмот.

Хотелот Риугионг, зграда со пирамидна форма со 105 кратови, се гради веќе речиси 30 години, а делумно ќе биде отворен во јули или август, соопштено е работниот Форум во Сеул.

Рето Витвер, директор на германската компанија за хотелски менаџмент „Кемпински“, рече дека оваа фирма ќе биде прва западна компанија која слободно работи во Северна Кореја и ќе управува со новиот хотел, јави агенцијата Блумберг.

- Ова пирамидно чудовиште ќе ги монополизира сите работи во градот. Си реков себеси дека мораме да го добиеме овој хотел како знаеме и умееме, затоа што ќе биде машина за правење пари ако Северна Кореја се отвори, рече Витвер.

„Кемпински“, компанија со седиште во Минхен, ќе се занимава со менаџментот, а египетската холдинг компанија ОТМТ, која се занимава со телекомуникации, ќе го финансира градењето на хотелот во рамките на договорот вреден 400 милиони долари за купување на лиценца за мобилна телефонија која ја доби во 2008 година.

Компанијата со седиште во Каиро веќе вложи 180 милиони долари во довршување на хотелската фасада.

Витвер (64), швајцарски хотелиер, рече дека Севернокорејците го контактирале уште пред десет години. Прв му се обратил Ри Чол, тогашен амбасадор на Северна Кореја при ОН и ментор на поранешниот лидер Ким Јонг Ун.

Ри барал нов инвеститор за хотел од моментот кога градењето е прекинато во 1993 година поради недостиг на финансиски средства и лошото водење на целата работа, рече Витвер.

Риугионг со 330,02 метри ќе биде највисокиот хотел во светот, се наведува во податоците на компанијата „Емпорис“ која собира податоци за зградите од голема јавна или економска вредност.


Статијата е прочитана 829 пати.

Испрати коментар



Краткиот филм „Шумарот“ ја освои Норвешка
„ХТЦ Виндоус фон 8Х“ во салоните на „Вип“
Филмот за Мајкл Џексон доаѓа во Скопје
Се продава масата на која е напишан романот „Дракула“
Борјан Цанев настапува со Софиската филхармонија
Концерт на Македонската филхармонија со Марсел Калифе
Почвата на Марс слична со почвата на Хаваите

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 7°C

Ведро

Сабота
Делумно облачно
Макс: 19°C, Мин: 6°C

Недела
Делумно облачно
Макс: 20°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (42)
Титовата шлаканица ја открива тајната. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Кога Менхетен се врати во камена доба
По најмногу еден ден без греење и струја, без вода за туширање и да се пушти вода во тоалетот, Њујорк не е воопшто забав...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |