01.11.2012, 16:25 Босилков веќе не е претседател на МЗТ
Нецели десет дена по оставката на сега екстренерот Александар Тодоров, МЗТ Скопје остана без уште едно име со кое овој тим минатата година по долго време успеа да ги обедини двете домашни титули и да го запише историскиот успех.
Сосема неочекувано претседателот Сашо Босилков одлучи да поднесе оставка на оваа функција. Причина за неговото заминување од таборот на македонскиот шампион во време кога тој маки мачи со настапите во АБА- лигата, е неговата преголема зафатеност на работното време.
Засега останува непознато кој ќе го наследи неговото место, одлуката за новото име наскоро ќе ја донесе Бордот на директори. Инаку, Босилков нема целосно да крене раце од МЗТ Скопје, можно негово останување во тимот, но како на друга функција. (М.К.)
|