03.11.2012, 12:32 Меси му посака добродојде на синот Тијаго
„Денес јас сум најсреќнот човек на светот и му благодарам на Господ за овој подарок“, напиша најдобриот светски дудбалер на својот Фејсбук профил
Денес јас сум најсреќниот човек во светот, ми се роди син и му благодарам на Господ за овој подарок, напиша Лео Меси на неговиот Фејсбук профил откако неговата девојка роди момче кое ќе го носи името Тиаго.
Суперѕвездата на Барселона им се заблагодари на сите за честитките и на семејството за поддршката.
- Ве сакам сите, напиша уште најсреќниот татко.
Неговата порака на шпански и англиски јазик им се допаѓа на над 400.000 негови обожаватели на Фејсбук и е поделена на над 14.000 профили.
Аргентинецот доби дозвола од тренерот Тито Виланова да не тренира вчера, за да биде до Антонела во овој важен момент. Тренерот сепак планира да го стави во игра среќниот татко на денешниот натпревар против Селта Виго.
|